Заев: Капиталната инвестиција обезбедува квалитетно наводнување на нови 2.150 хектари

„Во предвидениот рок е реализирана втората фаза на „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар", што за земјоделците значи намалување на трошоците за производство и предуслов за осовременување на агро-секторот. 

Станува збор за модерен систем за водоснабдување во земјоделството, кој е од витално значење за овој крај. Без правилно и рационално управување со водните ресурси и без современи системи за наводнување, не можеме да зборуваме за развиено земјоделство", рече премиерот Зоран Заев по повод изградбата на системот за наводнување со кој се обезбедува навремено и квалитетно наводнување за вкупна површина од 2.150 хектари на територијата на Општина Валандово, а ги опфаќа населените места Удово, Јосифово, Калково и Пирава.

На настанот се обратија и вицепремиерот Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, како и заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф, а присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

Премиерот Заев рече дека со ваквите инвестиции се зголемува конкурентноста на земјоделство, а тоа значи и подобри услови за работа и живот на населението во целиот валандовски регион.

„Модерно, конкурентно, извозно ориентирано земјоделство е еден од нашите приоритети. Даваме силна поддршка за земјоделството и затоа од голема важност е да се користат сите повици и програми на Владата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство. Заеднички ќе направиме сѐ за да ги искористиме максимално средствата наменети за агро-секторот и руралниот развој. Имаме ресурси. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и Платежната агенција се ставени во систем за информациите да допрат до земјоделците и да се искористат достапните средства и знаење. Заедничка цел ни е развој на македонскиот аграр и поголем рурален развој во земјата, а со тоа и на севкупната економија", подвлече премиерот Заев и упати честитки за успешната работа на сите инволвирани во процесот.

Вицепремиерот Николовски рече дека севкупната инвестиција е над 24 милиони евра, и заедно со првата фаза од проектот, се комплетира оваа успешна инвестиција, што е од исклучително значење за валандовско-гевгелискиот регион.

„Огромна инвестиција сметам дека треба да е пример за тоа како ние политичарите треба да постапуваме одговорно кон интересите на граѓаните, кон она што е наша обврска и што побрзо да создадеме сè подобри услови за земјоделците, особено за оние од овој регион коишто тоа го работат. Но, имавме и визија, не застанавме тука, туку уште тогаш работевме на она што денес, еве повторно, се гледа како реалност низ постапките, а тоа е одлуките кои Владата ги носеше за дополнителни 100 милиони евра за четири нови системи за наводнување. Денес сме сведоци на овој систем за наводнување кој го пуштаме во употреба, но ја имаме визијата и веќе Министерството и сите структури работат и на Јужно-вардарска долина трета фаза, и на Пепелиште и на Лисиче и на сите останати системи за наводнување за коишто верувам дека сведоци ќе бидеме во наредниот период", рече вицепремиерот Николовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа рече дека без вода, нема конкурентно земјоделско производство.

„Без модерни системи за наводнување, нема развој на агро-секторот. Секоја нова педа земја до која ќе дојде вода, е успех на една Влада. Токму затоа, денешниов ден е од историско значење за државата, за институциите, за општините, а најмногу за земјоделците од овој регион. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано ја зголемува конкурентноста на земјоделскиот сектор. Во целиот тој процес наводнувањето има огромна улога. Токму затоа, Министерството ќе продолжи да се залага за изградба на нови системи за наводнување. Во Инвестицискиот план за управување со водите и инфраструктурата за наводнување, предвиден е буџет за рехабилитација и модернизација на постоечката инфраструктура за наводнување, како и поправка на мали брани и резервоари. Изработени се основни проекти за мали системи кои треба да се градат во иднина и за кои е обезбедено финансирање", рече министерот Хоџа и упати честитки до директорот Горан Ангелов, кој успешно го менаџираше проектот за наводнување на Јужната долина на реката Вардар.

Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов истакна дека завршена е најголемата инвестиција од постоењето на Општината и реализиран е проект од суштествено значење за општинскиот развој и перспектива.

