Заев: Нашата советничка група е најдобрата понуда за Гостивар

Во недела граѓаните ќе го кажат своето, ќе и дадат ветер во грбот на својата земја, ќе ја поттурнат напред и ќе им го покажат грбот на деструктивните сили, секој го гледа нашиот труд последниве години.

„За да ја унапредиме државата и квалитетот на животот, порача вечерва од Гостивар претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој посочи дека ќе продолжат успесите на нашата држава и дека СДСМ во секоја општина го носи Најдоброто.

„На овие избори покрај градоначалничките места исто толку важни се и листите за советници. Развојот и напредокот на општините зависи и од локалните совети,од нивната капацитетност и одговорност пред граѓаните. Затоа, ве повикуваме, во недела, да гласаме за советничките листи на СДСМ и Најдоброто, за советници кои ќе реализираат проекти, а не за оние кои блокираат и опструираатДа гласаме за развојот кој го нудат советите на СДСМ, а не за блокадите со кои се заканува ВМРО-ДПМНЕ.

Да не им дозволиме да блокираат градинки, училишта, улици, водоводи, канализации, паркови. Сите сме сведоци на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Тоа сакаат да го прават и во советите, но нема да им го дозволиме. Нивните блокади кога се малцинство, не можат да му наштетат на народот.Токму затоа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ама и Алијанса и Села треба да бидат малцинство во советите.Гласајте за советници кои ќе бидат одговорни кон својот народ, кои ќе соработуваат со централната власт." порача Заев.

Претседателот Заев се осврна и на понудата, на досегашните и идни проекти важни за развој на Гостивар.

„Ние овде во Гостивар одлична листа имаме, составена од докажани, професионални, чесни и угледни имиња, имиња кои Гостивар ги знае и ги почитува, луѓе подготвени да работат за својот град за своето населено место. И само така знае да работи СДСМ, секогаш за и секогаш со граѓаните и тоа го покажуваме во континуитет.

Како централна власт покажавме дека не ги делиме општините на мали и големи, на важни и неважни, на опозициски и владејачки. Ние инвестираме во својот народ, без разлика во која општина живее.

Доказ за тоа е и Гостивар, доказ за тоа се бројните важни проекти во кои инвестиравме.

Овде во Гостивар како централна власт поддржавме реализација на: Изградба на гасоводната линија Гостивар – Кичево, проектот се финансира со кредит од ЕБОР, рехабилитација на магистралниот пат Гостивар – Колари во должина од 28,5 километри, изградба и опрема на детска градинка во Општина Гостивар, со капацитет за 90 деца, набавка на 7 возила за одржување на јавна хигиена преку проект МСИП, изградба на водоводна мрежа во Гостивар, нова спортска сала - ОУ Мустафа Кемал Ататурк.

Ете што значи вистинска грижа, ете што значи Најдоброто за секоја општина.

Така и ќе продолжиме почитувани граѓани, затоа што секој регион секоја општина мора да се развива рамномерно, сите граѓани да имаат еднакви услови за живот.

Следуваат нови важни проекти за Гостивар поддржани директно од централната власт.

Еден од нив, можеби најважниот е изградбата на автопатот Гостивар - Букојчани - Кичево, што истовремено ќе значи подобра поврзаност на Гостивар и повеќе можности за забрзан економски раст.

Ние продолжуваме да инвестираме во секоја општина, во секое населено место. За да си ги задржиме младите во нивните општини.Искористете ја шансата и во недела одберете го Најдоброто за Гостивар. Гласајте за советничката листа и за бројот 12" порача Заев,се наведува во соопштението од СДСМ.

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер