Заев од Гевгелија: Глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за враќање на рудниците, обнова му треба на ВМРО-ДПМНЕ, а не на државата, таа се обновува!

„Обнова му треба на ВМРО-ДПМНЕ, не и треба на државата" порача претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев на граѓанската трибина во Гевгелија.

Претседателот Заев забележа дека ВМРО-ДПМНЕ како водечка политика во југо-истокот ја промовира мерката за повторно отворање на рудниците, со што ВМРО-ДПМНЕ директно оди против волјата на народот, на директна штета на здравјето на граѓаните и на здравата животна околина во овој богат земјоделски крај.

„Во југоистокот ќе ги отворале рудниците. Да ги потсетам граѓаните како беше 11 години додека беа тие власт, молк, не смееше да има протест, не смееше да има референдум. Се дигнаа граѓаните против рудниците заради слободата што ја има сега и порачаа да не му падне на никој на памет да отвора рудници, За 48 часа го слушнавме гласот на народот и направивме корекции. Ги укинавме концесиите. Прво во Казандол, а потоа и за Иловица во струмичко. Тие носеа концесии, ние укинувавме концесии. Секој глас за Александар Николовски е глас да се вратат рудниците во струмичкиот и Гевгелиско-Валандовскиот крај. Ова е европско богатство на земјоделие и на екологија и треба да го заштитиме до крај. Тие ги даваа концесиите, ние ги укинувавме. Сега треба да видиме дали сме исти, не сме исти, комплетно сме различни", порача претседателот Заев.

Европратеникот, фатен како бега преку олук од геј-оргија , ја напушти и партијата на Орбан

Унгарскиот политичар Јозеф Шајер ја напуштил владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, откако се обидел да избега од хомосексуална оргија при полициска рација во Брисел, бегајќи преку олукот.

Орбан за весникот Magyar Nemzet изјави дека постапката на Шајер „не може да биде оправдана“ и дека е во спротивност со вредностите на Фидес, која што се претставува како приврзаник на традиционалните христијански и семејни вредности.

Шајер е еден од основачите на Фидес и бил соработник на Орбан повеќе од 30 години.

Тој бил водечката сила на Фидес во Европскиот парламент и одиграл клучна улога во измената на унгарскиот устав по победата на Орбан на изборите во 2010 година.

„Дејствата на нашиот колега Јозеф Шајер се некомпатибилни со вредностите на нашето политичко семејство“, рече Орбан.

"Ние нема да ги заборавиме или отфрлиме неговите 30 години работа, но неговиот чин е неприфатлив и не може да биде оправдан. Тој ја донесе единствената можна соодветна одлука кога се извини, поднесе оставка како европратеник и го напушти Фидес", додаде Орбан.

Шајер во неделата поднел оставка од функцијата европратеник и во изјавата во вторникот им се извинил на семејството, колегите и гласачите, велејќи дека жали што ги прекршил белгиските мерки против коронавирусот.

Околу 20 лица, вклучително и Шајер и засега непознати дипломати, биле казнети за присуство на приватна забава во петокот вечерта на која имало секс, дрога и алкохол. Полицијата открила дрога во близина на Шајаер.

"Не користев дрога, им реков на полицајците дека сум подготвен да одам на тест за дрога. Полицијата соопшти дека е пронајдена една пилула екстази, но не е моја, немам идеја кој ми ја наместил", рече тој.

Политичките аналитичари веруваат дека инцидентот може да му наштети на Орбан, чија конзервативна влада ги застапува христијанските и семејните вредности и ја зајакнува својата реторика против ЛГБТ заедницата.

Инцидентот избил во чувствително време за Орбан, кој е во расправија со Брисел околу условот на долгорочниот европски буџет со почитување на владеењето на правото.

Унгарија и Полска ставија вето на буџетот , во кој другите земји на ЕУ гледаат спас од кризата.

Атрактивна фудбалска судијка ужива на плажа во божиќно издание (ФОТО)

Атрактивната италијанско-американска манекенка, 38-годишна Клаудија Романи ужива во радостите на Божиќ.

Згодната Италијанка поради својата кариера се преселила од родната земја во Данска, подоцна замина во Велика Британија, а во последно време поминува време уживајќи на плажите во Мајами.

Оваа секси манекенка, која се појавила на насловните страници на магазините GQ и Maxim, а FHM ја рангира меѓу 100-те најсекси жени во светот во 2006 година, живее во Мајами, Флорида од 2010 година, а минатата година стана американски државјанин. Сега, пак, папараците ја фатија на песочната плажа во божиќно издание.

Таа носи црно-виолетово бикини со кое комбинира виолетова капа на Дедо Мраз.

Освен како модел, оваа секси Италијанка работи и како фудбалски судија, имено, има лиценца и може да суди во елитниот ранг на италијанскиот фудбалски шампионат. Претходно, таа едноставно објасни што ја привлекло кон судењето:

- Трчањето на терен со играчите и донесувањето одлуки е едноставно неодолива можност - изјави атрактивната фудбалска судијка која е ревносен поддржувач на клубот од Милано.

Волшебната Клаудија учествувала во француското реално шоу „Тајна приказна“ пред пет години, често истакнува дека е вегетаријанка и се фали како зборува шест јазици. Во слободното време, таа сака да предвидува спортски резултати и тоа го прави во долна облека.

Романи претходно и била позната на јавноста како поранешна девојка на легендарниот пензиониран фудбалер Пипо Инзаги, а денес е свршена за Крис Веховац, кој е одговорен за нејзините бројни секси фотографии.

Селена Гомез е во тајна врска со познат кошаркар?!

Откако минатиот месец биле видени на вечера во францускиот ресторан Лусиен во Њујорк, некои медиуми и социјални мрежи објавија нова романса помеѓу пејачката Селена Гомез (28) и кошаркарот Џими Батлер (31).

„Тие дефинитивно изгледаа како да се на романтична средба“, велат очевидци, според „Page Six“.

Играчот на Мајами Хит пред Селена бил со манекенката Кејтлин Новак со која ја има едногодишната ќерка Рајли - се чини дека поранешните партнери останале во добри односи дури и по раскинувањето, бидејќи Кејтлин е видена како го слави успехот на Батлер во финалето на НБА во септември.

Во меѓувреме, Гомез во септември изјави дека пандемијата на коронавирус целосно и го запрела љубовниот живот.

Да потсетиме, таа некогаш го сакаше колегата Ник Џонас, со години беше во бурна врска со пејачот Џастин Бибер, а по него беше видена со раперот The Weeknd.

Дали има вистина во гласините за романса со кошаркарот, ќе покаже времето - досега ниту Селена ниту Џими не ги потврдиле или негирале медиумските шпекулации.

притисни ентер