Заев за Канал 5: Не гледам потреба од лидерска средба за Бугарија, Мицкоски нема став

Кратко траеа надежите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за нова лидерска средба која би се фокусирала на односите со Бугарија. 

Премиерот Заев експресно го одби барањето на Мицкоски, со образложение дека не гледа никаква потреба за такво нешто. Заев за Канал 5 вели дека македонскиот јазик и идентитет, меѓународно признаени и потврдени од целиот свет. Додека пак за темите кои произлегуваат од договорот, вели дека земјава има волја да ги решава преку комисиите кои имаат надлежност за тоа.

-Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање. Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ – вели Заев, во изјава за Канал 5.

Дел од аналитичарите, оценуваат дека ваквиот исход на иницијативата која дојде од ВМРО-ДПМНЕ е оечкуван, бидејќи се уште е рано залидерска на оваа тема, бидејќи нема конкретен предлог од ниту една страна.

По изјавите од официјална Софија дека Берлин врши притисок за Македонија да ги започне преговорите со Унијата до крајот на годинава, поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов вели дека германската дипломатија не врши притисок, туку само ја потсетува Бугарија дека и таа во март се согласи Македонија беусловно да ги почне преговорите..

Мешовитата комисија за историски прашања според најавите треба да има уште една средба годинава, кон крајот на номеври или почетокот на декември, но дотогаш веќе ќе биде познато дали Бугарија ќе ги оствари заканите за вето.. Клучен се очекува да биде исходот од средбата на премиерите Заев и Борисов најавена за следните недели..

Осум лица приведени, повредени седум полицајци во протестот за „Монструм"

Осум лица се приведени и се уште се работи на случајот, а повредени се седум полицајци во денешниот протест за „Монструм", потврдија за МИА од МВР.

Организаторите, откако ги испорачаа своите барања во врска со „Монструм", но и за други судски случаи и откако дел од демонстрантите фрлаа со камења и други предмети кон полициајците, го прогласија протестот за завршен.

Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо.

Во своите изјави организаторите бараа меѓународни експерти да ги преиспитаат случаите „Монструм", „Алмир", „Алфа", „Харун Алиу", „Бродец" и други, а некои од нив побараа од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да ја напушти Владата.

– Бидејќи ниту една Влада не презема ништо во врска со овие прашања, ни останува само да им се обратиме на меѓународните институции, порачаа учесниците на протестот.

Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, ги повика учесниците во протестите на смиреност и вети дека ќе преземат се што можат како пратеници „да биде задоволена правдата во овие случаи". Поранешниот потпретседател на Собранието, Хисни Шаќири, исто така, побара од учесниците во протестот да бидат смирени.

Протестот беше организиран поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм" по изрекување доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири, обвинети за петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Сами Лута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.

Бајден: Никогаш нема да ја прифатиме руската анексија на Крим

Американскиот претседател Џо Бајден денеска рече дека неговата земја „никогаш“ нема да ја прифати руската анексија на полуостровот Крим во Украина, во изјавата објавена по повод седмата годишнина од настанот.

„Соединетите држави никогаш нема да ја прифатат наводната анексија на полуостровот и ние ќе бидеме со Украина и против агресивните активности на Русија“, рече Бајден.

"Соединетите држави ќе продолжат да бидат со Украина и со сегашните сојузници и партнери, како што е тоа од почетокот на тој конфликт. На оваа тажна годишнина, ние ја повторуваме чистата вистина: Крим е Украина", додаде тој.

Во судирот меѓу борците поддржани од Русија и украинските војници загинаа 13.000 луѓе од 2014 година, кога Русија го анектира Крим како нејзината територија и проруските сили во источна Украина се побунија против Киев.

Лидерите на ЕУ решиле да се воведат ковид-пасоши, не се знае дали ќе бидат готови до летово

Треба да се засили кампањата за вакцинација против коронавирус во Европската унија.

Производните капацитети треба да се прошират во соработка со главните производители на вакцини. ЕУ исто така сака финансиски да го поддржи развојот на вакцини кои би биле ефикасни против мутираните вируси и да ја одобри нивната употреба што е можно побрзо. „Ова има најголем приоритет за нас“, рече претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, пренесува Дојче веле.

„Треба да го подобриме пристапот до производство на вакцини“, рече белгискиот премиер Александар де Кру. „Побрзиот пристап до повеќе вакцини е клучен за да се заштитат луѓето и да се вратиме во нормален живот.

Во седум земји на ЕУ, бројот на заразени повторно се зголемува, и покрај различните мерки за заклучување, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во 20 други земји-членки на ЕУ, тој број се намалува или стагнира. Со оглед на мошне заразните мутации на вирусот, канцеларката Ангела Меркел зборувала за „третиот корона бран во кој веќе се наоѓаме“.

На видео конференција одржана вчера, шефовите на држави и влади на Европската унија ги одобрија предлозите на Европската комисија за подобро снабдување со вакцини. ЕУ ја поддржува изградбата на нова фабрика за вакцини во Марбург, што ќе произведува околу милијарда дози годишно. Европската комисија сака да ја води борбата против пандемијата во иднина со помош на новата институција за „здравствени итни случаи“ наречена Хера. Земјите-членки се согласиле да го засилат редоследот и да бараат нови варијанти на вирусот за побрзо да се најдат потенцијално опасните мутанти.

Паралелно со Конференцијата на шефовите на држави и влади на 27 земји-членки на ЕУ, шефовите на шесте најголеми производители на вакцини во Европската унија биле сослушани пред Европскиот парламент во Брисел. Тие ветиле дека ќе сторат се што е во нивна моќ за брзо да ги испорачаат ветените дози на вакцини. Покрај тоа, тие сакаат целосно да соработуваат во развојот на вакцини прилагодени на новите, мутирани варијанти на вирусот. Тоа го изјавил извршниот директор на АстраЗенека, Паскал Соиро, кој бил сериозно критикуван од ЕУ за неговиот начин на деловно работење.

Во принцип, шефовите на влади на ЕУ одлучиле да се формира единствен здравствен пасош, односно лиценца, што ќе им овозможи на вакцинираните лица одредени слободи, како што се патувања или учество на конференции и културни настани. Сè уште не е донесена „политичка одлука“ што точно може да се направи со потврдата за вакцинација, рече канцеларката Ангела Меркел на прес-конференцијата во Берлин. „Јас не сум програмер“, рече Меркел на прашањето на ДВ дали таков електронски сертификат или пасош за вакцинација против ковид треба да биде достапен пред летните одмори. „Но, тоа сигурно ќе биде достапно во догледна иднина“, додаде канцеларката. Само производството на национални КОВИД пасоши, што потоа треба да се спојат во заеднички здравствен пасош на ЕУ, ќе трае три месеци.

Покрај нејзините колеги од Грција, Кипар и Шпанија, за медицински пасош се залага и австрискиот канцелар Себастијан Курц. Пред конференцијата, Курц изјавил дека „зелениот пасош“ ќе биде соодветен за луѓето кои биле вакцинирани или се опоравиле од короната, како и дека тоа ќе овозможи „парче слобода“, но и „регулиран европски пат кон нормалноста“ "

„Но, тоа не значи дека само вакцинираните можат да патуваат “, рече канцеларката Меркел.

Прекуграничниот сообраќај во рамките на ЕУ исто така може да се одвива непречено. Сепак, може да бидат потребни тестови за КОВИД при влегување во земја-членка на ЕУ. Во принцип, оставено е на земјите-членки да одлучат како во иднина сакаат да ги користат здравствените пасоши што содржат сертификати за вакцинација. „Пасошот КОВИД е политички неутрален“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Претседателот на Претставничкиот дом на демохристијаните во Европскиот парламент, Манфред Вебер (ЦСУ), ги повика шефовите на држави и влади да побрзаат. Би било „бирократски кошмар“ кога на вакцинираните лица последователно ќе треба да им се издаваат КОВИД пасоши, изјави Вебер за ДВ.

Францускиот претседател Емануел Макрон го повтори својот предлог дозите на вакцини, купени од ЕУ, да бидат донирани во сиромашните африкански земји. Макрон спомена бројка од пет проценти. Канцеларката Ангела Меркел го поздрави предлогот на Макрон, но додаде дека се уште не е утврден моментот кога тоа треба да започне.

Денеска, првите вакцини, купени преку иницијативата на ООН Ковакс, се доставуваат до Гана и Брегот на Слоновата Коска. Вакцинацијата треба да започне следната недела. "Ова е глобална епидемија, сите треба да бидат вакцинирани. Никој не е безбеден, ако не секој е безбеден", рече претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

Канцеларката Меркел јасно стави до знаење дека границите со Франција не треба да бидат затворени до ново известување. „Граничните контроли не се на дневен ред“, нагласи канцеларката. Иако во Франција е во сила полициски час и иако Французите вовеле засилени тестови на границата со Сар, сепак треба да биде можно движење на стоки и луѓе што ја преминуваат границата. Граничните контроли со Тирол и Чешка - „области со мутирани вируси“ - остануваат на сила.

притисни ентер