Заев:Прогресивното граѓанство гласа за прогрес, се обединува и не дозволува да се врати режимот

Прогресивното граѓанство на 31-ви октомври ќе гласа за Прогрес – бидејки тоа е неговата, тоа е нашата лична идеологија – најдоброто за сите, порача вечерва претседателот Зоран Заев пред граѓаните на Скопје. 

Тој пред присутните посочи дека во овие четири години постигнати се бројни успеси на државен и локален план и дека тој континуитет треба да се одржи и во иднина.

„Гледате почитувани граѓани, дека до овој момент не зборувам за десетиците изградени и реконструирани градинки и училишта, болници и културни домови, илјадниците километри регионални, магистрални, локални патишта и канализациски мрежи.

Гледате и дека не зборувам за покачените плати, за по 6.000 денари, за по повеќе од сто евра – и минималната плата која од 9 оди на 18.000 денари, ниту за 300-те проценти покачена социјална помош, за економските мерки коишто во услови на незапаметена пандемија, помогнаа семејствата да не останат гладни, фирми да не се затворат, уметници да се носат со последиците од кризата, којашто го зафати целиот свет. Знам дека знаете дека ќе има нов тренд на покачувања на платите, покачувања на пензиите два пати годишно, нови инвестиции, нови работни места, ако останеме на евро-атлантскиот пат, бидејки овој пат носи прогрес.

Јас знам дека вам не треба да ве убедиме дека ние парите ги вложуваме кај граѓаните, наспроти онаа режимска структура на Никола Груевски, чијашто продолжена рака е и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, којашто, да речеме дека крадеше - е малку. Грабаа, арамиски пљачкаа, бркаа од работа, газеа по човековото достоинство.

Знам дека вие, разликата меѓу 11-годишната режимска власт и оваа 4-годишна демократска власт, ја знаете. Вие знаете дека ние никого не влечеме за уши, никому не посакуваме да заврши во ендек. Никого не присилуваме да излезе на протест, на митинг, на избори. Никого не бркаме од работа за различно мислење и искажан став. Не ги делиме луѓето на наши и некои други. Не го подриваме соживотот, туку искрено веруваме во концептот што го градиме – Едно општество за сите, во кое што сите имаме исти права, но и подлежиме на исти обврски пред законите и пред државата." порача Заев.

Реакција на Трипуновски на прес-конференцијата на заменик-министерот Димковски

Над 50 милиони евра помалку за земјоделците за догодина, и СДСМ пак се фали дека работат за народот и земјоделците. Дали навистина мислите дека некој ви верува?

5 години по ред нема сигурен откуп ниту нормални откупни цени за земјоделските производи.

Власта не се потруди да обезбеди откуп. 5 години по ред јаболката завршуваат во Преспанско езеро, праските во депониите, пиперките на буниште, оризот скапува во амбарите, тутунот го палат или продаваат по мизерни цени.

Не гледам ниту една мерка, која владата ја планира, а е насочена кон обезбедување на сигурен откуп. Нема. И годинава што доаѓа ќе гледаме како земјоделците нема каде да си го продадат родот свој.

Со хидроакумулациите не знаат како да управуваат. Вода нема ниту за земјоделците, ниту за производство на струја. Во нови капацитети не се инвестираше 5 години.

Од пресот се гледа безидејност и незнаење. Затоа колку побргу си заминат толку подобро за Македонија, само така ќе имаме можност да ги исправиме работите.

Цветан Трипуновски, член на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Видео: Силна ерупција на вулкан во Индонезија

На островот Јава во Индонезија, активен вулкан еруптираше по втор пат за неколку месеци.

Локалните жители бегаат од огромниот облак од пепел од вулканот Семеру.

Се уште нема извештаи за жртви, евакуацијата е во тек.

Надзорното тело издаде предупредување до авиокомпаниите за облак од пепел што се издигнува до 15.000 метри.

Последен пат вулканот еруптираше во јануари.

Димковски го презентираше буџетот за агросекторот за 2022 година

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Димковски го презентираше буџетот за агросекторот за 2022 година.

Денеска, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски одржа прес-конференција во медиа центарот во Владата на Република Македонија, на која за јавноста го презентираше Буџетот за агросекторот за 2022 година.

Вкупниот буџет за 2022 година за секторот земјоделство, што подразбира неколку институции изнесува околу 9,13 милијарди денари. Во оваа сума спаѓаат основните буџети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Управата за хидрометеоролошки работи.

