Заев: Македонија ниту ќе провоцира, ниту ќе коленичи

Нашиот белег како партија беше и се уште е никогаш да не калкулираме со политичкиот рејтинг кога станува збор за националните прашања, порача претседателот Зоран Заев во своето обраќање на 26. Конгрес на СДСМ.

Претседателот Заев истакна дека СДСМ не ги туркаше под тепих најтешките проблеми, туку напротив, СДСМ се вложи во целост и го поведе народот кон решавање на повеќедецениските прашања кои ја загрозуваа иднината на земјата.

„Со храброста на раководството и на членството на СДСМ, со мнозинската волја на нашиот народ, ние станавме членка на НАТО Алијансата и сега ја водиме финалната акција за старт на преговорите со ЕУ.

Благодарен сум и оддавам почит и признание на сите што се вградија во овие важни државни процеси.

Заедно постигнуваме историски успеси со зачувување на македонскиот идентитет, за цементирање на нашиот територијален интегритет преку членството во НАТО и за етаблирање на нашата Македонија на светската политичка сцена, со најмоќните сојузници во светот, како почитувана и мирољубива земја.

Една од двете стратешки цели поставени уште пред 30 години денеска е остварена. Нашата татковина чекори напред, по вистинскиот, по европскиот пат и нема враќање назад, продолжуваме напред!

Тоа е нашиот втор голем, историски, државнички успех. И уште една суштинска разлика со нашиот политички опонент, ВМРО-ДПМНЕ, кој 11 години земјата ја држеше изолирана и заробена, на погрешен пат.

Ние градевме и изградивме цврсти темели, на вистински вредности во кои веруваме, чувајќи ја цврсто, сигурно нашата посебност, нашиот македонски идентитет. Ја зајакнувавме арматурата на нашата држава, ги јакнеме меѓуетничките односи преку концептот „Едно општество за сите" и преку институции кои работат за граѓаните.

Преку Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, ние ја потврдивме нашата искрена добрососедска намера кон сите. Македонија ниту ќе провоцира, ниту ќе коленичи. Ние не сме проблем, ние решаваме проблеми!" посочи претседателот Заев.

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

Од петок постепена стабилизација на времето

Невообичаено топлите времелетни температури нагло се заменија со ладни и дождливи денови.

Во наредните 2 дена ќе владеат врнежи, на некои места ќе бидат поројни, а планинските предели ќе добијат уште една мала снежна покривка, предупредуваат од УХМР. Оние кои планирале прошетка претсојниот викенд не треба да се грижат, тмурните облаци ќе се расчистат, а вистинската пролет, со умерени температури веќе при крајот на неделата ќе пристигне во Македонија.

-Веќе од петок ќе имаме постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува во петок претежно стабилно, веќе и потопло време, а од деновите од викендот со максимални температури кои ќе бидат во интервал од 18 па се до 26 степени.-УХМР

Сепак ваквото време во претстојните два дена го вклучи и алармот кај ЦУК. Од таму ги предупредуваат граѓаните да внимаваат на магистранлните и регионални патишта поради одрони од карпи, како и на прилагодување на брзината поради мокри патишта. Воедно, граѓаните да избегнуваат суводолици порадо можност од нагло надоаѓање на вода, а и одводните канали треба да бидат чисти и проточни, наместо да се создаваат брани од ѓубре...

-Истовремено да се внимава на работите што можат буквално, како велиме, да одлетаат од градбите во населбите и особено што се од градбите во изградба, градилиштата, треба да се обезбедат практично сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓето кои што се во околината. Ако се престојува на планина пак препорачливо е да се има доволно гориво во возилата и да се внимава на планинските патишта, конкретно на лизгавостаи на проодноста на патот особено ако не е асфалт. – Илија Бојаровски – ЦУК

Според хидролозите, не постои закана и опасност од излевање кај поголемите реки и сливови, но и тие упатуваат на внимателност кај суводолиците и помалите сливови, како и кај атмосферските канализации кои се во опасност од запушување. Сепак, уверуваат, дека дождливото време во овој период е повеќе од добредојдено.

притисни ентер