Заев во пресрет на утрешниот Самит: Соработката е од голема важност на патот кон ЕУ

Верувам дека утрешниот ден ќе биде уште една потврда за важноста од соработката и солидарноста за Западен Балкан на патот кон ЕУ,напиша вечерва премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил во пресрет на Самитот што го организира лондонски „Еконoмист“

Тој очекува плодни дискусии од кои ќе произлезат квалитетни заклучоци кои понатаму, како што наведува, ќе бидат имплементирани.

-Со особена чест и задоволство им посакав добредојде на учесниците на Самитот на Западен Балкан во организација на лондонски „Економист". Верувам дека утрешниот ден ќе биде уште една потврда за важноста од соработката и солидарноста за Западен Балкан на патот кон Европската Унија. Сите политики кои ги градиме се со цел – подобар животен стандард, предвидлив деловен амбиент за нови инвестиции и развој на пазарната економија. На утрешниот Самит, верувам дека ќе имаме плодни дискусии од кои ќе произлезат квалитетни заклучоци кои понатаму ќе бидат имплементирани, пишува премиерот.

Според него, развиен приватен сектор, развиени економии се клучот за успех и за земјите од Западен Балкан.

-Во таа насока, нашата заедничка соработка е од голема важност и на патот кон ЕУ. Да градиме мостови, да ги поврзуваме нашите народи и да веруваме со просперитетна иднина, наведува Заев.

Тринаесетгодишно куче пронајдено во пештера по два месеци потрага

Според експертите, според неговата возраст, изненадувачки е како кучето преживеало бидејќи било во темница на температура од 14 степени Целзиусови.

Џеф Бонерт го пронашол своето куче Аби, по два месеци потрага, во пештера недалеку од нивниот семеен дом во Мисури.

Тринаесетгодишното куче побегнало од дома на 9 јуни, по што семејството Бонерт постојано го барало. Џеф се откажал од потрагата кога му се јавил соседот кој му рекол дека луѓето кои истражувале блиска пештера пронашле куче и се посомневале дека е негово.

- Во пештерата најдоа куче. Можеби тоа би можело да биде Аби - стоело во пораката што ја добил од соседот.

Бенерт се сомневал во тоа, но бил љубопитен и отишол во пештера во близина на неговата куќа.

Кога ја видел сликата што му ја покажал еден од спасувачите, не можел да поверува.

- Им реков дека тоа е моето куче - изјави Боенрт за АП.

Средбата ја фотографирала неговата сопруга, а интересен е и податокот дека само неколку недели пред кучето да наполни 14 години. Според експертите, според неговата возраст, изненадувачки е како кучето преживеало бидејќи било во темница на температура од 14 степени Целзиусови.

Масивен хакерски напад врз естонската влада откако отстрани советски споменик

Канцелариите и компаниите на естонската влада беа погодени од бран сајбер напади што започнаа веднаш по отстранувањето на советски споменик во земјата.

Во средата, Естонија беше изложена на „најобемниот сајбер напад од 2007 година“, објави во четврток на Твитер државниот секретар за ИТ инфраструктура Лукас Кристјан Илвес.

Сепак, тој рече дека нападите биле „неефикасни“ и поминале „во голема мера незабележани“. Руската хакерска група „Killnet“, наводно, ја презеде одговорноста за нападите. „Дигитална Естонија работи многу“, напиша Илвес, бидејќи земјата која така се нарекува самата себе се гледа како пионир на дигитализацијата во Европа.

Граѓаните на Естонија, со население од околу 1,3 милиони луѓе, можат да ги направат речиси сите административни процедури онлајн. Во вторникот, Естонија отстрани советски тенк споменик во близина на естонско-рускиот пограничен град Нарве и го префрли во музеј. Големо руско малцинство живее во балтичката држава, пренесе Индекс.хр.

Салах обновува црква во Каиро: Донираше 150.000 евра за храмот во кој загинаа 41 лице

Минатиот викенд, најмалку 41 лице, меѓу кои најмалку десет деца, загинаа во пожар во коптска црква во Каиро.

Десетици луѓе беа повредени.

Еден од оние кои први дојдоа на помош со парична донација е Мохамед Салах, најдобриот египетски фудбалер. Напаѓачот на Ливерпул донираше 150.000 евра за реконструкција на опожарената црква Абу Сефеин.

Во пожарот изгоре црквата Абу Сефеин, која се наоѓа во густо населениот кварт Имбаба. Итната помош соопшти дека успеале да го изгаснат пожарот, кој избувнал за време на утринската литургија.

Нејзината причина се уште не е позната. Полицијата претходно соопшти дека првичната истрага констатирала дека пожарот можел да настанал од краток спој.

Коптските христијани сочинуваат околу 10 отсто од претежно муслиманското население во Египет.

Извор: Курур спорт

притисни ентер