Заев по повод новата Рамка за соработка за одржлив развој со ООН: Имаме стратешки документ

Премиерот Заев по повод новата Рамка за соработка за одржлив развој 2021 – 2025 со ОН рече дека имаме стратешки документ за јакнењето на принципите на одржлив развој и изградба на едно просперитетно и инклузивно општество.

Како дел од активностите по повод Денот на Обединетите нации и 75-годишнината од потпишувањето на Повелбата на ОН, претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак, како и со високите претставници на агенциите на ОН во нашата земја, учествуваше во засадувањето 75 млади садници дрвја во околината на Велешкото Езеро - „Младост", што беше зафатена од пожар пред повеќе од една година.

Акцијата е организирана како симболична заложба за позелена, подобра и одржлива иднина на сите луѓе во Македонија, како еден од националните предизвици и приоритети вклучени во новата Рамка за соработка за одржлив развој 2021 – 2025, за соработка меѓу нашата земја и ОН што денеска ја потпишаа постојана координаторка на Обединетите нации Росана Дуџак и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Рамката е наш стратешки документ што ја насочува работата на сите агенции на ОН што работат во земјата во наредните пет години, како и со сите засегнати страни вклучени во процесите. Во оваа пригода сакам да истакнам дека нашата држава останува посветена на спроведувањето на препораките на оваа меѓународна организација, како и на глобалните милениумски цели за одржлив развој", истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите од настанот.

Премиерот Заев во изјавата потенцираше дека нашата држава во соработка со ОН и натаму ќе работи во насока на јакнењето на принципите на одржлив развој и изградба на едно просперитетно и инклузивно општество.

„Во сите овие глобални превирања, Обединетите нации низ принципот на дијалог и почитување работеа во насока на превенирањето и решавањето на отворените конфликти. Низ начелата на соработка и солидарност оваа организација покрена клучни иницијативи за надминување на горечки светски проблеми каква што е пандемијата на КОВИД-19. Таа ја имаа централната улога во справување со оваа најголема закана за човештвото по Втората светска војна, дејствувајќи преку Светската здравствена организација. Ги координира научно-истражувачките работи, меѓународните активности за заштитата, развојот на тестови, лекови и вакцини", нагласи претседателот на Владата Зоран Заев.

Рамката за соработка е главен стратешки документ што ја насочува работата на сите агенции на ОН што работат во земјата, во наредните пет години. Развиена е во блиска соработка со Владата, по опсежен консултативен процес со организации и индивидуалци од разни сфери на делување и интерес.

„Новата Рамка за соработка е повеќе од заложба. Тоа е обврска што ја преземавме и претставува јасна определба да се работи кон подобрување на животот и иднината на сите луѓе во оваа прекрасна земја, а при тоа никој да не заостане", истакна во својата изјава постојаната координаторка на Обединетите нации Росана Дуџак, на настанот по повод Денот на Обединетите нации и 75-годишнината од потпишувањето на Повелбата на ОН, се наведува во соопштението од Владата.

.

Видео: Вториот најголем авион на светот оштетен при принудно слетување

Екипажот на рускиот товарен авион Антонов АН -124-100 долго ќе го памети летот од Сеул за Виена.

При полетувањето на вториот најголем товарен авион на светот од аеродромот Тулмачево во Новосибирск, со вкупен довар од 84 тона се случил дефект во еден од моторите на авионот поради што огромното летало морало веднаш да се врати на земјата.

Авионот Антонов натоварен со автомобилски делови во Новосибирск бил само во пролаз на патувањето од Сеул за Виена.

Кратко по полетувањето од Толмачево, екипажот забележал дефект на моторот, подоцна окарактеризиран како „неконтинуиран отказ на моторот“, односно дефект во кој делови од турбината летале во околината. Ова ги натерало пилотите да се обидат да се вратат и да слетаат на пистата од која штотуку полетале, иако биле на надморска височина од само околу 300 метри.

Покрај силата на моторот број 2, во тој момент авионот ја изгубил и моќта, можност за радио комуникација, во внатрешноста на пилотската кабина но, и со контрола на летот, но уште поважно, управување со моќноста на другите мотори и кочењето на земја.

