Заев оптимист, за Дескоска се е можно во преговорите за СЈО

 Премиерот Зоран Заев денеска изрази оптимизам дека е можно деновиве пред објавување на извештајот од ЕК да се дојде до решение за статусот на СЈО, во рамки на предлог законот за Јавното обвинителство. 

Според министерката за правда Рената Дескоска, која информира дека се уште нема закажано нова средба, многу работи во нашата држава се решавале во последен момент така што, потенцира, се е можно.

– Мислам дека можеме овие денови пред објавување на извештајот на 29 мај да го заокружиме овој процес и двете условно кажано страни во преговарачкиот процес да објават дека е постигнат договор, изјави Заев по денешната дебата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам.

Додаде дека знае оти во одредени моменти има приближувања, па, како што рече, за некои детали ќе застанат, но процесот, оцени, се движи кон успешно завршување

– Тоа е важно заради тоа што и самиот извештај ќе биде позитивен, но не би требало да оставиме како држава каков било аргумент на Економскиот совет, кој е претставен од земјите членки. Да не дозволиме да имаме каква било дамка или причина за кој било и било што да одоговлекува, порача претседателот на Владата.

Министерката Дескоска изрази надеж дека ќе успеат да изградат консензус со почитување на принципите кои се зададени од ЕУ, а се многу битни за градење на владеење на право во нашата држава.

Таа верува дека веќе созрева свеста кај сите политички партии дека она што значи барање за амнестија не смее и не може да помине.

– Нашето инсистирање да бидат застапени сите принципи на владеење на право, а тоа значи да нема никаква можност за скриена амнестија е принциипот од кој не смееме и не можеме да отстапиме бидејќи закон што ќе содржи квалитетни решеније соодветни на стандардите на ЕУ, е закон што ќе биде позитивно оценет, истакна Дескоска по дебатата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам.

Одговарајќи на новинарско прашање за истрагите кои ги води СЈО, Дескоска информира дека се разговара околу користење на постојната законска рамка, решенијата кои се во сегашниот закон за СЈО, во сегашниот закан за кривична постапка и решенија кои произлегуваат од праксата.

– Ние имаме веќе судски случаи во кои има користење на прислушувани или снимени материјали, кои се користени во други предмети кои не се поврзани со СЈО и тоа е во согласност со други закони. Тука се водат тие дебати, појасни таа, додавајќи оти можни се решенија во кои реално судиите се тие што ќе ги решат прашањата околу истраги, докази, околу се, подвлече, согласно Законот за кривична постпка.

Премиерот Заев информира дека за сите детали на законот во кој е инкорпориран и СЈО имало средба и со Зијадин Села и со Биљаљ Хасами.

– Тоа не е условено со судски процеси. Никој и не го бара реално заради тоа што тоа не е под владата, ниту под парламентот. Можеби преку тоа сакале да испратат порака до правосудниот систем за одредени барања за правичност или слично. Верувам дека како што стига по многу процеси и предмети правдата, така и по овие предмети кои албанската опозиција ги зборува ќе се дочека правда транспарентна и јасна за сите, изјави Заев.

Поднесе оставка министерот за надворешни на Латвија- се возел во скапи приватни авиони

Министерот за надворешни работи на Латвија Крисјанис Каринс објави дека се повлекува поради обвинувањата за трошење народни пари во врска со скандалот со чартер летови.

Каринс денеска по средбата со премиерката Евика Силина објави дека на 10 април ќе поднесе оставка од функцијата. Парламентот веќе следниот ден може да одлучи за неговиот наследник.

Каринс беше критикуван за чартер летовите за време на мандатот на премиерот. Тој ја водеше латвиската влада од 2019 до 2023 година, а во тој период леташе околу триесет пати со приватни авиони наместо со поевтини, редовни линии.

Латвиското државно обвинителство минатата недела започна истрага за можното трошење јавни средства.

Каринс ги негира обвинувањата, тврдејќи дека летовите биле неопходни за да се заштеди време или за да може да се врати во земјата што е можно поскоро за работа поврзана со владата.

Силина рече дека Каринс ја презел политичката одговорност и дека се уште не знае кого ќе назначи за негов наследник.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

притисни ентер