Заев во Брисел по објаснување за евроинтеграцијата на Македонија - Канал 5

Заев во Брисел по објаснување за евроинтеграцијата на Македонија

Вархеји, минатата недела, прво при посетата на Скопје, а потоа и во изјава за „Еуроњуз" кажа дека е можно Брисел да ги отвори пристапните преговори само со Албанија.

Заев во Брисел по објаснување за евроинтеграцијата на Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска во седиштето на ЕУ во Брисел ќе има средби со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел, со извршниот потпретседател на ЕК Франс Тимерманс и со еврокомесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

На средбите на Заев со високите европски претставници на кои ќе биде придружуван од вицепремиерот Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, се очекува да се разговара за пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија, за бугарското вето, но и за последните изјави на еврокомесарот Вархеји дека е можно раздвојување на Скопје и Тирана на европскиот пат.

Вархеји, минатата недела, прво при посетата на Скопје, а потоа и во изјава за „Еуроњуз" кажа дека е можно Брисел да ги отвори пристапните преговори само со Албанија, доколку остане бугарското вето и не се најде заедничко прифатливо решение меѓу Македонија и Бугарија. Вархеји беше демантиран од високи функционери на Германија и на Словачка, кои рекоа дека во ЕУ не се подготвува раздвојување на Македонија и Албанија. Берлин, Братислава, но и Виена и некои други членки на ЕУ се децидни Скопје и Тирана заедно да ги почнат преговорите.

Премиерот Заев пред заминувањето за Брисел порача дека очекува ЕУ да ги потврди европските вредности и да го испорача тоа што го вети за спроведените реформи во Македонија. Во изјава за „Еуроњуз" вели дека дека кандидатурата на Македонија е тест за кредибилитетот на Европската унија на Западен Балкан, за тоа дали ЕУ ќе ги одржи ветувањата.

Во интервју за „Катимерини", пак, во контекст на бугарската блокада, Заев нагласи дека за Македонија, за македонскиот народ, неприфатлива е каква било интервенција во македонскиот идентитет.

-Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух, бидејќи треба заедно да градиме иднина. За Македонија, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја, било каква интервенција во македонскиот идентитет е неприфатлива. Процесот трае веќе подолго време, не сакаме да запреме и нема да запреме, но нема да ги ставиме во опасност нашето достоинство и нашиот идентитет. Верувам дека ќе најдеме заеднички решенија со Бугарија и ќе изградиме квалитетна иднина за нас и за идните генерации, објаснува премиерот, потенцирајќи дека минатото не треба да се заборави, но „треба да се градат мостови на соработка меѓу сите балкански земји, бидејќи тоа е единствениот пат што води до успех", рече Заев.

Вицепремиерот Димитров, вчера на одбележувањето на Денот на Евтропа со евроамбасадорото Дејвид Гир во Скопје, кажа дека очекува денеска во Брисел да го слушнат ставот на Европската комисија

– Очигледно е дека огромно мнозинство земји членки сакаат годинава што е можно побрзо да поченеме прговори и ние и Албанија. Моето разбирање е дека тоа е ставот и на ЕК, која впрочем тоа и го препорача во својот извештај и пакет за проширување од октомври минатата година. Македонија ги исполни сите услови и се што требаше да стори на линија на европските принципи. Почетокот на преговорите е апсолутно заслужена работа. Македонската приказна е тест дали на ЕУ можеме да и веруваме во однос на целиот Балкан. Од Македонија доаѓа надеж и токму затоа, одлуките што ќе се прекршат околу нас ќе имаат рефлексија врз целиот регион, порача Димитров.

Евроамбасадорот Гир посочи дека позицијата на ЕК е апсолутно јасна – од самиот почеток Комисијата сака да види одржување на првите меѓувладини конференции и со Македонија и со Албанија, што е можно побргу.

Во однос на спорот со Бугарија, испрати порака дека ЕУ дава поддршка да се најде прифатливо решение.

