Заев: Зад нас e периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините

Зад нас останува периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините и сите показатели и динамиката на пристигање на вакцините во претстојнииот период најавуваат дека во тој поглед имаме сериозни промени на подобро. 

Сепак и во такви услови солидарноста на ЕУ за нејзините земји членки, како и за земјите кандидати за членство во Унијата не изостана.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој денеска е во Скопје во рамки на неговата балканска турнеја по повод пристигнувањето на првите вакцини против Ковид-19, споделени и финансирани од ЕУ. Станува збор за првите количини од одобрените вкупно 119.213 дози Фајзер кои ЕУ ги обезбедува како помош за Македонија преку трилатералните договори во рамките на програмата „Тим Јуроп".

-Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан што ја координира Австрија пристигна првата испорака од 4.850 дози од вкупно 19.890 што се предвидени да бидат испорачани во месец мај. Дополнително денес добиавме и 4.850 дози набавени врз основа на директен договор склучен со овој производител со Фајзер. Со редовните месечни количини вкупните 119.213 фајзер вакцини од оваа програма ќе бидат целосно испорачани до крајот на август. Со овие вакцини заедно со целата останата количина што веќе ја имаме во нашата земја, како и со сите останати договорени да пристигнат во нашата земја во наредниот период, па се до крајот на годината влегуваме почнувајќи од денеска во широка и обемна имунизација на севкупното население во земјата, рече Заев.

Тој очекува вкацинирањето да тече без престан, бидејќи обезбедени се ефикасни и безбедни вакцини и аперлираше до сите граѓани да се пријават на вакцинација.мк. за да добиете термин за вакцинирање.

-На овој начин со заинтересираност на населението се обезбедени вакцини и со добро организиран систем на вакцинацијата очекуваме да се промени целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла и полека да влеземе во постигнување на колективен имунитет. Се разбира овие охрабрувачки процеси не треба да влијаат, да попушти вниманието и претпазливоста. Паралелено со масовната вакцинација да продолжиме со примена на мерките за лична заштита се додека епидемиолозите и ИЈЗ не донесат други препораки, посочи Заев.

Владата и МЗ, додаде тој, веќе го иницираа формирањето на дополнителни регионални вакцинални пункотви за масовна вакцинација против Ковид 19 во Битола Охрхид, Штип, Кавадарци,Тетово и Куманово, а многу бргу такви пунктови, рече ќе бидат отворени и во Велес и Прилеп.

Во однос на солидарноста на ЕУ и земјите членки премиерот Заев потсети дека 9 милиони евра од ЕУ беа издвоени за асистенција на здравствениот сектор со коишто се обезбедија 25 респиратори, преку 35.000 единици специјализирана медицинска опрема и над 1,6 милиони парчиња опрема за лична заштита. Од програмата на ЕУ од фондовите на ЕУ беа издвоени, додаде, 40 милиои евра за поддршка на 2.500 микро и мали компании со што беа сочувани повеќе од 2.100 работни места. 24 милиони евра пристигна поддршка на програмите за економски раст и за намалување на младинскта невработеност за над 7.000 млади луѓе на кои им беа понудени програми за предквалификација за да бидат конкурентни на пазарот на трудот во оваа времена пандемија.

ЕУ, посочи Заев, обезбеди финансиска поддршка во висина од 160 милиони евра за макрофинансиска асистенција на буџетот кои беа лоцирани во различни мерки со економските пакети за поддршка на стопанството за справување со социоекономските последици од пандемијата со Ковоид 19.

-Пандемијата не соочи со големи предизвици, но денес донесе и нешто позитивно. Начинот на справување со заразата покажа дека споделуваме иста политичка култура и пракса и го истакна и високото ниво на социоекономската взаемна врска помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан кои имаат силна и непоколеблива намера еден ден да бидат рамноправни членки на ЕУ, порача Заев на прес конференцијата на која присуствуваа и австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер и министерот за здравство Венко Филипче, на вакциналниот пункт во А1 СЦ Борис Трајковски.

Дневен хороскоп за 20. април 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 20. април 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Оние кои се на удар на различни додворувачи , денеска ќе бидат малку под нивно влијание. Оние во врска ќе се чувствуваат добро.

Кариера

Зацртајте го минимумот што треба да го одработите и држете се до тоа. Се друго е добивка.

Здравје и совет

Дишите со полни гради.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Истражувањето на сопственото незадоволство не е начин да ги подобрите односите , ако притоа не понудите и некои конкретни решенија.

Кариера

Ќе ви треба добра доза на самоконтрола да се откажете од искушението за да напуштите некои деловни планови.

Здравје и совет

Поработете на себеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачи. Тоа ќе биде позитивен чекор и олеснување.

Кариера

Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено .

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Рак 22.6. -22.7.

Љубов

Ако сте во отуѓена и воинствена фаза со другата страна , денеска кон се че пристапите полежерно , а ќе постои и одредена блискост.

Кариера

Многумина денеска ќе мора да бидат услужливи кон своите соработници , но тоа нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работното место.

Здравје и совет

Пад на имунитетот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои ќе размислуваат за промени во односот со саканата личност , но подобро е ништо да не заклучуваат или да одлучуваат.

Кариера

Сега ви е веќе сосема јасно дека не ги држите сите конци во свои раце , но тоа не ве загрижува колку прашањето до кога ова ќе трае.

Здравје и совет

Бидете пореални.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои ќе се подготвуваат за голем говор во своите глави . Не го изразувајте се уште она што го мислите, но можете да го подготвите.

Кариера

Пред вас се нови можности , но за да се впуштите , ќе треба првин да решите една заостаната работа.

Здравје и совет

Никогаш не е готово.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.

Кариера

Добро ќе соработувате со сите , а најдобро со помладите соработници или со деца. Тоа ќе ви биде уживање.

Здравје и совет

Можете да ги решите недоразбирањата.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Нема да се збуните , ако другата страна малку ве испровоцира. Напротив , тоа ќе го искористите уште повеќе да ја зацврстите врската.

Кариера

На некои ќе им изгледа како се да им е однапред зацртано , па немаат многу простор за маневрирање.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Се што имате , би сакале да споделите со другата страна , освен амлите семејсни недоразбирања и грижи што денеска се појавуваат.

Кариера

Веројатно ќе се најдете веднаш до значајни вложувачи во вашата работа , но работите нема да бидат дефинирани ниту готови.

Здравје и совет

Прошетајте на воздух.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , бидете доследни.

Кариера

Можеби ќе ппсакате сите да ве остават на мир , за да го одработите со концентрација својот дел од работата. Ќе ви појде од рака.

Здравје и совет

Опуштете се во слободното време.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Весела дружба , провод и забава денеска ќе ви се мешаат со интуитивните видувања , со што лесно ќе читате меѓу редови.

Кариера

Веројатно ќе добиете меил , порака или повик во врска со еден деловен проблем , што не е мал , но сега може да се реши.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можен е повик на личност од вашето семејство , што ќе ги засени вашите љубовни случувања или ќе ве оддалечи накусо од партнерот.

Кариера

Ако имате проблем како да го сработите она што требате , сетете се на вашите стручни знаења и бргу ќе дојдете до решение.

Здравје и совет

Наспијте се.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

притисни ентер