Заев: Македонскиот идентитет и јазик не се на ниедна маса за преговори

Пред нас е самитот на Европскиот совет во јуни за решение што ќе ја оттргне блокадата од нашиот европски пат , рече претседателот на СДСМ , Зоран Заев на граѓанската трибина во Скопје.

Прашањето за македонскиот јазик и и идентитет не се и не можат да бидат на ниедна маса за предовори , рече Заев.

„Вашиот глас е слушнат секогаш и е уважен секогаш , без оглед кој ќе биде предложен за кандидат во вашата општина. Затоа говориме за најдоброто за вашата општина , за вашиот град. СДСМ и нашата коалиција енајдобриот избор за граѓаните, рече Заев на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“..

Во воведниот дел од обраќањето, Заев се осврна на актуелната состојба со процесот на евроинтеграциите и надминување на нелогичните блокади на патот кон ЕУ.

- Ви носам поздрави од Париз, од главните градови на цела Европа, преточени поздрави во силна и искрена поддршка за нашата татковина чиј главен град е ова наше убаво Скопје! Скопје е гордо и почитувано кога Македонија е горда и почитувана.

За нас е многу важно што земјите членки на ЕУ, меѓу кои и Франција го поддржуваат процесот на интеграција во ЕУ. Пред нас е Самитот на Европскиот Совет во јуни, вистинска можност за чекор напред и за решение кое ќе ја оттргне блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решенија, а најважното просперитетно решение сега за нас е решението за почеток на преговорите, одобрен од сите земји членки на ЕУ, порача Заев.

Претседателот Заев истакна дека државата направила се што треба во процесот на реформи и исполнување на критериумите и дека сега на ред е Европската Унија.

- Направивме се, сработевме, ги исполнивме сите критериуми, на ред е ЕУ да испорача. Подготвени сме за билатерален дијалог кој ќе донесе разумен и взаемно прифатлив договор во рамките на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Секако прашањата за македонскиот јазик и идентитет не се и не може да бидат на којабило маса.

Се бориме за иднината на земјата и ќе направиме се за неа. Да се бориш за својата земја, за својот народ, за својат град, општина, е привилегија, чест, одговорност, заклучи претседателот Заев.

Американската морнарица активираше бомба во океан, експлозијата предизвика земјотрес

Американската морнарица активираше бомба во океан, во рамки на воените вежби влиску крајбрежјето на Флорида.

Тие објавија снимка на која се покажува моментот во кој беше активирана бомбата од 18 илјади килограми.

Експлозијата, според информациите, била толку силна што предизвикала земјотрес. Бродот на американската морнарица се наоѓал блиску до местото на експлозијата, а намерата била да се провери колку се издржливи бродовите, кога би се соочиле со вакви напади.

Комисијата за финансирање и буџет го поддржа Законот за субвенциониран студентски оброк

Амандманот за Член 10, поднесен од самите предлагачи на Законот беше прифатен од претставниците.

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет беше отворен претрес на амандманите за менување на членовите од Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, поднесени од пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски.

Амандманот за Член 10, поднесен од самите предлагачи на Законот беше прифатен од претставниците.

– На Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк предлагам комисиски амандман по Член 10 се додава нов член 10а што гласи: „Одредбите од членовите 7, 8, 9 од овој закон со кој се менуваат членовите 10, 11, и 12 ќе се применува до завршувањето на академската 2021/2022 година. По завршување на академската годината ќе се применуваат одредбите од членовите 10, 11, и 12 на законот за субвенционирање студентски оброк објавен во службен весник. Одредбата од член 10 со која се додава нов член 12а ќе се применува до завршување на 2021/2022 година што значи дека секој редовен студент ќе може да ги искористи средства од околу 2.600 ден за студентски оброк, изјави пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

Зајкова, пак, потсети дека Законот за субвенциониран студентски оброк во минатиот состав беше едногласно донесен и стапи во сила на 10 февруари 2020 година, што како што вели таа е поразително дека сè уште не е системски имплементирано ова законско решение, а притоа да се подготват сите подзаконски акти на Законот.

– Наместо денеска да зборуваме во колкав процент ќе биде неговата реализација ние денеска зборуваме за негово изменување што во корен ја менува идејата и концепцијата на Законот, додава таа.

Пратеничката Зајкова истакна дека доколку пратениците сакаат да им дадат финансиска помош на студентите може да донесат друг закон, како што е законот за финансиска поддршка.

Комисијата за финансирање и буџет го стави Законот на натамошна постапка во Собранието.

Премиерите Заев и Руте на трибините во Амстердам ќе ги бодрат своите репрезентации

Премиерот  Зоран заев патува за Амстердам на покана на премиерот на Холандија Марк Руте.

Премиерите на Македонија и Холандија , Заев и Руте попладнево ќе бидат на трибините на арената Јохан Кројф во Амстердам и ќе ги бодрат своите фудбалски репрезентации во нивниот дуел на ЕУРО 2020.

притисни ентер