Заев, Спасовски, Зекири, Царовска и Димитров од Чаир: Победуваме затоа што сме заедно на патот на сигурна, европска Македонија со развојна економија

„Победуваме затоа што сме заедно" порачаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, носителoт на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, кандидатот за пратеник, Мухамед Зекири и носителите на листа во ИЕ 1, Никола Димитров и Мила Царовска.

„Чаир ќе победи посилно и од 2016. Победуваме затоа што сме заедно", порача претседателот Заев.

„Ова е ваша земја и ќе се бориме дома. Ве уверувам ќе создадеме уште поуспешен амбиент за живот во нашата земја. Ништо не доаѓа на тацна.

Во една прилика кога Никола ме праша зошто мора да е сè тешко, реков и ќе кажам и овде - ако е лесно, не е величествено. Како што ни трепереа срцата со кревање на знамето на НАТО, за 4 до 6 години ќе го кренеме и пред Европската унија. Толку ни треба да ги совладаме поглавјата и да си ја европеизираме Македонија. Толку ни треба да го кренеме македонскиот стандард да ни биде близок на стандардот до земјите членки на ЕУ.

Ве уверувам дека можеме повеќе. Знам дека знаете и вие дека можеме и повеќе и подобро. Знаете дека друг пат нема освен овој по којшто сме тргнати. Тоа е патот на единството, тоа е патот на европеизација, патот на работа, на работа и патот што носи среќни генерации", рече претседателот на СДСМ, Заев.

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, изрази очекување за победа и нови 4 години чист мандат на изборите на 15 јули.

„Обновени криминалци од времето на Груевски, има денес во лицето на Мицкоски и Мисајловски. Сите да се обединиме, да поразговараме со секој да излезе на изборите, не ни треба обновен режим. Ние најавуваме сигурност, визија, просперитет и правда. Помогнавме на граѓаните и во здравствено-економската криза, како што во изминатите три години ги враќавме парите кај граѓаните.

Најавувам нова 4-та одлука на Владата, за секој пензионер со пензија до 15.000 денари домашна платежна картичка од 9.000 денари, за секој стечаен работник, 12.000 во државата, домашна платежна картичка за купување домашни производи. За секој невработен и не е активен барател на работа – домашна платежна картичка и за секој самохран родител – домашна платежна картичка. Ова е опцијата на сигурност, Чаир и Македонија тоа го знаат", порача Спасовски.

Кандидатот за пратеник во ИЕ 2, Мухамед Зекири, рече дека квазипатриоти се обидуваат да ги вратат етничките теми назад, но дека граѓаните нема да го дозволат тоа.

Никола Димитров, носител на листа во ИЕ 1, потсети дека економијата беше -1.8 проценти, со малку меѓународни пријатели, квалификувани како заробена држава, кон НАТО бевме до никаде.

„Се качивме на планината. Денес сме НАТО членка, цврсти сме, темелот ни е тоа. На чекор сме до почеток на пристапни преговори со ЕУ, нешто што го чекаме 15 години. Никогаш тие нема да се качат на возот кон ЕУ, бидејќи не ги разбираат мостовите кон ЕУ, а и ЕУ бара одговорно однесување, а тие не се спремни за тоа. Целата магла е да не се качиме на возот кон ЕУ, но тоа нема да се случи. Факт е дека има области во коишто можевме подобро. Но факт е дека дојдовме на патот. А нема ниту една област каде отидовме назад. Сега го фаќаме возот за ЕУ, да го направиме овој чекор, си имаме држава за дотерување, да си ја зграпчиме шансата да сме каде што припаѓаме", повика Димитров.

„Долги години живеев во Чаир којшто ме научи на посебни вредности: колку повеќе различни, толку посилни сме и похрабри сме. Разликите се богатство на државата. Овие вредности ние ги покажавме и во Програмата и во владеењето во овие три години, дека се грижиме за сите. Нема еден граѓанин на којшто му следуваше право, а не му го обезбедивме. И ние покажавме дека вложувањето во луѓето е приоритет, претседателот Заев секогаш го поддржуваше тоа. И затоа имаме покачувања на платите, на пензиите, вложивме во младите, ги учиме младите на вредностите на европска Северна Македонија. Да не дозволиме Македонија да се врати 15 – 20 години назад. Ќе има и повисока минимална плата до 20.000 денари и просечна плата до 34.000 денари и пензија не помала од 10.700 денари", порача носителката на листа во ИЕ 1, Мила Царовска, на вечерашната трибина во Чаир, се наведува во соопштението на СДСМ..

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

 Кралот на Маорите на Нов Зеланд денеска повика на китовите да им се дадат основни човекови права за да се заштитат ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права како што е правото на здрава животна средина за да се овозможи обнова на нивната популација.

- Звукот на песната на нашите предци ослабна, а живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега, рече Тухеитија во редок јавен настап.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маорите, домородни луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија смета дека давање ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“.

Тој се обрати заедно со високиот поглавица на соседните острови Кук, Травело Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ за зачувување на китовите.

- Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и да тежат до 200 тони.

Но, големината не ги штити. Шест од 13-те големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“.

Откажани се летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“.

На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Поради штрајкот, којшто според најавите треба да трае денеска и утре, глобално откажани се околу 400 лета и засегнати се околу 50.000 патници.

Во текот на овие два дена оваа авиокомпанија требаше да реализира 24 лета од Виена до градовите во поранешна Југославија вклучувајќи летови до Белград, Сараево, Загреб, Приштина, Скопје, Подгорица, Дубровник и Сплит.

Царинските службеници во Грција ќе одржат 48-часовен штрајк следната седмица

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк.

Дводневен штрајк за 2 и 3 април закажаа грчките царинските службеници, што ќе влијае и на сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, поради 48-часовниот штрајк на цариниците целосно ќе биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, додека пак во однос на автомобилите, не е исклучена можноста возилата повремено да се пропуштаат, нешто што ќе се дефинира и појасни непосредно пред почетокот на штрајкот.

притисни ентер