Заев оствари телефонски разговор со Столтенберг

„Република Македонија останува посветена на демократските реформи и евро-атланската ориентација, тој правец го потврди победата на СДСМ на парламентарните избори“.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Столтенберг упати честитки до претседателот Заев за победата на СДСМ на предвремените парламентарни избори и изрази задоволство што во Република Македонија е реизбрано политичкото раководство кое со своите храбри и исправни политики ја внесе земјата во НАТО, како 30-та земја членка. Со тоа е потврдена определбата на Република Македонија, како членка на Алијансата, да го продолжи реформскиот пат кој значи напредок, развој и стабилност.

Особено е важно, нагласи Столтенберг, што тоа се случи по решавањето на големи проблеми на меѓународен план и по спроведувањето на значајни реформи дома, што го потврдува демократскиот капацитет на македонскиот народ.

Претседателот Заев изрази благодарност за честитките и нагласи дека на овие избори се покажа дека граѓаните ја поддржаа посветеноста и исправниот реформски курс на Владата предводена од СДСМ.

Претседателот Заев нагласи дека Македонија цврсто останува посветена на демократските реформи и евро-атланската ориентација.

Двајцата соговорници се согласија дека имавме достоинствени, фер и демократски избори, како што доликува на земја членка на НАТО и на земја што почнува преговори за полноправно членство во Европската Унија.

Претседателот Заев нагласи дека новата влада, предводена од СДСМ, со уште поголемо темпо ќе продолжи посветено да работи, особено на полето на економски напредок, на реформи во правосудниот систем, како и на политики кои ќе донесат развој и подобар живот за сите граѓани.

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг порача дека и во идниот период ќе продолжи соработката меѓу НАТО и Македонија како членка на НАТО, но и соработката и поддршката во однос на надминување на сите предизвици со кои се соочуваме.

Во тој контекст, тој се интересираше за состојбата со ситуацијата со КОВИД-19 и нагласи дека НАТО е тука за да помогне, секогаш кога тоа ќе биде потребно.

Претседателот Заев изрази благодарност за поддршката и нагласи дека во однос на коронавирусот земјата реагираше брзо и навремено и не дозволи да се оптовари здравствениот систем, како што тоа се случи во некои други земји.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер