Заев: Работиме за ЕУ и за разлика од порано, лидерите од регионот зборуваат во ист дух

„Нема алтернатива за членство во ЕУ и Владата и парламентарното мнозинство остануваат на овие вредности", порача премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања во Парламентот, се наведува во соопштението од Владата.

„Нашата земја никој пат повеќе не била афирмирана на патот на членството во ЕУ колку што е во последните две - три години. Нашата земја е пример за соживот и контра аргумент на сите негативни тези за етнички територии, етнички граници, за какви било поделби и на Балканот, а и пошироко на европскиот континент. Нашата земја е пример дека низ дијалог и дипломатија може да се решаваат најтешките прашања, коишто можеле да бидат решени многу од поодамна, ако навистина сите сме се залагале за членство во ЕУ и НАТО", рече премиерот Заев.

Тој потсети дека државата доби одлука за почеток на преговорите во март 2020 година и таа одлука ја донесоа 27 земји членки на ЕУ, дека во официјалниот извештај на ЕУ стои дека нашата земја направила повеќе од тоа што е барано и се стопроцентно потврдени процесите коишто беа обврска за добивањето датум, но дека денес само една земја членка, Бугарија, не дава согласност да се закаже првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Премиерот Заев ја повика опозицијата на одговорно однесување за евроинтеграцискиот процес.

„Ако сме за ЕУ, тогаш работиме за ЕУ и ако целиот свет вели дека сме исполниле сѐ и дека сме пример и за европски вредности, европски манири, европски односи, за сѐ, а само Бугарија е причината за следните наши чекори за интеграцијата во ЕУ, ама посочувате прст кон оваа Влада, тоа е недозволиво и лицемерие", оцени премиерот Заев.

Тој ја објасни иницијативата „Отворен Балкан" и укажа на промената во соработката на политичарите во регионот денес, во однос на минатото, а во полза на потребите на граѓаните.

„Додека чекаме ЕУ да се одлучи, нема дилеми дека треба да работиме, да градиме пријателство, да ги отвораме сите административни пречки и бариери, со конечна цел да донесеме поголема благосостојба на нашиот народ, на нашата економија, трговијата, извозот, затоа што тоа носи поголем БДП, поголем економски стандард, повеќе работни места. На времето имаше кавги меѓу политичарите. Не така долго, пред четири години бевме скарани и со Србија и со Албанија и со Косово и со Бугарија и со Грција, со сите до еден - и што добивме од тоа?! Да заминат граѓаните надвор од државата, разочараност, апатија во општеството. Денеска имаме соработка во регионот, денеска лидерите седат заедно, зборуваат во исти дух за придобивките на својот народ. Има разлика од небото до земјата за политиките денес и пред пет години и затоа ред е да се приклучите на тоа што е добро, на тоа што носи придобивки на нашиот народ. „Отворен Балкан" е добро за државата, интеграцијата во ЕУ е добро за државата, треба да го поддржите и практично", ја повика премиерот Заев опозицијата, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Фото: Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно?!

Скандалозна изјава на сопруга на украински фудбалер, „Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно“.

Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.

Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.

На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.

За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.

Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.

Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.

Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:

- Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.

Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.

Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.

Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.

ФЕД: Имотот на еден отсто од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 билиони

Имотот на еден процент од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 трилиони долари на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, пред се благодарение на растот на акциите, соопшти Американската централна банка ФЕД.

Вкупното богатство на еден процент најбогати луѓе, кои ФЕД ги дефинираше како оние со богатство над 11 милиони долари, се зголеми за два билиони долари во четвртиот квартал, а целата добивка дојде од нивните акции, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Вредноста на корпоративните акции и акциите на заедничките фондови во сопственост на првите еден отсто се зголеми од 17,6 билиони долари во третиот квартал од 2023 година на 19,7 билиони долари.

Невидениот раст на богатството започна во 2020 година, а оттогаш богатството на најбогатиот еден процент порасна за речиси 15 трилиони долари или за 49 отсто.

Економистите велат дека растечкиот пазар на акциите дава дополнителен поттик на потрошувачката преку таканаречениот „ефект на богатство“. /МИА

Заеднички особини и својства на луѓето кои изневеруваат

Приватни детективи од САД откриваат дека повеќето неверни мажи кои ги следат, најмени од нивните партнерки, честопати повторуваат исти вообичаени работи пред да одат кај љубовницата.

Истражителот Реј Рано од Конектикат вели дека следењето мажи може да биде многу досадно, па лесно се сфаќа „шемата“ од показатели коишто редовно му укажуваат дека прељубникот е на пат кон љубовницата. Раскажува само за дел од нив.

- Ако тргнал да се види со својата љубовница, мажот обично претпочита чист автомобил... Редовно оди во пералница за автомобили... Неверојатно е колку често го прават тоа. Жените не толку. Жените ретко го перат автомобилот пред неверството, бидејќи најчесто мажите се оние кои сакаат да возат. Многу ретко гледам момчето да влезе во автомобил на жена, рече Рано за „Локд ин“ (Locked In).

Тој појаснува и како ги снима своите „мети“ без да забележат - на пр., ја лепи камерата во пластична чаша за кафе.

- Ако седнам во кафуле или влезам во супермаркет - каде и да треба да бидам, само го симнувам капачето (од чашата) и така изгледа како да шетам со кафе в рака. Всушност, снимам сѐ, изјави тој.

Откако ќе собере доволно докази, видеата и сликите одат кај тој или таа што му плаќа.

Според истражување на „Ју-гов“ (YouGov) од 2022 година, 54 отсто од Американците откриле дека биле изневерени во моногамна врска - емоционално, физички или и двете. Приватниот детектив Арон Бонд вели дека дури и пред да го најмат за неговите услуги, луѓето кои се сомневаат во својот партнер ги забележуваат истите знаци.

- Кога партнерот ќе почне да се однесува поинаку со мобилниот телефон, тоа е знак дека можеби нешто не е в ред. Ако почне да го носи телефонот насекаде, дури и низ дома, или измислува изговори кога го / ја замолувате да Ви го даде телефонот, тоа може да биде знак дека тој / таа е во неверство, вели тој.

Следен признак на неверните луѓе е тоа што покажуваат помал интерес за партнерот. Заеднички поминатото време е сѐ помало, не покажува многу возбуда кога ќе Ве види, се повлекува, не сака да зборува за настаните од својот ден итн.

- Ако чувствувате дека Вашиот партнер одеднаш Ве избегнува и не сака повеќе да ги прави вообичаените работи со Вас... Тоа се предупредувачки знаци. Партнерите често ги избегнуваат своите сопружници или им кажуваат помалку за својот ден, бидејќи е невозможно да се запомнат сите лаги, објаснува професионалниот детектив.

И зголеменото и намаленото либидо може да биде признак за тајната.

- Прељубниците честопати се помалку заинтересирани за секс дома, бидејќи веќе го имаат надвор. Но, понекогаш може да бараат и повеќе секс дома затоа што се чувствуваат виновни. Тие го користат водењето љубов за да ја сокријат својата измама, вели Бонд.

Натаму, стресот од изневерувањето и чувањето сè внатре - може да предизвика многу негативни емоции коишто потоа ќе се излеат на површина во облик на вербални напади кон сопружникот.

- За да се ослободат од тензијата што ја чувствуваат внатре, ќе се обидат да се убедат себеси дека Вие сте проблемот и од никаде стануваат критички настроени кон вас, појасни Бонд.

Сепак, тој предупредува оти секоја врска е различна и дека овие знаци може понекогаш да укажуваат и на други, сосем различни проблеми. /МИА

притисни ентер