Поради тоа, принуднот слетување било многу тешко и неизвесно.

За време на слетувањето, Ан-124 успеа да слета на пистата, на самиот крај од неа, авионот застанал многу блиску до полето.

При слетувањето попуштила предната опрема за слетување попушти, поради што авионот слета на трупот, што дополнително го оштетило авионот.

Првичните проценки сугерираат дека овој транспортен авион е неповратно уништен. За среќа, сите 14 членови на екипажот поминале без повреди.

МЗ: 32 починати, 820 новозаболени, 895 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19

Во: Скопје-279, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод -1, Пехчево-3, Берово-14, Валандово-11, Виница-6, Делчево-15, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-21.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 895 оздравени пациенти од: Скопје-496, Куманово-39, Штип-32, Прилеп-37, Тетово-29, Струга-26, Велес-26, Битола-18, Охрид-33, Кавадарци-17, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-17, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-4, Валандово-8, Виница-5, Делчево-1 Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-8, Ресен-7 и Неготино-9.

Починати се 32 лица, единаесет пациенти од Скопје (73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55, 56г), четири од Куманово (89, 95, 63, 57г), тројца од Прилеп (65, 59, 79г), еден пациент од Тетово (83г), еден од Велес (67г), тројца од Битола (77, 53, 62г), еден од Охрид (75г), тројца пациенти од Гостивар (59, 76, 66г), еден од Гевгелија (74г), тројца од Струмица (57, 68, 76г) и еден пациент од Ресен (61г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61543, бројката на оздравени пациенти е 38400 на починати е 1731, а бројот на активни случаи изнесува 21412.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 26877, активни 10150

• Куманово 3738, активни 942

• Дебар 462, активни 97

• Штип 2662, активни 558

• Прилеп 2983, активни 1047

• Тетово 3812, активни 961

• Струга 1446, активни 456

• Велес 1962, активни 718

• Битола 2041, активни 891

• Охрид 1595, активни 618

• Кавадарци 1247, активни 496

• Гостивар 2516, активни 942

• Гевгелија 737, активни 243 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1705, активни 597

• Крива Паланка 429, активни 126

• Радовиш 428, активни 118

• Крушево 129, активни 71

• Кочани 1241, активни 288

• Пробиштип 364, активни 91

• Демир Хисар 199, активни 87

• Македонски Брод 169, активни 47

• Пехчево 100, активни 23

• Берово 361, активни 94

• Валандово 217, активни 69

• Виница 373, активни 159

• Делчево 454, активни 205 (129 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 154, активни 53

• Свети Николе 836, активни 235

• Кичево 1263, активни 517

• Ресен 459 активни 191

• Неготино 584, активни 322 (70 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2019 теста се преку: ИЈЗ-693, ЦЈЗ Скопје-73, Авицена-319, Биотек-208, МАНУ -147, Жан Митрев (Филип Втори)-105, Систина со PCR метода -183, лабораторија Лаор –66, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-108, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-76, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -39, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 331.105 тестирања на Ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 634

• Гази Баба – 1520

• Аеродром -1461

• Карпош – 1191

• Центар – 1103

• Кисела Вода – 1250

• Ѓорче Петров – 878

• Бутел - 603

• Шуто Оризари – 200

• Студеничани – 54

• Сарај – 171

• Арачиново -33

• Илинден – 270

• Сопиште – 59

• Чучер Сандево – 104

• Петровец –140

• Зелениково -83

• Странец – 214

• Нераспределен- 182

Видео: Бизарна борба меѓу девојка и маж од 240 килограми

Поради претешкиот боксер организаторите морала да набават специјална вага на службеното мерење.

На руската боксерска приредба „ Our Business" презентирана е досега невидена и прилично бизарна борба меѓу девојка и маж тежок дури 240 килограми.

На една страна од рингот била Дариа Маздјук, професионална боксерка тешка 63 килограми а во другите агол бил јутјуберот Григори Чистјаков , човекот кој тежи дури 240 килограми.

Дариа во својата боксерска кариера има по четири победи и порази во рингот, а на овој бизарен меч покажа дека знаењето ја победува сировата маса. Маздјук го сруши тешкиот противник на подот и со неколку удари ја заврши борбата.

притисни ентер