-Европската унија ги охрабрува и двете страни да дојде до заемно прифатливо решение. Што се однесува на прашањето на одвојување на Македонија од Албанија, тоа беше покренато при посетата на комесарот Вархеји. Тој повторно рече дека Европската комисја работи на тоа да се закаже меѓувладина конференција со двете земји – со Македонија и Албанија. Меѓутоа, тој рече дека се уште не сме дојдени до таму и до тој момент. Се разбира, одвојувањето е исто така прашање со кое треба да се занимава Советот на ЕУ. И, се разбира, тука се и 27-те земји членки кои го адресираат тоа прашање, изјави Гир.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, во саботата, во пресрет на Денот на Европа, изјави оти не мисли дека Македонија и Албанија ќе бидат раздвоени на патот кон ЕУ, оти тоа е погрешна дебата, како и дека не треба да се откажеме од можноста да се одржи меѓувладината конференција во јуни и да почнеме со разговори и со евентуална техничка влада во Бугарија за да се изнајде техничко решение, за што веќе има политичка одлука.

Шефот на дипломатијата порача дека Македонија ги исполнила критериумите за почеток на преговори, дека дури и ги надминала, така што сега е ред на Европската унија да го исполни тоа што го вети.

За датум и преговори веднаш, без условувања и чепкање во националниот идентитет, вчера се заложи и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски. Побара од членките на ЕУ тоа да се случи уште на јунскиот европски самит, а паралелно да течат разговорите со источниот сосед.

Според најавата од владината прес-служба, премиерот Заев за време на денешната посета на Брисел ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.

Серијата разговори ги почна синоќа со средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина. Двајцата се согласиле дека Македонија го одработи својот дел од обврските и оти е време ЕУ да испорача, без одложување, бидејќи секоја поинаква одлука ќе го наруши кредибилитетот на Унијата пред целиот Западен Балкан.

Предвидени се средби и со европарламентарците Дачиан Чолос, претседавач на групата Europe Renew и со Илхан Ќучук, известител на ЕП за Македонија.

Од Брисел, премиерот Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе отпатува за Мадрид, а потоа за Атина. /МИА

МНР: Македонските државјани веќе се наоѓаат на територија на Египет и се на безбедно

Според извори од Министерството за надворешни работи, македонските државјани кои беа предмет на евакуација веќе се наоѓаат на територија на Египет и се на безбедно.

МНР: Македонските државјани веќе се наоѓаат на територија на  Египет и се на безбедно

Истите извори информираат дека за нив е обезбедено сместување во хотел, додека се завршуваат административните и логистички подготовки за враќање во земјава.

Се очекува репатријацијата да се реализира во текот на денешниот ден или најдоцна утре, со владиниот авион.

Трамп: Сакам вистински крај, а не прекин на огнот меѓу Израел и Иран

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се стреми кон „вистински крај“ на конфликтот меѓу Израел и Иран, а не само кон прекин на огнот.

Трамп: Сакам вистински крај, а не прекин на огнот меѓу Израел и Иран

- Не се залагаме за прекин на огнот, туку за нешто подобро од прекин на огнот, изјави Трамп пред новинарите откако се врати во САД од самитот на Г7 во Канада.

Тој нагласи дека сака „крај, вистински крај, а не прекин на огнот“, додавајќи дека посакува Иран да направи „целосно откажување“ од своите позиции.

Трамп исто така објави на „Трут соушл“ дека не се обратил на Иран со каков било предлог за мировни разговори, додавајќи дека Техеран „требаше да ја прифати понудата што беше на маса“.

Во врска со потенцијални ирански напади врз американските интереси во регионот, тој најави жесток одговор. - Тогаш ракавиците се симнати… Мислам дека знаат дека не треба да ги допираат нашите трупи .Ќе реагираме жестоко доколку направат нешто против нашите луѓе, потенцираше Трамп.

Говорејќи пред новинарите во авионот Ер форс уан, Трамп најави дека можно е да ги испрати американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и специјалниот претставник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, на средби со ирански претставници.

- Тоа зависи од развојот на настаните по моето враќање, додаде Трамп.

Дополнително, Трамп ја повтори својата позиција дека Иран „не смее да поседува нуклеарно оружје“.

Мицкоски: Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули

Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, а до крајот на месецов и експресната делница Дреново-Фариш, најави денеска премиерот Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека.

Мицкоски: Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули

На новинарско прашање при денешната посета на Битола Мицкоски рече дека реализацијата на четирите автопати во изградба (Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово и Прилеп Битола) во должина од 150 километри, во првите четири месеци од годинава споредено со минатата година е четирипати поголема, истакнувајќи дека очекува да биде осумпати поголема во вториот и во третиот квартал.

