Заев од Гази Баба: Во првиот круг СДСМ добива 22 градоначалници, а ВМРО-ДПМНЕ само 6

„На 17-ти октомври победуваме, победува Гази Баба, победува Скопје, победува најдоброто во целата држава, наша татковина", порача вечерва од Гази Баба претседателот на СДСМ Зоран Заев, се наведува во партиското соопштение.

Пред граѓаните, претседателот Заев најави убедлива победа уште во првиот круг на локалните изборите.

„Гази Баба гази цврсто, кон уште една чиста, праведна, заслужена и голема победа!

И еве вечерва од Гази Баба да ја испратиме и првата проценка за 17-ти октомври на изборите, нашиот политички противник ќе победи во првиот круг во 6 општини, ќе добијат 6 градоначалници, а коалицијата на чело со СДСМ ќе победи во првиот круг со најмалку 22 градоначалници, тоа е 3 ипол пати повеќе. Слушајте ми го зборот, добро сум упатен, добро информиран, 22 на 6 во првиот изборен круг", истакна Заев.

Тој додаде дека граѓаните на Гази Баба најмногу ја заслужуваат победата и повика покрај за кандидатите за градоначалници на Гази Баба и Град Скопје, Борис Георгиевски и Петре Шилегов, да го дадат својот глас и за советничките листи предводени од Александар Димитријевиќ во Гази Баба и Софија Пејкова во Град Скопје.

„Драги мои сограѓани од Гази Баба победата вие во Гази Баба ја заслужувате најмногу од било кој граѓанин на било која општина на Македонија затоа што овде за овие 4 години се сработи 3 пати повеќе отколку последните 4 години на ВМРО-ДПМНЕ, затоа продолжете напред, продолжете со најдоброто, продолжете да победувате. Затоа на 17-ти дадете ја поддршката за Борис Георгиевски и Петре Шилегов, за советничките листи предводени од Александар Димитријевиќ и Софија Пејкова", порача Заев пред граѓаните на Гази Баба.

Терзиќ се надева на прекинување на црната серија против Баерн Минхен

Борусија Дортмунд сака да ја прекине лошата серија од 9 последователни порази против Баерн Минхен во Бундеслигата кога тимот викендов ќе гостува на „Алијанц Арената“.

-Време е. Наша цел е да одиме во Минхен и конечно да заминеме како победници, изјави тренерот на тимот Един Терзиќ.

„Жолто-црните примија 37 гола на тие 9 натпревари и немаат победа во првенството од 2018 година, а есента загубија на домашен терен со 0:4.

-Влегуваме во последниот и највозбудлив дел од сезоната. Подготвени сме да покажеме дека сме способни за се за да ги оствариме нашите цели, додаде Терзиќ.

Иако Баерн, кој 11 пати по ред е шампион во Германија, нема најдобра сезона, „против нас секогаш го покажуваат најдоброто“, истакна тренерот на Борусија.

Екипата на Дортмунд за утрешниот меч ќе биде без суспендираниот играч за врска Марсел Забицер, повредениот бек Рами Бенсебаини и голманот Грегор Кобел кој има стомачен вирус. /МИА

Велигденска честитка на Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

„Не е овде! Воскресна! Еве го местото каде што го положија“ (Марко 16,6)

Со овие едноставни зборови, евангелистот Марко опишува како жените, во раните утрински часови, на првиот ден од седмицата, го откриле празниот гроб. Жените со страв го напуштаат местото, иако требало да знаат дека одамна пророците го објавиле настанот на Исусовото воскресение.

Но, како се случи тоа? Само три дена пред Исусовото воскресение, Петар се одрекол од Него. Три пати рекол дека не го познава човекот кој тврди дека е Месија, Спасител. Петар уште немаше сила да посведочи за Христа. А учениците кои после Исусовата смрт на крстот отидоа од Ерусалим во Емаус, го препознале дури кога го прекршил лебот за да јаде заедно со нив.

Учениците кои речиси три години го следеле Исуса, го слушале и ги гледале чудата што ги правел, не можеле веднаш да поверуваат. Уште еднаш требало да поминат низ школата на верата за да ја примат на крајот силата на Светиот Дух, со што ќе се ослободат од својата плашливост и ќе излезат од своето скривалиште и јавно ќе зборуваат за големите Божји дела. На крајот, ги положија своите животи за верата, а во служба на Радосната вест. Силата што ја примија ги одржуваше и ги поддржуваше, да не се плашат повеќе, туку да можат смело да сведочат за Христос, Спасителот на луѓето, кој умре со страшна смрт на крстот и кој воскресна. По воскресението, прво им се јави на учениците свои, а по четириесет дена се вознесе на небото и седна оддесно на Отецот, од каде пак ќе дојде во слава и ќе им суди на живите и мртвите. Оваа велигденска порака ни е предадена во Евангелијата и оттогаш таа се објавува, пренесува, објаснува и постојано се толкува веќе две илјади години.

Денес веќе не гледаме празен гроб на чија порака би можеле да и веруваме. Разните привлечни туристички аранжмани за велигденските празници ја одредуваат сликата за Велигден. Затоа не е лесно да ги откриеме трагите на воскресението во секојдневниот живот. Но, да се потсетиме дека ни учениците од Емаус не можеа да го препознаат Исуса додека беа со него на пат, затоа што очите им беа замрежила и го сметаа за туѓинец, но нивните срца гореа додека тој им го толкуваше Писмото. Го препознале во кршењето на лебот. Господ нека го разгори и нашето срце кога го читаме и слушаме словото Божјо за да можеме да го препознаеме воскреснатиот Христос на секое евхаристиско славење кога молиме: „Господи, Твојата смрт ја навестуваме, Твоето воскресение го славиме, Твоето славно доаѓање го очекуваме!“

На сите Ви посакувам Честит празник Воскресение Христово - Велигден!

Христос воскресе! Навистина воскресе!

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

притисни ентер