Заев: Немаме ништо против локалните избори да се одржат и на 17 октомври

 Премиерот Зоран Заев вели дека СДСМ е согласен датумот на локалните избори да биде и 17 октомври, како што бара опозицијата, ако за тоа се договорат сите партии.

Предлогот, изборите да се одржат на 31 октомври, како што рече, го дал само поради поклопување на термините за кампањата со терминот за одржување на пописот на населението.

-За мене е многу важно што ќе каже опозицијата. Таа треба да биде задоволна со датумот на избори. Ако се одржат на 17 октомври се поклопува кампањата со пописот, и тоа не е добро, треба да го истуркаме пописот до крајот на септември, по што може да почне кампањата. Но, ако каже опозицијата 17-ти и сите други партии се согласат ние сме согласни. Следниот викенд е 24-ти и 31-ви, тие се опциите за октомври, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по промоција на комлексот Планет.

Тој вели дека на барање на опозицијата се случило и одложување на изборите од септември за втора половина на октомври.

-Со Мицковски кога имавме средба тие побараа одложување на изборите од септември за октомври, договоривме втора половина на октомври, а тоа е 17, 20 и 31 октомври. Јас ги консултирав партиите во државата, начелно сите без согласни и беше постигнат договор, рече Заев изразувајќи уверување дека низ разговори партиите ќе се усогласат за датумот за одржување на изборите.

Премиерот Заев нагласи дека одржувањето на изборите по 17 октомври не е противуставно и оти фак за тоа што одложување или пролонгирање на изборите се случило во 2004, 2005 година, и во 2017 година.

-Не е несуставно, а тоа го потврдува 2004, 2005 година одложувањето на изборите и 2017 од пролет на есен, со измена на Законот за изборите каде што се вели дека градоначалниците и советите ги вршат функциите се до избор на нови градоначалници и совети. И тоа е веќе проверено и впрочем е адресирано и пред Уставен суд во постапка во минатото и колку што сум запознаен од правниците од мојот тим и одбиена, затоа што Законот вика избори да се одржат во годината кога се навршуваат четири години и затоа е дозволено плус мунис 15 дена, пет месеци и теоретски 12 месеци, рече Заев.

Во врска со набавката на опрема за отисок од прст за одржување на локалните избори, тој истакна оти е информиран дека има една фирма која се јавила на повикот.

– Ако се потврди таа фирма изведувач, има доволно време, ако не се надевам дека до почетокот на неделата ќе се донесе одлука да може да се искористи времето и запазат роковите согласно опциите што ги дава законот. Тогаш една од варијантите е правото и одговорноста да дојде кај претседателот на ДИК лично. Согласно обврската од изборниот законик, а таа е да има отисок на прст веќе на следните локални избори, законот за јавни набавки дава можност да се договори набавката по пат на преговарање и договарање, рече премиерот.

Тој додаде дека за него е важно да се спроведе овој процес, пред се како што рече затоа што тоа го бара опозицијата, но и тој да биде успешен, односно фирмата која ќе го изведува да биде доверлива и да прифати одговорност затоа што ќе располага со биометриски податоци на граѓаните.

Санкционирани 51 возач за пребрзо возење на територија на СВР Битола

Полициски службеници од СВР Битола денеска од 8 до 13 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 51 возач.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, известуваат од МВР.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потенцираат од МВР.

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 1 и 2 август 2021 година (недела и понеделник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

-Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот утре, па сè до 22.00 часот на 2 Август, на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место наречено Слива, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен, информираат од полицијата.

За безбедно одвивање на сообраќајот потребно е да се почитуваат сообраќајните знаци, прописи и наредби на полициски службеници, велат од МВР.

Руски „Иљушин-76“ пристигна на помош во Турција за гаснење на пожарите (ВИДЕО)

Авион на руската служба за итни случаи Иљушин-76 слета денеска во Турција за да им помогне на тамошните власти во гаснењето на пожарот што беснее во околината на Анталија.

Три авиони што Русија ги испрати во Турција, од типот Б-200, веќе се во акција и го гаснат пожарот во околината на Анталија.

Еден од авионите денеска го гаснел огнот неколку часа на потегот помеѓу градовите Анталија и Манавгат, објави ТАСС .

Турските власти побарале помош за гаснење на пожарите во близина на населбите и туристичките зони каде што се руските туристи.

Руското Министерство за одбрана и Руската служба за вонредни ситуации одлучиле да одговорат на барањето на Турција за помош со испраќање 11 авиони за гаснење на пожарите.

Пожарите избувнале во средата, недалеку од одморалиштето Манавгат, јужно од регионот Анталија, поради екстремно високите температури, а во четвртокот огнот се проширил и на други области, вклучително и одморалиштата во Ајдин и Мугла.

Со БМВ блокирала противпожарно возило, па добила лекција (ВИДЕО)

Несовесна жена возач можела да биде среќна поради трпението на пожарникарите.

Видеото објавено на Редит уште еднаш покажува колку краткото застанување на патот е непромислен потег. Вклучувањето на сите четири трепкачи не значи дека сте семоќен, особено на улиците каде што автомобилите се веќе паркирани странично, па паркираниот автомобил им пречи на возилата што се обидуваат да го поминат патот.

Оваа жена возач одлучила да го паркира БМВ -то на патот, веројатно мислејќи дека може да се паркира на неколку минути, бидејќи тоа никому нема да му пречи. Токму тогаш, минувале пожарникари, со вклучени сигнални светла и сирена.

Спротивно на очекувањата, пожарникарите одлучиле да почекаат некое време и да ја повикаат сопственичката со сирена, да го отстрани автомобилот и да им дозволат да поминат непречено. По околу една минута, сопственичката, оди спокојно за да седне во автомобилот. Пожарникарите одлучија да ја почестат со соодветна мелодија. Со оглед на сите работи, таа можела да биде среќна за минималното предупредување.

Патем, во претходните случаи, сопствениците на БМВ кои што биле неправилно паркирани и спречиле пожарникарите да пристапат до хидрантот,останале без стакло.

притисни ентер