Тој во првото јавно појавување пет дена по несреќата, во одговор на новинарско прашање кажа и дека не гледа причина за оставка на целата Влада, како што бара опозицијата.
-Трагедии се случуваат насекаде во светот и како што реков го разбирам високиот морален чин и од страна на министерот и од зам. Министерот, од директорот и од економскиот директор , како чин пред се од човечка причина, чин што е пред се од етички и морален аспекти и еве тие ја доставија оставката..Не мислам дека целокупната влада треба да си поднсе оставка за ова.“///„ Ред е прво да почекаме да се добијат сите одговори од сите експерти од форензичарите од целокупната истрага од сите можни аспекти за после тоа да го кажам моето мислење во однос на поднесените оставки.. На министерот, зам министерот, директорите. //-Зоран Заев – Претседател на Владата
Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да ја чекаат одлуката на Заев и до Собранието ќе поднесат предлог одлука за разрешување на Филипче. Денеска од партијата кажаа дека предлогот го потпираат на членот 68 од Уставот кој му дава право на Собранието да избира, назначува и разрешува носители на јавни функции.
„После една ваква катастрофа кава што беше горењето на болницата во Тетово, сметаме дека Талат Џафери треба да се стави во улога на заштита на граѓаните и конечно да искаже политичка воља оставката на Венко Филипче да биде констатирана во Собранието бидејќи после една ваква катастрофа најмалку што може Собранието да направи за граѓаните е да ја констатира оставката на Филипче, а потоа истражните органи да си ја водат работата кон тоа дали и кој сноси кривична одговорност.“-Антонио Милошоски – Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ пак велат членовите на Владата оставките ги поднесуваат пред премиерот, повикувајќи се на членот 94 од Уставот.
„ Уставот на државата е јасен. Член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат Христијан Мицкоски. Заврши времето кога политиката доминираше над правото“,-Богданка Кузеска – СДСМ.
Канал 5 го контактираше собранискиот спикер Џафери, кој во куса телефонска изјава кажа дека не е возможно премиерот да предлага избор на министер, а предлогот за разрешување да го врши Собранието,,,Тој посочи дека пратениците имаат право на интерпелација како интрумент за одговрност на министер, но опозијата сака да ја избегне оваа алатка, за како што велат, да не одлогвлекува процесот.
Додека се расчисти судбината на оставките, и Филипче и неговиот заминик Хасани, како и директорите на тетвоската болница продолжуваат со работа, сопшти премиерот.. Но, самиот Хасани на неговиот Фејсбук профил веќе објави фотографија како се подготвува за операција и напиша дека се вратил во матичната клиника за трауматологија.