Заев: Празникот Свети Сава е потврда за нашите заложби за заедништво

Претседателот на Владата Зоран Заев, вечерва со видео обраќање на Свечената академија што се одржа онлајн по повод 27 Јануари, Свети Сава, го честиташе Националниот празник на српската заедница во нашата земја.

Во обраќањето до српскиот народ премиерот Заев изрази искрени желби за добро здравје, радост и благосостојба, и потенцираше дека славењето на овој празник е потврда за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување, и дека токму различностите се богатство и водилка кон развојот и напредокот на нашата држава која успешно покажува дека може да се гради како едно општество за сите.

Во продолжение Ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот во целост.

„Ми претставува особена чест, во мое име, и во име на Владата и на македонските граѓани, да го честитам Националниот ден на Србите во Македонија, Ден кој е посветен на еден од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава.

Со оваа порака упатувам честитки и до граѓаните од православна вероисповед на соседна и пријателска Република Србија и на сите Срби каде и да се, со искрени желби за добро здравје, радост и благосостојба.

Животот и делото на Свети Сава, особено неговата саможртва да се откаже од земските блага и да го прифати православното христијанство како негова лична морална определба, направија овој свет човек да се чествува од сите Христијани, без разлика во кои државни граници живеат. Затоа што тој така им приоѓаше на сите - како кон свои браќа, а не како странец кон странци.

Славењето на овој голем празник, кој е од посебно значење за српската заедница, е потврда и за нашите заложби за заедништво, меѓусебно разбирање и почитување кое го негуваме во Македонија.

Нашето општество е мозаик од вредности, мозаик од различности. Токму различностите се богатство и водилка кон развојот и напредокот на нашата држава која успешно покажува дека може да се гради како едно општество за сите.

Преку одбележувањето и славењето на празниците на нашите заедници ја одржуваме традицијата на почитување на различните културни особености и заеднички се стремиме кон градењето посветла и просперитетна иднина за сите граѓани.

Свети Сава е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони на српската држава. Свети Сава е молитвен застапник на сите кои преку него побарале помош, а со своето бесмртно дело и понатаму е посредник на сите во неволја.

Тој е духовник на кој се угледуваат припадниците на српскиот народ кога во својата духовна зрелост го креираат својот личен карактер, а со тоа и карактерот на својата заедница.

Во тој дух ја гледаме и постапката на искрено подадената рака на пријателство и солидарност на Република Србија со отстапените вакцини како прва помош за нашите граѓани додека во земјата не стигнат договорените количини. Ја користам оваа прилика уште еднаш да кажам Благодарам што го помагате нашето јавно здравје.

Уште еднаш најсрдечно упатувам честитки по повод Националниот ден на Србите во Македонија и нека бидат вечни името и славата на Свети Сава, под чие духовно покровителство се одбележува денешниот ден".

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер