Заев: Мијалков се пријави во ЈО, правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто

Премиерот Зоран заев најави прес конференција во врска со предавањето на поранешниот директор на УБК , Сашо Мијалков. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Легендарниот Ferrari 250 GTO се враќа (ФОТО)

Рестомод сцената станува се посилна, а работите се уште поинтересни кога приказната се врти околу безвременските класици.

GTO Engineering е компанија од Велика Британија што го најави „ Project Moderna “, со што ќе се појави мрежно модерно толкување на легендарниот модел на Ферари. Објавувањето на проектот било проследено со ентузијазам кај обожавателите на оваа класика, па затоа компанијата одлучила да ја информира јавноста за напредокот на проектот. И да, освен изгледот, сè ќе биде ново, па тие претпочитаат својот иден автомобил да го нарекуваат „преродба“ , а не „рестомод“.

И покрај сегашните трендови, атмосферскиот мотор V12 е избран за напојување на овој специјален автомобил. „За нашиот тим, моторот и естетиката се двата најважни делови на автомобилот, така што започнавме од таму со толку голем ентузијазам“, објаснува Марк Лион, основачот на компанијата, кој работи на проектот.

Моторот ќе се спои со мануелен менувач, додека основата на автомобилот ќе биде тубуларна челична шасија, но со подрамки изработени од алуминиум. Целта е јасна, а тоа е да се остане под 1000 кг. Изгледот на автомобилот е целосно дефиниран од оригиналот, а единствениот проблем ќе биде потребата да се прилагоди на фактот дека луѓето денес се во просек повисоки отколку во 1960-тите.

GTO Engineering сега формално го отворил списокот со нарачки, но јавно не ја објавува почетната цена, ниту датумот на испорака на автомобилот.

Пукотници во средно училиште во САД, застрелан ученик (ВИДЕО)

Ученик е повреден во денешното пукање во средното училиште Вотсон Чапел во Пајн Блаф, во американската сојузна држава Арканзас, соопштила управата на окружното училиште.

„Родителите на повредениот ученик се информирани“, се вели во соопштението, додавајќи дека сите други ученици се безбедни, а станувало збор за „изолиран инцидент“, пренесува Ројтерс.

Наставата започнала денеска во училиштето во Пајн Блаф, што се наоѓа на околу 70 километри од главниот град на државата Арканзас, Литл Рок.

Кембриџ :Само една доза на вакцината од Фајзер го намалува ширењето на короната

Само вакцинацијата со една доза на вакцината на Pfizer ја намалува веројатноста за пренесување на вирусот за 75 проценти, покажала новата студија.

Студијата е спроведена на 9000 луѓе меѓу здравствени работници во Кембриџ, Велика Британија. Тестовите за присуство на вирусот кај лица вакцинирани со единечна доза на Pfizer 12 дена по вакцинирањето покажале дека процентот на лица заразени со вирусот САРС-CoV-2, но без симптоми, е за 75 проценти помал. Бројот на заразени со симптоми се намалил за сличен процент.

Ова откритие е важно затоа што покажува дека вакцинацијата значително го намалува преносот на вирусот.

Од претходните истражувања било јасно дека Pfizer е многу ефикасен во намалувањето на симптоматските инфекции, но досега не било познато дали вакцинираните лица можат да станат асимптоматски и да продолжат да ја пренесуваат инфекцијата.

„Ова ќе значи дека со зголемување на вакцинацијата, пренесувањето на вирусот кај луѓето значително ќе се намали, што е одлична вест“, изјави за Гардијан водачот на студијата Мајк Викес од Универзитетот во Кембриџ.

притисни ентер