Заев од Крива Паланка: Изборна единица три на 15 јули гласа за број 3, на ниво на цела држава победуваме со разлика до 50.000 до 120.000 гласови

Во изборната единица 3 ќе покажеме дека политичари кои не калкулираат со својот рејтниг, не се водат од популизам, туку напротив, му служат на својот народ и прават се за својата татковина.

,, Ја заслужуваат и ја добиваат довербата на изборите, порача вечерва од граѓанската трибина во Крива Паланка, претседателот на СДСМ и носител на изборната листа во ИЕ 4, Зоран Заев.

- Како што им ветив и пред една година на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги победиме со разлика од 50.000 до 120.000 гласови разлика на ниво на цела држава. Нашата понуда и во изборната едница 3 и низ целата држава е понуда на чесни, одговорни личноста. Покажавме дека можеме повеќе, можеме подобро, покажавме дека правиот пат нема алтернатива, тие се трите работи кои ќе донесат победа во изборна единица три и во сите други изборни единици, посочи претседателот Заев,се наведува во соопштението на СДСМ.

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е пред банкрот, граѓаните се на питачки стап, а Заеви трпаат милиони

Зоран Заев и СДСМ преку поскапената струја, која ќе ја плаќаат граѓаните, собираат свежи пари кои подоцна преку тендери треба да ги земат фирми блиски до власта и Заеви.

Додека граѓаните плаќаат поскапи сметки за струја, фирмите на Заеви нижат профити.

Доколку во изминатиов период СДСМ се поставеше домаќински и наместо буџетите на РЕК Битола и ЕЛЕМ да ги гледа како средство за богатење на поединци и се насочеше кон инвестиции и штедење немаше овие компании да имаат намалена добивка.

Наместо да вработуваше партиски војници и да врши директен поткуп пред избори, СДСМ преку ЕЛЕМ можеше да влијае на цената на струјата, која секаде во регионот и Европа во период на пандемија се намалува, само кај нас се покачува.

СДСМ не се грижи за граѓаните, се додека се работи за интересот на поединци блиски до Заеви.

Македонија е колатерална штета на желбата за богатење на Заеви и луѓето околу нив и тоа на сметка на трудот и маката на 2 милиони луѓе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Кардиоваскуларните болести и ракот најчести причини за смрт во Европа и кај нас

 Болестите на циркулаторниот систем и ракот заедно се причина за повеќе од половина од смртните случаи во ЕУ и се движи од 52 проценти во Франција до 82 отсто во Бугарија. 

По овие две болести, трета најчеста причина за смрт во најголем број земји од ЕУ се болестите на респираторниот систем, покажуваат податоците на Евростат.

Највисока смртност од циркулаторни болести има Бугарија – 66 отсто, а најниска во Данска – 23 проценти. Кај нас болестите на циркулаторниот систем се причина за смрт кај 51,8 проценти од случаите.

Според податоците на Државниот завод за статистика во 2019 година најзастапени причини за смрт во нашата земја се болестите на циркулаторниот систем – 51.8 процент, неоплазмите со 18.6 проценти, симптомите, знаците и ненормалните клинички наоди, некласифицирани на друго место со 10.7 проценти, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 4.6 проценти итн.

Болестите на циркулаторниот систем биле главна причина за смртност во сите земји од ЕУ, освен во Данска, Ирска, Франција и Холандија, каде бил ракот, покажуваат податоците на Евростат за 2017 година.

За правилна споредба меѓу земјите, Евростат врши анализа на бројот на смртни случаи на 100 000 жители.

Највисока стапка на смртност во ЕУ во 2017 година има Бугарија со 1 631 смртен случај на 100 000 жители. По неа следи Романија со 1 488, па Летонија 1 485, Унгарија 1 470 и Литванија 1 418 смртни случаи на 100 000 жители.

Најмала стапка на смртност во ЕУ има Франција со 838 смртни случаи на 100 000 жители, според податоците од 2016 година, по што следи Шпанија со 844, Италија – 875 и Луксембург – 911 и Шведска – 916.

притисни ентер