„Трасиран е патот кон чиста и еколошка животна средина со развиено земјоделство. Системот за наводнување „Јужна Вардарска долина" е капитален проект од огромна важност за граѓаните. Истиот ќе обезбеди поголем квалитет на земјоделска обработка и континуирано снабдување со вода за наводнување во текот на цела година. Искажувам благодарност на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и сите вклучени во реализацијата на овој проект", рече градоначалникот Костадинов.

Заменик-амбасадорот на Германија во земјава, Ото Граф, го изрази задоволството од завршената инвестиција - системот за наводнување, од застарен отворен канал до модерен и целосно автоматизиран систем за поефикасна употреба на вода, но и на енергија.

„Најважно е дека со оваа инвестиција земјоделците како крајни корисници ќе имаат сигурна вода за наводнување за своите полиња, а со тоа и многу подобра перспектива за планирање на нивното производство како и подобри услови за работа", рече заменик-амбасадорот Граф.

Средствата за успешна реализација на проектот се обезбедени 30% од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и 70% во договор со Владата на Сојузна Република Германија, застапувана од Германската Развојна Банка (KfW), во форма на грант и на заем под поволни услови.

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот.

Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата е знак за благодарност за неговиот важен придонес во областа на економијата и неговата активна соработка со образовната институција, како и напорите на Азески за поврзување на образованието и науката со бизнис секторот.

17 години од основањето Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа со свечена академија како централен настан. Традиционално, внимание на овој настан им беше посветен на студентите со најдобар успех, како и на институциите со кои УГД има одлична соработка и заеднички придонесуваат за развојот на нашето општество.

Во фокусот на годинашното одбележување на патрониот празник на УГД беше прашањето – Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Стопанска комора на Македонија

Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва

Глумецот Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во московската концертна сала „Крокус“, кои се наоѓаат во Националниот медицинско-хируршки центар „Н.И. Пирогов“, соопшти Министерството за здравство на Русија.

- Овој напад е страшна трагедија што не требаше да се случи. Мислам дека Русија ќе послужи како пример и дека светот ќе разбере дека тоа не може да му се прави на ниту еден народ, а да остане неказнето, изјави Сигал.

Според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, во нападот загинале 143 лица. Како што соопшти денеска Рускиот истражен комитет, веќе се идентификувани телата на 84 жртви. Меѓу нив има пет деца на возраст од девет до 16 години.

Нападот на „Крокус сити хол“ во Красногорск, предградие на Москва, се случи во петокот вечерта, кога неколку вооружени терористи во маскирни униформи влегле во објектот и отвориле оган врз присутните лица. Тие активирале и експлозивни направи на повеќе места, што предизвикало пожар, поради што се урнал покривот, а салата изгоре целосно.

Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите

Москва не бара конфронтација со американските вазали во Источна Европа, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Неколку западни функционери се обидоа да соберат поддршка за поголема помош за Украина тврдејќи дека Москва нема да запре доколку Киев биде поразен на бојното поле. Путин се осврна на овие тврдења за време на посетата на воздухопловната база Торжок во Тверската област.

- Тоа е бесмислица, рече рускиот претседател, укажувајќи на нееднаквоста во трошоците за одбрана на Русија и буџетите на војската на НАТО.

- Тврдењата дека по Украина ќе ја нападнеме Европа – тоа е целосна бесмислица и заплашување на сопственото население само за да извлечат пари од нив, рече Путин.

„Американските сателити“ во Источна Европа немаат причина за страв, додаде Путин. Според него, разговорот за потенцијален руски напад врз Полска, Чешка или балтичките земји е само пропаганда на владите кои настојуваат да ги исплашат своите граѓани „да извлечат дополнителни трошоци од народот, за да ги натераат да го носат овој товар на своите плеќи“.

- НАТО се шири кон руските граници, а не обратно, рече Путин, додавајќи дека Русија само „го штити својот народ на неговите историски територии“.

- Тие дојдоа точно до нашите граници. Дали ние отидовме преку океанот до границите на САД? Не, тие ни се доближуваат и многу блиску се приближија, рече тој.

притисни ентер