Заев очекува Бугарија да продолжи да и биде партнер и поддржувач на Македонија

Премиерот Зоран Заев очекува Бугарија да продолжи да биде наш пријател и поддржувач во процесот на евроинтеграција согласно членот 2 од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. 

Како што денеска изјави земјава нема да испорача никакви конкретни чекори додека не ја добие поддршката.

– Ние сме подготвени да ги преземеме заемно како две страни нашите обврски. Впрочем, голем дел и ги преземаме непишано – борбата против говорот на омраза да ја таргетираат двете министерства за надворешни работи, но и самите институции реагираат кога се сквернават споменици, кога се валка национално знаме на која било од двете земји итн. Ги преземаме дејствијата заради тоа што пријателите тоа го прават. Но, пред нас имаме и патоказ на којшто треба да работиме, а тоа е унапредување на институционалната соработка, инфраструктураната поврзаност меѓу двете земји, меѓусебното помагање и размена на искуство на сите наши идни перспективи. Спремни сме преку дипломатска нота да дефинираме дека краткото име е исто со долгото име на државата, односно дека С. Македонија е исто што и Република С. Македонија, дека немаме територијални претензии, изјави Заев по денешната промоција на новата инвестиција на компанијата „Филип Морис".

Во однос на најавите за бришење на зборот „бугарски" каде што се споменува фашистички окупатор во учебниците и спомениците, Заев рече дека не треба да се поистоветуваат цели нации со фашистичкиот окупатор и оти ваквата најава е во духот на пријателството, добрососедство и еврпопските манири. Смета дека со ваквата најава не се меша во работата на Мешовитата македонско-бугарска комисија која, како што рече, се занимава со историските моменти од тоа време.

– Ние зборуваме за политичкиот дел на одлучувањето коешто се однесува на иредентизам, на провокативност и на неевропски манири. Во западноевропските земји, фашистичкиот окупатор нема етничка боја, нема национална боја и затоа на спомениците ќе остане фашистички окупатор, целта е да се избрише бугарски, рече Заев, додавајќи дека не смее цели нации да се обвинуваат за фашизам.

Фашистичкиот окупатор, рече Заев, беше Третиот Рајх и пактот којшто беше создаден од страна на Германија, Италија и Јапонија на кој се приклучија земји, меѓу кои беше и Бугарија, но не може да ги осудувате следните генерации дека се фашисти.

– Апсолутно не сакам на некој ниту да му учинам повеќе од тоа што е дозволено, ниту пак да направиме некои дополнителни чекори. Апсолутно граѓаните знаат дека историјата ќе испише кој бил на страната на фашизмот и кој учествувал, но тоа не значи дека треба да дадете етнички предзнак и етничка придавка пред фашистичкиот окупатор, рече Заев.

Герасимовски: Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица

Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица, туку оние кои оставруваат профит.

Со законско решение за конфискација на дивоградбите, ќе се одземат нелегалните објекти кои оставруваат профит и ке се пренаменат во непророфитни објекти или во места каде ќе се одржуваат културни манифестации, ова утринава го соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод новото законско решение за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Според градоначалникот со законот ќе се реши урбанистичкиот хаос

Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“

Дами и господа, во Среда на 3 април, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Дами и господа, во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер - Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска... Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Само Вистина, Среда 03 Април 18.30 часот!!

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа да придонесе за мир.

Потребата Косово да преземе дополнителни дејствија за неговото членство во Советот на Европа да придонесе за мир, но и потребата за дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат околу статусот под кој би бил приемот, ги истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој воедно е и претседател на поткомитетот за Западен Балкан на Советот на Европа за време на расправата во Париз на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на СЕ, јави дописничката на МИА од Атина.

На расправата и гласањето на извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани за приемот на Косово во Советот на Европа, Ципрас ги поздравил извештајот, перспективата за членство на Косово и фактот што земјата ја призна правната сопственост на манастирот Високи Дечани.

Сепак, истакнал дека тоа не е доволно како единствен услов и дека се потребни дополнителни активности од Приштина особено во однос на формирањето на Заедницата на српските општини и законот за експропријација на малцинските имоти за интеграција на Косово во организацијата.

Паралелно потенцирал дека тензијата е многу зголемена во регионот со заемна одговорност на страните и потребни се повеќе авансни гаранции за приемот на Косово во Советот на Европа вистински да се придонесе за мирот на Балканот.

Додал дека е потребна дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат Косово за статусот под кој ќе се приклучи на организацијата.

Извештајот за Косово вчера беше усвоен од Комисијата за политички прашања, а следен чекор е пленарна расправа, која ќе се одржи на 18 април.

Како што вчера јави дописникот на МИА од Белград, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека за одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа за препораката за прием на Косово во членство во Советот на Европа е срамна и скандалозна.

притисни ентер