Заев на средба со холандскиот амбасадор Јан Коп

Примарен фокус на новата Влада предводена од СДСМ ќе бидат правдата и владеење на правото

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска се сретна со холандскиот амбасадор во Република Македонија, Дирк Јан Коп.

На средбата се разговараше за процесот на подготовка на изборниот процес за парламентарните избори закажани за 15 јули, процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, како и состојбата со коронавирусот.

Претседателот Заев посочи дека државата досега покажа напредок во процесот на организирање избори во последните три години и затоа со право очекува изборите на 15 јули да бидат фер, слободни и по сите меѓународни стандарди, а од друга страна институциите ги преземаат сите мерки за целосна заштита на здравјето на граѓаните при процесот на гласање.

Пред амбасадорот, претседателот Заев ги претстави и приоритетите на новата Влада предводена од СДСМ, по победата на изборите на 15 јули, додавајќи дека правдата и владеењето на правото ќе бидат примарен фокус на идната влада предводена од СДСМ.

„Почетокот на преговорите со Унијата го очекуваме до крајот на годината, за време на германското претседателство и затоа бараме поддршка и од Холандија и од сите земји членки на ЕУ. Во следниот мандат продолжуваме уште повеќе да вложуваме во закрепнување на економијата и зајакнување на здравствениот систем – основните предуслови за успешно справување со последиците од коронавирусот. На тој начин обезбедуваме континуитет на досегашните успеси. Продолжуваме да градиме стабилна држава која продолжува на патот кон членство во ЕУ", порача Заев.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер