Заев од Чаир: Го градевме концептот едно општество, но градевме и патишта низ целата држава, покажавме дека има пари за сите потреби на граѓаните

„И во време додека ги решававме отворените прашања и додека го трасиравме патот кон НАТО и ЕУ, постигнавме клучни успеси и на домашен план, успеси во економијата, во инфраструктурата", порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Чаир.

„Додека ги решававме споровите со Грција и Бугарија, додека го градевме концептот „едно општество", градевме и патишта низ целата држава. 750 километри патишта се изградија 750 километри патишта. Се гради интензивно Кичево - Охрид, се градат експресни патишта Штип - Кочани, Штип - Радовиш, а почна да се гради и автопатот Скопје - Блаце. Обезбедивме 70 милиони евра за локални патишта и 55 милиони евра за водоводи и канализација. Докажавме дека има пари за се во државата и да градиме патишта и водоводи и да враќаме пари кај граѓаните преку Мој ДДВ, преку раст на платите и пензиите. Постигнавме многу, ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро", заклучи Заев, се наведува во соопштението на СДСМ.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ зборува за задолжување откако тројно го зголеми јавниот долг

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ удобно сместено во белата палата изгубило допир со реалноста и заборавило дека целиот свет се справува со здравствена и економска криза од невидени размери, предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Во такви вонредни услови Република Македонија, како и многу други држави, мораше да обезбеди капитал од странство за полесно справување со последиците од кризата, да обезбеди ликвидност и простор за преземање на антикризни мерки за да можат стопанството и граѓаните полесно да ја пребродат кризата.

Во вакви услови ВМРО-ДПМНЕ зборува за зголемување јавниот долг, а да биде нивното лицемерие поголемо и еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монтерен фонд се земени со согласност на ВМРО-ДПМНЕ, односно со потпис од дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска.

Крајно е несериозно ВМРО-ДПМНЕ, да зборува за задолжувања, откако тројно го зголеми јавниот долг на државата за финансирање на непродуктивни трошоци.

Граѓаните на изборите ги казнија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, кои значат враќање назад кон мрачното минато, кон заробената режимска држава, кон заканите, уцените, заплашувањата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција, запаметена по своето расипништво и криминално трошење на народните пари за лични и бизнис интереси на поединци.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива со реакција до Агим Нухиу

​Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, дури и по акциите во Синичани, продолжува да се занимава со Албанците. 

Овој пат со деградација на полицајци-Албанци во министерството каде тој раководи.

ДУИ преку партиски војници како Агим Нухиу ги користи државните позиции за одмазда против сите што гласаа за промена. Ваквото однесување на ДУИ им штети на луѓето директно, но и на државата. Нагласуваме дека државните институции треба да функционираат со професионалци, а не со војници кои работат под партиски наредби.

Апелираме до локалните институции, но и меѓународната заедница да преземат постапки согласно законот со кои ќе се запре злоупотребата на МВР за партиски интереси. Ова министерство мора под итно да прекине со деградацијата на албанските професионалци, кои ја вршат својата работа како што треба.

Ваквите постапки на ДУИ се само сведоштво за гневот на нивниот пораз на последните избори! Дојде време нашата држава конечно да стави крај на ваквите режими и да започне да функционира во европски дух.

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива,

До Град Скопје досега пристигнати 2.150 апликации за субвенции за инвертери

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.150 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања.

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Град Скопје

притисни ентер