- Во делот на автопатот Кичево-Охрид очекувам на почетокот на јули, ќе доциме две недели од она што го кажавме пред една годинаа, можеби можевме да го завршиме порано 10-ина дена. Таму секој ден на терен се и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и министерот за да ја стигнеме динамиката некаде до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид со исклучок на делот кај Ботун, четири-пет километри каде има свлечиште кое треба да се санира. Значи, ќе бидат ставени во функција 40-ина километри. Исто така, тука имаме доценења во делот на проектирањето на свлечиштата што треба да се санираат, но мислам дека успеавме да ги мотивираме компаниите да го фатат рокот и патот целосно да го пуштиме до крајот на 2026, почетокот на 2027 година, изјави Мицкоски.

На автопатот Прилеп-Битола најави дека до крајот на месецов ќе бидат завршени имотно-правните работи на над 80 проценти од трасата, таму се заокружени истрагите поврзани со пронаѓање на експлозивни направи. - Важно е што се следи, рокот се забрза за разлика од состојбата од пред една година кога беше до никаде, сега веќе е отворен фронт од 20-ина километри. Се работи и ќе биде испочитуван рокот кој е дел од Договорот, рече Мицкоски.

Според него, отворен е поголем фронт за работа и на автопатот Гостивар-Букојчани, каде веќе се готови носачите од Гостивар кон Стража, а во најголем дел е пробиена трасата. Работите одат во една солидна динамика, а надмината е пречката со ноѓалиштата од античко време, така што, додаде, очекувам и тука да имаме исклучително голема рализација. -Во првите четири месеци од годинава реализацијата на автопатите споредено со минатата година е четирипати поголема, а очекувам да биде осумпати поголема во вториот и во третиот квартал, посочи премиерот Мицкоски.

Во фаза на претквалификација е патот Букојчани-Кичево и тука, дополни, го задвиживме процесот, отворен е поголем фронт за работа на Тетово-Гостивар, некои 10-ина, 15 километри, и имотно-правно и трасирањето.

Како што најави Мицкоски, се очекува до крајот на месецов да биде пуштена делницата Дреново-Фариш на експресниот пат Градско-Прилеп откако е решена состојбата со карпата и се расчистува патот.

Премиерот најавува и дека во општините ќе има нови 1200 градилишта со инфраструктурните пректи од двата повика на Владата.

- Кога сето ова ќе се спореди со летаргијата што фукционираше изминатите години - Битно е да крадеме, а не да градиме, тогаш мислам дека се чувствува разликата и поместувањето во позитивна насока, изјави Мицкоски.

При вонредниот надзор на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, на 14 и 15 месецов над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид било констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така било утврдено дека наследените проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет согласно планираната динамика.

Според ЈПДП, забрзано тече изградбата на пристапните патишта од: Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и изградбата на пристапни патишта до село Горенци и село Оровник. - Се изведува последната фаза пред асфалтирање и градежни активности на клучките Арбиново и Издеглавје, се поставува жичана ограда и еластична ограда, а кај Климештани е завршена десната страна и пуштена под времен режим на сообраќај и сега започнуваат активности на лева страна од главната траса. Започната е првата фаза на клучка Требеништа, а интензивно се работи од Подмоље до х. Амасадор на изградба на столбови за натпатник, изградба на потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа. Се работи и на натпатникот кај Св. Еразмо, но и на левата страна од Подмоље до Охрид каде се поставува еластична ограда во средишниот дел, а се вршат и припремни работи за асфалтирање на десната страна од главна траса, изјавија за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта.

Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола. За делницата Букојчани-Гостивар се реализирани 73 проценти од геотехничките истражувања, а за Прилеп-Битола 63 проценти. Надзорот регистрира напредок од 60 проценти на работите за спецификација и проектирање на автопатот Тетово-Гостивар, од 30 проценти за Букојчани-Гостивар, а од 49 проценти за Прилеп-Битола.

Од градежните активности на трите делници (Тетово- Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) се земјани работи на главна траса, изградба на пропусти, армирање и бетонирање на мостови, регулирање на времени сообраќајни режими, се вршат ископи и се изведува заштита на косини.

На „Бехтел и Енка“ досега се исплатени вкупно 301.088.222,79 евра. Во април годинава, според Извештајот на надзоорт, имало две исплати од државата преку ЈПДП, од 599.794.350 денари, на 22-ри, и од 524.972.228 денари на 30-ти.

притисни ентер