Заев и поглаварите на верските заедници со заеднички апел сите граѓани да ги почитуваат мерките

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава.

Премиерот Зоран Заев, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава споменати во Уставот - на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи и на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх.

На состанокот е разговарано за мерките за справувањето со пандемијата, како и за други актуелни прашања од значење за верските заедници и за државата.

Заклучено е, од средбата да биде испратен заеднички апел на Владата и МПЦ, ИВЗ и Католичката црква, до сите граѓани, за почитување на мерките донесени од страна на Владата.

Исто така, изразена е поддршка од сите верски заедници на процесот на вакцинирање и се упатува заеднички повик до сите граѓани да се пријават за вакцинација, со што ќе дадат придонес во сочувувањето на своето здравје и на јавното здравје.

Од страна на верските лидери присутни на состанокот е укажано дека на заштитата на здравјето не е само обврска на државата, туку е и верска обврска бидејќи секој човек е должен, како општествено, така и според верата, да биде во служба на здравјето.

Заеднички е констатирано дека во овие моменти кога човештвото се соочува со непредвидлив вирус, потребна е разумност од страна на сите верници, бидејќи болеста не избира религии и нации.

На средбата е заеднички оценето дека од почитувањето на мерките, ќе зависи и како граѓаните ќе ги поминат претстојните празници: Велигден и Рамазан Бајрам, а јасно е дека постои желба кај сите за одбележување на големите верски празници во мир и спокој и заедно со најблиските во семејството.

Премиерот Заев изрази благодарност до верските лидери за потребата да се застане заеднички, во справувањето со последиците од пандемијата, што е од полза на сите луѓе. Тој најави средби и со претставници на другите верски заедници во земјава.

На состанокот е разговарано и за прашања од областа на денационализацијата на имот и образованието и е одлучено за нив да има дополнителни контакти, со цел заокружување на решенијата во интерес и на државата и на верските заедници и граѓаните.

Претставниците на верските заедници присутни на денешниот состанок изразија благодарност до премиерот Заев за отвореноста за разговори и соработка, секогаш кога е тоа потребно.

Била бездомничка, а сега заработува милиони од фотографии и го вжештува Инстаграм (ФОТО)

Приказната на Елиза Роуз Вотсон звучи како сценарио на некој холивудски филм. 

31-годишната поранешна наставничка во еден момент од животот се најде на улица, како бездомник зависничка од наркотици и алкохол, а денес заработува милиони на платформата „ OnlyFans “.

Овој дипломиран психолог станала зависник од дрога на 23-годишна возраст, кога започнала да работи како манекенка. Потоа започнала да користи кокаин и некои други опијати, а покрај тоа станала зависна од алкохол. Се борела со тоа цели четири години.

„Би ги дала сите пари што би ги заработила за алкохол или кокаин“, изјави сега Елиза за британските медиуми, признавајќи дека украла пари и од нејзината мајка. Наскоро се нашла на улица, справувајќи се и со спиење со непознати мажи. Еден пријател ја убедил да побара помош.

"Еден ден таа се појави пред мојата врата и јас бев толку уморна што само отидов со неа кај анонимни алкохоличари. Почнав да се справувам со моите проблеми. Дотогаш, неколку пати се обидов да извршам самоубиство додека бев во болница и во полиција. Знаев дека не можам да продолжам така “, вели Елиза.

По рехабилитацијата се вработила во градинка. Таа вели дека за време на вработувањето била целосно искрена за своето минато и дека решиле да и дадат шанса, за што е многу благодарна. "Работата беше совршена, но не можев да заработам доволно. Сакав да ги вратам парите што ги украдов од мајка ми, да вратам некои долгови и да станам независна", вели таа.

Затоа, таа се свртела кон „ OnlyFans “. Во декември 2019 година, таа отворила профил на таа 18+ платформа. Првично заработувала, вели таа, 2.000 фунти месечно, а во пандемијата 100.000 фунти месечно. Заработила милион фунти последнава година.

Работи 16 часа на ден, седум дена во неделата. "Не се само сексуални разговори, сè е таму. Постојат жени кои ме прашуваат за совети за вежбање и слично", вели таа. "Тоа е како заедница. OnlyFans ми дозволува флексибилен живот, кога мајка ми или некој близок ми е потребен, веднаш можам да бидам таму за нив", заклучила Елиза, која сега на Инстаграм ја следат скоро милион луѓе.

Нема кислород во индиските болници, се ограбуваат камионите со боци

Шест болници во индискиот главен град Њу Делхи целосно останале без кислород и лекарите велат дека на останатите болници им преостанува снабдување за само неколку часа.

Голем број луѓе починале додека чекале кислород, а повеќе од 99% од сите кревети за интензивна нега се полни, јавува Би-Би-Си..

Индија е во костец на вториот бран на инфекции со Ковид-19 и денеска го забележа најголемиот еднодневен биланс на нови случаи во светот.Земјата досега забележала скоро 16 милиони потврдени инфекции.

Во изминатите 24 часа имало 314.835 нови случаи на коронавирус, додека смртните случаи пораснале за 2.104.

Има полициски извештаи за луѓе кои ги спречувале цистерните со кислород да отпатуваат во други држави, според телевизиската станица НДТВ од Делхи. Некои болници се обвинети за складирање на нивните залихи, додека имало појави и на грабежи.

Млад човек од Шпанија си ја убил мајка си и ја јадел, заедно со кучето (ВИДЕО)

На млад човек од Шпанија му се суди за убиство на неговата мајка, распарчување на нејзиното тело и јадење делови, пишува Би-Би-Си.

Алберто Санчез Гомез бил уапсен во 2019 година, откако полицијата отишла во станот на неговата 66-годишна мајка. Нејзините познаници повикале полиција, загрижени дека со денови не им се јавувала.

При влегувањето во станот, детективите пронашле делови од мртвата жена во пластични контејнери расфрлани низ станот и во фрижидерот. Локалните медиуми напишале дека младиот човек го расекол телото на повеќе од илјада парчиња. Тие исто така го пронашле 26-годишникот, како готви некои делови од нејзиното тело.

Полициските службеници на кои им ја отворил вратата изјавиле дека на прашањето дали неговата мајка е во станот, тој одговорил: „Да, мајка ми е тука, таа е мртва“.

Младиот човек признал дека готвел и јадел делови од телото, а некои му ги дал и на кучето.

На почетокот на судењето, Санчез Гомез тврдел дека слушнал „тајни пораки“ од ТВ и гласови кои му велеле: „Убиј ја мајка ти“. Гласовите, како што тврди, им припаѓале на неговите соседи, познаници и познати личности.

Тој, исто така, на судењето тврдел дека не се сеќава на убиството или на распарчувањето на телото.

Сега се соочува со казна од 15 години до доживотен затвор.

притисни ентер