Заев, Спасовски, Лукаревска и Зекири од Гази Баба: Татковината е обновена, продолжуваме да инвестираме и градиме, режимот и национализмот се минато

Коалицијата „Можеме" вечерва одржа граѓанска трибина во скопската општина Гази Баба на којашто е посочено дека гласањето за бројот 3 на 15.јули е глас за сигурна иднина и градење, бидејќи времето на режимот е минато и државата оди напред.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, порача дека обнова на режимот не ни треба, како ни национализам што враќа назад додека светот оди напред. „Обновена е татковината, одиме кон сигурна иднина", рече претседателот Заев.

„Четврта индустриска револуција, дигитализација и развој на информатички технологии, младите можат за 10 часа да бидат во Токио, или во Вашингтон, или во Берлин. Светот оди напред, ние уште кавги дома? Македонци, Албанци, со соседите? Доста е, се здруживме дома, го изградивме концептот Едно општество за сите во изминативе три години. Еве нема никакви конфликти во државата. Ќе ги враќаме конфликтите, ќе се биеме меѓу себе? Додека светот оди напред? Не ни треба тоа. Обнова на режимот не ни треба. Времето на национализмот и лажниот патриотизам е минато, на 15.јули гласаме за сигурна иднина, за бројот 3, затоа што можеме уште повеќе и уште подобро", порача претседателот на СДСМ, Заев.

Потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски најави развојна економија со вложувања во инфраструктурата и повисоки плати.

„Ќе има покачувања и на минималната плата и на просечната плата. Во Програмата се обврзуваме дека ќе ги поддржиме домашните и странските компании со 600 милиони евра – 300 милиони од буџетот и 300 од европските фондови", најави Спасовски кој ги повика граѓаните да излезат на гласање и да продолжиме по правиот пат.

Носителката на листа во ИЕ 2, Сања Лукаревска најави ред, правда и дисциплина, прочистено судство, безбедни градови.

„Нема да има раководители до пензија во администрацијата, ќе им дадеме шанса на младите. Нема да дозволиме да се врати режимот, за семејства "во ендек". Тефтерчињата на подобни и неподобни се минато. Зборуваат денес за бокс во фаца - генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го доживеат најголемиот пораз на 15.јули, од жените", рече Лукаревска.

Потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник, Мухамед Зекири рече дека „нашиот концепт Едно општество за сите ги даде резултатите, а претходната власт делеше за да ловат во матно.

„Од ДУИ почнале да се јавуваат на млади административци Албанци со заплашување дека ќе биле отпуштени од работа. ДУИ не е нивен сопственик. Ви ветувам влакно нема да им фали ако гласаат како што мислат. Немаат што да понудат од ДУИ затоа вака се однесуваат и се враќаат на етничките теми. На 15.јули граѓаните гласаат за број 3 и коалицијата „Можеме", а ДУИ оди во опција да се реформира, ако има капацитет за тоа", рече Зекири, се наведува во соопштението на СДСМ.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

притисни ентер