Заев и Груевски го демантираат Ахмети:Тврдат дека немале тајни средби за измените во КЗ

Поранешните премиери Заев и Груевски негираат дека имале тајни средби со Ахмети на кои наводно се договарале измени во Кривичниот законик. 

Откако лидерот на ДУИ во интервју изјави дека состаноците ги одржувале во Клубот на пратеници, стигнале на чекор до договор, но сепак завршиле безуспешно, експремиерот Зоран Заев за Канал 5 ги отфрла наводите на Ахмети како неточни.

„Не е точно дека сум имал тајни средби со Ахмети и со Груевски и сум договарал измени на Кривичен закон. Изјавата на Али Ахмети не е вистина, изјави Заев за Канал 5.

Наводите на Ахмети, вчера преку ФБ ги демантираше и експремиерот Никола Груевски. Вели дека за измените на членот 353 со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба, немало никакви тајни средби на кои тој учествувал. Груевски тврди и дека измените на КЗ имаат минорно влијание врз неговиот случај, како одговор на шпекулациите дека се донесени заради негова амнестија.

Претходно Ахмети во интервју за ТВ 21 изјави дека дебатата за измени на КЗ се водела и во последните три години, но на крај разговорите ги напуштил актуелниот претседател на опозициската партија Христијан Мицкоски.

„Првично не се согласуваше Зоран Заев и потоа кога договоривме да се укине договорот со СДСМ затоа што СДСМ првично се повлече, кога се договоривме со СДСМ тогаш се повлече ВМРО-ДПМНЕ. Се повлече Христијан Мицкоски од измената на кривичниот законик и ова беше големо изненадување.

Прозивките за наводни средби со Груевски продолжија и во албанскиот политички блок. Откако поранешниот висок функционер на „интегративците“, а сега лидер на новоформираната партија – Демократско движење, Изет Меџити, на ФБ упати јавно прашање до министерот Бујар Османи дали бил во службена или приватна посетата во Будимпешта кога се сретнал со Груевски, Османи му одговори: Еднаш рекоа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа – не, се сретнал со Артан Груби, сега јас сум се сретнал со него! Можеби од четврти пат ќе погодат!“

Меџити во најновата изјава тврди дека во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се преговарало за амнестија на Никола Груевски на 9-ти мај за Денот на Европа, а помилување на барала опозицијата туку партиите од власта.

Наместо забава за откривање на полот, таткото завршил во болница- снимка со 32 милиони прегледи

Иако настаните за откривање на полот во повеќето случаи се возбудливо и посебно искуство за родителите и поширокото семејство и пријателите, понекогаш тие можат да тргнат наопаку.

Така, една трудница случајно му го скршила носот на својот сопруг и идниот татко кога дознала дека во нивното семејство ќе се приклучи девојче.

Видеото набрзо стана вистински хит на социјалните мрежи, а моментално има повеќе од 32 милиони прегледи и еден милион коментари.

Како што може да се види на видеото, воодушевената трудница среќно скокнала кога дознала дека носи девојче, но случајно со главата го удрила сопругот во носот и му го скршила. Сето ова, секако, го снимиле камерите и видеото набрзо се појави на TikTok.

@gender.reveal.tv Breaking my husband’s nose at our gender reveal 🙃🎀 #genderrevealfail #notactuallybroken #18weekspregnant ♬ Love You So - The King Khan & BBQ Show

НБА казни млад кошаркар - на жените им ги покажувал интимните делови на телото

Младиот канадски кошаркар Џошуа Примо (20) е суспендиран на четири натпревари без плата поради „непримерно и навредливо однесување кон повеќе жени“, објави НБА.

Американските медиуми пренесуваат дека Примо, кој моментално е без клуб, им ги покажувал интимните делови на голем број жени.

„Примо тврди дека неговото однесување не било намерно, а лигата не најде докази дека тој учествувал во сексуално или друго недолично однесување надвор од овие кратки изложувања“, се вели во соопштението на НБА. „Сепак, ваквото однесување не е во согласност со стандардите на лигата и бара казна“, се додава.

Сан Антонио Спарс го раскина договорот со Примо на 31 октомври минатата година, а младиот кошаркар моментално е без клуб. Тој ќе ја одлежи суспензијата доколку потпише договор со друг тим од НБА.

д-р. Хилари Котен, поранешниот терапевт на Примо, првпат се појави со обвинувања против него минатата есен, велејќи дека тој „се изложил во девет одделни прилики“. Бидејќи Спарс не направија ништо, Каутен го тужел клубот, а тужбата била решена надвор од судот.

Примо одиграл вкупно 54 натпревари во дресот на Спарс, а имал просек од 5,9 поени и 1,8 асистенции по натпревар. Набргу откако бил отпуштен од Спарс, Примо рече дека се бори со своето ментално здравје.

„Побарав помош да се справам со претходната траума што ја претрпев и сега ќе го одвојам ова време за да се фокусирам поцелосно на третманот за моето ментално здравје. Се надевам дека ќе можам да разговарам за овие прашања во иднина за да можам да им помогнам на другите кои претрпеле на сличен начин. Ја ценам приватноста во овој момент“, изјави тој неодамна.

Цените на нафтата надминаа 96 долари за барел

Цените на нафтата денеска се искачија над 96 долари на меѓународните берзи, поттикнати од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка за гориво во Кина за време на празничната сезона.

На лондонската берза цената на барел со датуми на испорака во ноември беше за 88 центи повисока попладне отколку на крајот на вчерашното тргување и изнесувала 96,26 долари. Поактивно се тргувало со барели со датум на испорака во декември, по 97 центи повисока цена од 94,07 долари.

На американскиот пазар барелот поскапе за 1,31 долари и се тргува за 93,02 долари.

Трговците се фокусираа на знаците на тесна понуда во САД на крајот на неделата. Залихите во резервоарите во Кушинг, од каде се испорачува нафта купена со форвард договори на американскиот пазар, веќе се на најниско ниво од јули минатата година.

„Понатамошниот пад би ги спуштил на критично ниво, што би можело да го отежне нивното извлекување (од резервоарот - op.ed.)“, објаснува Карстен Фрич од Комерцбанк.

Цените се поддржани и од проценките дека побарувачката за гориво во Кина ќе се зајакне за време на седумдневниот одмор што започнува денеска.

„(Зголеменото) патување во странство за време на празникот Златна недела ја поттикнува кинеската побарувачка за нафта“, напишаа аналитичарите на ANZ во белешката до клиентите.

Се очекува и домашните патувања да ја поддржат побарувачката. Податоците од апликацијата за летови на Umetrip покажуваат дека просечниот број дневни резервирани летови е за петтина поголем отколку за време на Златната недела во периодот пред пандемијата 2019 година.

Во меѓувреме, Русија размислува за воведување квоти за извоз на гориво доколку привремената забрана за извоз не го постигне посакуваниот ефект и ако не паднат цените на домашниот пазар. Цените на рускиот бензин и на дизелот благо паднаа денеска на Меѓународната берза во Санкт Петербург.

Економистите прогнозираат дека барелот во Лондон ќе во просек ќе изнесува 89,85 долари во четвртиот квартал и 86,45 долари во 2024 година.

До крајот на годината на цените најмногу ќе влијае намалувањето на понудата од Саудиска Арабија и Русија, но нивниот раст кон 100 долари за барел може да биде забавен од неповолните макроекономски движења, пишуваат аналитичарите.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно објави дека барел нафтена кошница на нејзините членки вчера поскапел за 40 центи на 97,48 долари.

притисни ентер