Заев за Франс Прес: Секое прашање за македонскиот идентитет е „црвена линија“

Секое доведување на македонскиот идентитет во прашање е „црвена линија“, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Франс Прес во кое исто така истакнува дека ветото од Бугарија било непријатно изненадување. 

Бугарската блокада за влез на Македонија во ЕУ е спротивна на вредностите на Унијата и предизвика многу горчина кај нас, вели во интервју за Франс прес премиерот Зоран Заев. Потегот на официјална Софија да го блокира усвојувањето на преговарачката рамка која води кон одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Скопје и Брисел, според Заев претставува непријатно изненадување, а секое прашање поврзано со македонскиот идентитет е црвена линија.

,,Тоа е прашање на самоопределување, што е во срцето на европскиот проект. Постои апсурдност во целиот проблем.

Отворените историски прашања, Заев верува дека треба да се остават во надлежност на историчарите нотирајќи дека е постигнат напредок за одредени теми. Потсетувајќи дека земјава веќе се соочила со блокада на евроинтеграциите од грчка страна како последица на што е постигнат како што вели тешкиот договор со Атина во 2018 година, Заев додава

,,Покажавме колку веруваме во европските вредности. И сега, кога Европа требаше да ги покаже своите европски вредности – тие не го направија тоа.

Во меѓувреме продолжуваат дебатите и во бугарската јавност околу позициите на тамошната влада и како на нив гледа Европа. Заменик – директорката на Европскиот совет за надворешна политика Весела Чернева во интервју за БТВ, вели дека Бугарија ги загубила симпатиите во очите на регионот со ветото на Македонија.

,,Можеме да ги погледнеме западните медиуми и општото мислење во Европа, не е точно дека не не разбираат, во многу случаи се однесуваат навистина со разочарување дури и со потсмев. И во моментов ние изгледаме како држава која ги загуби симпатиите на соседите, тука станува збор не само за С. Македонија, туку на целиот Балкан. Не посочија со прст затоа што го спречивме проширувањето. Ние не само што ја спречивме С. Македонија, треба да сме на чисто дека во моментов ние ставивме рампа на целиот процес. Тој процес не може да продолжи без да го отстрани своето вето и тоа треба да е јасно.

Чернева повторувајќи ги барањата на Бугарија, е оптимист дека власта ќе се врати како што вели на здравиот разум. Во меѓувреме продолжуваат полемиките и на домашен терен.

Уште една шанса до крај на годинава Македонија да ги започне преговорите за членство ЕУ има на 8 декември, за кога е закажан Советот за општи работи но се уште е неизвесно дали преговарачката рамка за земјава ќе се најде на агендата.

Мицкоски - Кундурос: Власта ја внесе Македонија во здравствена и економска катастрофа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со грчкиот амбасадор во Македонија, Русос Кундурос, се наведува во партиското соопштение..

На средбата се разговараше за актуелните во случувања во Македонија, како и членството на Македонија во Европската Унија.

Мицкоски ги реафирмираше позициите за членство во ЕУ и истакна дека Македонија е премногу долго надвор од европскиот пат.

Во однос на економската и здравствена состојба, Мицкоски посочи дека со оваа власт на земја и се случува катастрофа. Државата оди кон економски пропаст, граѓаните стануваат се посиромашни, а помошта која ја нуди власта е недоволна и не е соодветна на потребите и проблемите кои ги имаат граѓаните и бизнисите. Додаде дека бројните афери кои секојдневно излегуваат докажуваат дека власта е високо корумпирана и длабоко вмешана во криминал.

Мицкоски потенцираше и дека владата не успеа доволно и навреме да ги заштити граѓаните за време на пандемијата, премногу се доцни со набавката на вакцини, а власта кога имаше можност да ги набави навреме, гледаше можност како да заработи од провизии, со што граѓаните останаа незаштитени, а нивните животи загрозени.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше и дека е потребно почитување на принципиелните ставови за идентитетските обележја и придобивки кои ги промовира и самата Европската Унија.

Сопругата на претседателот учествуваше во проектот „Волонтираме за солидарно општество"

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб –учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети за најранливите категории кои се во социјален ризик.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб –учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети со прехрамбени производи, средства за лична хигиена и за одржување на домаќинствата наменети за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот, активноста е во рамки на проектот „Волонтираме за солидарно општество" што е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а се реализираше заедно со здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност", со здружението за хумано-општествен развој – Проект Среќа и со волонтери од партнерски организации.

Пакетите, во соработка со здруженијата, ќе бидат распределени на семејства во социјален ризик чијашто состојба е отежната поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, а дел од нив ќе бидат распределени и во пресрет на празникот Рамазан Бајрам.

Кабинетот на претседателот ги повикува и останатите општествено одговорни компании да се вклучат со свој придонес, со цел во овие тешки денови да им помогнеме на ранливите категории на граѓани, на оние на коишто најмногу им треба поддршка.

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со настап на SLOVAKIA RING

AKK Рено Спорт најавува уште еден возбудлив викенд заедно со LEMA Racing

Интернационалните настапи на македонските возачи во Twingo Cup продолжуваат викендов со настап на патеката Slovakia Ring во Словачка.

Таму ќе се вози втората трка од Twingo Eurocup бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија. Пријавени се вкупно 27 возила, од кои осум Македонци: Ненад Костовски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

Преносот на натпреварите ќе се емитува на Канал 5 Телевизија во следните термини:

08.05.2021 (Сабота) Прва трка - 16:10 часот

09.05.2021 (Недела) Втора трка - 10:50 часот

Оваа втора сезона покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во: Серес - Грција (Јуни), Гробник - Хрватска (Јули) Red bull Ring – Австрија (Септември) и финална трка за заокружување на сезоната повторно во Серес - Грција (Ноември) CEZ во организација на АКК Рено Спорт Скопје.

Голема благодарност до нашите поддржувачи: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат да трките се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски стази.

притисни ентер