Заев: Политичките одлуки во земјата ќе зависат од пораките на ЕУ и Маркел

-Денеска добивме сериозно охрабрување од земја членка која е прилично влијателна во ЕУ посебно во новите консталации во политичкиот дел и поставеноста на Алте груп

Политичките одлуки во земјата за тоа дали ќе има реконструкција на Влада или предвремени избори ќе зависат од одлуката на Европскиот совет и како европските земји ќе ги постават работите, како и од пораките што ќе ги добиеме од германската канцеларка Ангела Меркел на претстојната средба во четврток во Берлин изјави денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Владата со неговиот чешки колега Андреј Бабиш.

-Денеска добивме сериозно охрабрување од земја членка која е прилично влијателна во ЕУ посебно во новите консталации во политичкиот дел и поставеноста на Алте груп, но и од Германија и пораката што ќе ја добиеме од канцеларката Ангела Меркел и јасното соопштување за извесните чекори коишто ќе дојдат така ќе ги носиме одлуките дома. Нема дилеми дека ќе добиеме датум за преговори, важно тоа е да биде порано. Важно е да знае ЕУ дека таа за нас е атрактивна затоа што секогаш покажала мудрост да ги прави реформите внатре,но и да го држи процесот отворен за привлекување на новите земји кандидати за членство во ЕУ и верувам дека тоа ќе се случи. Оваа мотивација од ЕУ за нас е важна за да продолжиме понатаму, рече Заев на новинарско прашање дали има донесено одлука за која од трите можни опции (реконструкција на Владата, предвремени парламентарни избори, враќање на мандатот) се одлучил, а кои тој претходно ги најави во случај да не добиеме датум за преговори.

Тој рече дека по средбата во четврток, веројатно следниот викенд ќе следи седница на централниот одбор на СДСМ, дека се постојано во координација со коалициските партнери и во зависност од одлуката на парламентарното мнозинство и дали тоа ќе се одржи така ќе ги носат одлуките.

-Транспарентни сме до самиот крај. Верувам дека јуни месец ќе ги заокружи сите овие политички одлуки дома затоа што се што работиме е заради интеграциите во ЕУ и НАТО кое ни влијае комплетно позитивно на економските процеси и реформите. Денеска имаме одлична позитивна порака од премиерот Бабиш. Во четврток очекувам позитивна порака од канцеларката Меркел со прецизни агенди и детали затоа што сите земји немаат никаква дилема ниту било каков аргумент против за добивање датум за Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ. Само треба да знаеме кога ќе бидат донесени конкретните одлуки. Премиерот Бабиш ќе ни помогне на Европскиот совет, ќе ја отвори дебатата, верувам дека романското претседателство ќе не стави на дневен ред заедно со претседателот Туск затоа што секоја позитивна порака е мотивирачка за нас да продолжиме понатаму, посочи Заев.

За идејата на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да понуди работни групи кои би и помагале на Владата во реформите во однос на исполнувањето на условите за евроинтеграцијата до октомври, ја оцени како лицемерна бидејќи, како што рече, извештајот веќе е објавен и нема да има нов извештај до октомври.

-Колку лицемерно од негова страна, заради тоа што нема да има нов извештај до октомври. Што да помогне и за кои реформи кога извештајот е завршен. Сега одлучува Европскиот совет, ЕК донесе безусловно кристална чиста препорака во безусловно кристално чистиот извештај за нашата земја. Во него е вградена и опозицијата со која што заедно гласавме со консензус во Парламентот за многу законски решенија, верувам заедно ќе продолжиме и за нивната имплементација. Но сепак добредојдена е секоја помош. Нам ни требаат сите капацитети коишто треба да ги искористиме за да можеме да продолжиме и понатаму да ги подобруваме условите за живот во нашата земја и да го подигнеме демократскиот капацитет на институциите, рече Заев./МИА.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер