Заев на состанокот на ПЕС: Ќе ги задржиме сите работни места, време е за европска солидарност

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес одржа состанок со своите колеги од ПЕС (Партија на европските социјалисти).

На состанокот кој заради вонредната состојба со коронавирусот се одржа во форма на видеоконференција, лидерите на европските социјалдемократи и социјалисти ги презентираа мерките кои се преземаат во нивните земји и ги споделија најдобрите практики.

На состанокот Заев ги презентираше мерките кои владата предводена од СДСМ ги има преземено до овој момент и мерките кои ќе се преземаат во зависност од тоа како ќе прогресира ситуацијата со коронавирусот.

Еден од главните фокуси и практики се насочени кон зачувување на работните места во услови на очекувана економска криза и рецесија, како и одржување во кондиција на реалниот сектор преку субвенции и мерки кои ќе му овозможи на секторот брзо окрепнување. Заев ги презентираше мерките со кои на сите вработени во приватниот сектор ќе им се гарантира минимална плата субвенционирана од државата, како и даночни олеснувања за сите компании зафатени од кризата.

За прв пат на ниво на ЕУ се размислува за воведување на Европски здравствен фонд и Европски фонд за невработени како одговор на очекуваната криза и неопходна поддршка на здравствените и социјалните системи низ цела Европска унија. Сите се согласија дека ЕУ ќе мора да биде флексибилна, прагматична, брза и достапна за државите членки, но и за државите кандидатки.

Лидерите на ПЕС се согласија дека солидарноста е основна димензија која сега мора да ги обедини сите на континентот и дека ќе продолжи на дневна основа размената на позитивни практики со цел брзо и ефикасно надминување на кризата.

СДСМ

Пошумување на Глишички рид во Кавадарци

Пошумување на Глишички рид се реализираше денеска во близина на Кавадарци, акцијата беше во организација на кавадаречката локална  самоуправа, во соработка со еколошкото друштво ,,Еко - живот" и ученици од трите средни училишта во градот. 

Доне Илов, раководител на сектор за животна средина при Општината, рече дека шеста година по ред, се посадуваат садници на ерозивни подрачја.

- Пролетва ќе бидат продадени околу 2.5 илјади садници. Овојпат посадуваме багрем, додаде тој.

Претседателот на ,,Еко - живот", Роберто Паризов апелираше и други субјекти во општината, да се вклучат во вакви и слични еколошки акции.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека последниве години во Општина Кавадарци се реконструираше целата постоечка јавна зелена површина, но се подигнаа и нови, на повеќе локации, со вкупна површина од над 130.000 метри квадратни.

- По цели 60 години со целосен автоматски систем за наводнување и нови содржини, реконструиран е Градскиот парк Љупчо Шкартов. Кавадарчани добија и нов парк, Киро Крстев, изграден според сите светски стандарди и богат со урбана опрема и зеленило. Во паркот на револуцијата пак, никна нов Дендро парк, богат со разновидни видови на растенија.

Исто така и локалитетот 12 Ваташки младинци е целосно хортикултурно уреден, појасни тој.

Шеста година по ред, додаде, секоја пролет и есен се пошумуваат и околните ерозивни подрачја што го напаѓаат градот.

- Три години се пошумуваше на Журов дол во село Ваташа, во изминатите три години таму се посадија 40.000 садници од чемпрес и багрем. Изминатите две и оваа веќе трета година, се пошумува на локалитетот Глишички рид, каде беа посадени досега 15.000 садници. Во ова пролетно пошумување, ќе се посадат уште 2.500 садници на багрем, а на есен се планира помасовно садење од 5.000 садници, информираше Јанчев.

Уапсени петмина новинари од независни медиуми во Русија

Петмина новинари кои работат за независни медиуми се уапсени синоќа и денеска во Русија, јави невладината организација ОВД-Инфо, специјализирана за следење на репресијата во таа земја.

Околу полноќ полицијата ги приведе Екатерина Аникијевиќ од медиумот СОТА Вижн и Константин Жаров од РусЊуз, соопшти таа организација.

Жаров бил тепан од полицијата и му се заканувале со сексуално насилство, пренесе организацијата.

„Ме шутираа, ми ја ставаа ногата на глава, ми ги вртеа прстите, ме исмејуваа кога се обидов да станам“, рекол Жаров. Како што пренесува неговиот медиум Русњуз, тој кажал дека има повреда на главата, гребаници, изместени прсти и исчашувања.

Тој рече дека насилството било предизвикано поради снимањето во станот на другата новинарка Антонина Фаворскаја од СОТА Вижн, која синоќа била приведена веднаш по ослободувањето по 10 дена притвор поради непочитување на полицијата.

Синоќа е претресен станот на таа новинарка, како и нејзините родители, изјави нејзиниот адвокат Миахил Бирјуков.

Уште две новинарки, Александра Астахова и Анастасија Мусатова, кои дојдоа да ја земат својата колешка на излегување од затвор, исто така се приведени и однесени на распит, јави СОТА Вижн.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

притисни ентер