Основниот буџет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2022 година е проектиран на 2,025 милијарди денари. Средствата од буџетот ќе овозможат континуитет во реализирањето на мерките и политиките за развој на земјоделскиот сектор. Најголемата сума во износ од 1,27 милијарди денари од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е наменета за Управата за водостопанство. Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2022 споредено со 2021 година е зголемен за околу 255,7 милиони денари и овие средства се главно насочени во водостопанството, односно околу 165,5 милиони денари од зголемената сума за буџетот за 2022 година се наменети за проектите за водостопански капитални инвестиции. Ова е логичен чекор, креиран од потребата за стабилно наводнување и е во насока на намалување на влијанието на климатските промени.

„Веќе неколку години го потенцираме значењето на обезбедување услови за развој на стабилно, конкурентно и модерно земјоделско производство. Тоа не е можно без вода. Затоа, и во 2022 година, продолжуваме со инвестиции во водостопанството кои опфаќаат продолжување на започнатите проекти и изградба на нови системи", потенцираше Димковски.

Тој изјави дека сите започнати проекти од областа на водостопанството, ќе продолжат и во наредната година според динамиката на градба, потенцирајќи дека Браната „Конско" ќе биде завршена.

Во 2022 година ќе започне нов проект - Програма за наводнување на Македонија, во износ од 10 милиони денари.

Останатите средства од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се наменети за инвестиции во земјоделството и руралниот развој во износ од 279.880 милиони денари, потоа за шумарскиот сектор, во износ од 223,52 милиони денари од кои 197,4 милиони денари за Шумската полиција и 28,1 милиони денари за Програмите за шумарство и ловство. Фитосанитарната политика за заштита на растенија и семе и саден материјал е поддржана со над 67,3 милиони денари, од кои 20 милиони денари се наменети за фитосанитарната програма, што е исклучително важно за поголем извоз на европските пазари и обезбедување на висок квалитет и заштита на здравјето на потрошувачите.

Институциите кои функционираат со сопствен буџет, продолжуваат и во 2022 година со отприлика истиот буџет како и за 2021 година.

Како и секоја година, најголем дел од средствата од буџетот на секторот земјоделство се алоцирани во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Во 2022 година, Агенцијата ќе располага со 6.14 милијарди денари од кои околу 5,6 милијарди денари се наменети за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој или подетално околу 4,5 милијарди денари се наменети за редовна исплата на субвенциите и 1,15 милијарди денари за капиталните инвестиции во руралниот развој.

Овие средства ќе овозможат континуирано реализирање на Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој, програма во која се инкорпорирани и популарните мерки како што се „Млад земјоделец" и „Рурална жена". Новина за оваа година е креирана кај мерката популарно наречена „Рурална жена", каде износот на поддршката за жените носители на земјоделски стопанства е дуплиран и од оваа година, поддршката се зголемува од 180.000 денари на 360.000 денари.

Во буџетот за 2022 година планирани се средства во износ од 500.000.000 денари за современа рурална инфраструктура. Овие средства се наменети за проекти за локална патна инфраструктура, водоснабнителни и канализациони системи, опрема за детски, младински или пензионерски културни центри, означување на културни и природни знаменитости во рурални средини, одбележување и унапредување на планинарски и велосипедски патеки и други проекти значајни за локалниот развој.

За модернизација на земјоделските стопанства, планирана е поддршка во вредност од 360 милиони денари, наменети за набавка на висококвалитетен добиток, подигнување на нови повеќегодишни насади, набавка на трактори, набавка на комбајни за ориз и инвестиции во иригациони системи „капка по капка".

Уште една нова мерка за 2022 година е овозможена со усвојувањето на Програмата за финансирање на микро земјоделски компании. Преку оваа програма обезбедени се средства за „start–up" на мали бизниси за земјоделци кои имаат семејни стопанства, без разлика дали се правни или физички лица. За „start–up" идеите предвидени се грантови до 10.000 евра.

Во однос на другите институции кои се дел од секторот земјоделство, АХВ во 2022 година ќе располага со вкупен буџет од 623 милиони денари. Буџетот на Управата за хидрометеоролошки работи во 2022 година е проектиран на над 94 милиони денари.

Другите институции располагаат со значително помали буџети во однос на Платежната агенција и АХВ и нивните буџети се отприлика исто колку и за 2021, без големи отстапувања.

Заменик-министерот Димковски на крајот од своето излагање потенцираше дека буџетот за агросекторот за 2022 година е креиран домаќински, без непотребни трошоци и со силен стимулативен ефект за, развој и заштита на земјоделското производство и приближување до европските аграрни политики.

притисни ентер