Заев: СДСМ е прва партија каде секој член има право да го избира својот претседател

Денеска го ажурирав моето членство во #СДСМ преку новиот систем, кој овозможува и активна регистрација.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва објави дека го ажурирал своето членство во партијата во пресрет на изборот за партиски лидер на директни внатрепартиски избори, на 21 март, што е, вели, водство и пример што треба да се следи кога е во прашање македонската демократија.

-Денеска го ажурирав моето членство во #СДСМ преку новиот систем, кој овозможува и активна регистрација. Овие денови волонтери и активисти на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија ширум целата земја ќе пристапат до секој член, офлајн или онлајн, со цел ажурирање на членството на партијата. На 21 март членовите на СДСМ ќе бираат лидер на партијата на директни внатрепартиски избори, што е водство и пример што треба да се следи кога е во прашање македонската демократија, пишува на фејсбук Заев.

СДСМ е, додава тој, прва партија каде секој член има право да го избира својот Претседател на директни извори.

-Ги повикувам сите членови на СДСМ да го ажурираат членството, во општинските организации или онлајн и заедно да ја реализираме оваа прогресивна внатрепартиска постапка. Ги повикувам и сите поддржувачи на концептот кој ја води земјата напред кои имаат порив и желба за придонес кон развојот да пријават интерес за членство на следниот линк: https://sdsm.org.mk/zacleni-se СДСМ победува и СДСМ се менува, се подобрува, за подобро да им служи на граѓаните!, пишува на фејсбук статусот на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Фото: Иванишевиќ и Селеш како деца

Легендарниот екс југословенски тенисер Горан Иванишевиќ, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија стара повеќе од 30 години.

Старата фотографија ги разбудила спомените на Горан од времето на поранешна Југославија.

На носталгичната фотка тинејџерот Горан Иванишевиќ се ракува со едно насмеано девојче, за оние кој не ја препознаваат, тоа е некогашната најдобра светска тенисерка славната Моника Селеш.

-Добри стари времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе постигнеме во годините кои доаѓаа, напишал Иванишевиќ во описот на сликата.

Моника и Горан подоцна го достигнаа светскиот врв. Иванишевиќ го оствари сонот со освојување на Вимблдон, а Моника Селеш владеше со светскиот тенис со до трагичното ранување во Хамбург во 1993 година од луд навивач на ривалката Штефи Графт.

Селеш во кариерата освои девет Грен слем титули.

Фото: Карлеуша во ленти

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се разголе на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш ги воодушеви своите фанови со бујните облини покриени со минијатурни врвки.

Јелена нема проблем да позира во костим за капење или во долна облека, но со последниот избор на гардероба ги изненади сите. Карлеуша одлучила да се фотографира во минијатурен градник и уште помали гаќички врзани со ленти.

Во оваа прилика може да се каже дека Карлеуша покажа скоро се. Нејзините фанови за „храброста“ ја наградија со рекорден број од 70 илјади лајкови.

Флик на излезната врата на Баерн Минхен

 По само две години работа и освоени титули меѓу кои и во Лигата на шампионите, Ханси Флик си заминува од германскиот гигант  Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Иако се споменува дека ќе стане селектор на Германија, тоа не е причината за заминувањето туку конфликтот со директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ.

Германските медиуми остро коментираат дека откако Салхимаиџиќ е дојден на функцијата, Баерн кој беше познат по сигурноста за тренерите и работата на долги патеки, сега го смени курсот и пребрзо ги менува шефовите и тоа со добро завршена работа.

Се тврди дека од истите причини Баерн предвреме ги набрка Нико Ковач и Карло Анчелоти.

Критиките одат до таму што на Баерн јавно му се упатува прашање...дали е можно секогаш да се виновни тренерите, а директорите да се во право?

притисни ентер