Заев: Ја прифаќаме суштината на Резолуцијата, но важно е и да е во согласност со Уставот

Ја прифаќаме суштината и структурата на Резолуцијата, како и текстот, без да менуваме ниту точка, ниту запирка. 

Но кога премиерот ќе поддржи документ спротивно на Уставот, тоа зборува за Владата, тоа зборува за државата, тоа зборува за институциите. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали доколку не стои уставното име на државата во текстот на Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за националнуите црени линии, истата ќе ја поддржи.

– Покажавме доблест и се надминавме за целиот свет, за Бугарија, секако за сите нас дома нема дилеми за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Имаше дилеми за Мицкоски, поднесоа резолуција. Суштината и структурата на целата Резолуција и текстот го прифаќаме без да менуваме ниту запирка, ниту точка. Има што да додадеме, би сакал да стои Преспански договор, би сакал да стои Договорот за пријателство и соработка со Бугаирја, зошто не. Еве не чепкаме да биде така, рече Заев.

Потсети дека пред некоку дена едногласно со 84 пратеници беше изгласан Мешовитиот комитет каде што стои Република Северна Македонија, потпишан и го копретседава господинот Александар Николовски, како и закони од безбедноста и одбраната гласани од сите заедно во Парламентот, вклучително и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

– Испраќам позитивна порака, се разговара на овие прашања, навистина покажавме доблест и големина, еве и ДУИ во разговорите се приклучи, албанската опозиција исто така се приклучи, помалите партии се приклучуваат, суштината е важна, како што е важен и Уставот, оцени Заев.

Вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, доколку се користи уставното име на државата, а Резолуција во која нема уставно име, како што рече, нема правна форма. Истакна дека во однос на тој документ е поважно да не се направи штета и повика на внимателност оваа политика да не добие етничка и партиска димензија, бидејќи, како што рече, може само да ја ослабе нашата позиција.

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е на дневниот ред на денешната 47. седница на Собранието.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од скопски Карпош побара резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии „без условувања и барање на изговори".

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер