Во воведот во своето обраќање на 26. Конгрес на СДСМ, претседателот Зоран Заев, се осврна на постигнатите успеси во последните четири години, но и потсети каде беше нашата држава во 2017 година.
„Во изминатите речиси четири години, од последниот изборен конгрес во 2017 година СДСМ носи државнички успеси.
И ќе додадам, тоа се историски успеси на нашата татковина, гордо исправена, слободна, економски силна и развојна, која чекори напред, по вистинскиот пат – тоа е нашата Македонија, и мајка и татковина на нашиот македонски народ, на нашите сограѓани Албанци, на Турците, на Власите, на Ромите, на Србите, на Бошњаците и на сите други со кои тука живееме заедно. Успесите во овие четири години се заеднички, наши и на граѓаните, на нашиот народ.
Заев истакна дека во 2017 година државата беше опустошена, меѓународно изолирана со поделено општество и суспендирана правда со погазени слобода и демократија, но граѓаните ја препознаа чесната понуда на СДСМ и ја дадода довербата, режимот беше срушен.
Излеговме со чесна понуда, со јасен „План за обезбедување нормален живот во Македонија". Со нов концепт: враќање на парите кај граѓаните, со сите сили на прав пат, кон интеграција, со постојана борба со режимските наследници, со одлучност за воспоставување на правна држава.
Тоа граѓаните го препознаа и се приклучија! Го срушивме режимот на ВМРО-ДПМНЕ кој цела деценија ја држеше земјата во заложништво. Нашата татковина тргна напред, економски, политички, демократски, на секое можно поле.
За нас, за мене, немало мирен мандат, немало мирно море. Не сум го ни очекувал тоа. Имало само пoстојана битка за доброто на нашата земја, за нашиот народ.
Ние од почеток се боревме на два фронта истовремено: на надворешен план, мораше да се решаваат наследени децениски проблеми, прашања за кои никој не собрал храброст да ги решава речиси 30 години, од осамостојувањето на нашата држава.
Пред седиштето на партијата е Јана Јосифоска...