Заев и Ахмети денеска ќе ги продолжат разговорите за владина коалиција

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по примањето на мандатот за составување влада рече дека денеска ќе има средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети за да ги продолжат разговорите. 

Соопшти дека имаат успех во многу аспекти, но и прашања кои сè уште не им се затворени, а кои се, како што рече, поприлично сериозни прашања. За деталите, рече, не би разговарал зашто преговарачкиот процес така ќе стане медиумски и нема да биде од помош.

– Се обидуваме да ги дадеме сите можни информации сè до онаму до каде нема да нарушиме какви било перспективи на успешен преговарачки процес. Но, веднаш кога ќе направиме успех и исчекор, тоа ќе го соопштиме. Секако, се надевам на успех заради тоа што граѓаните нè определија, ни дадоа насоки кој со кој да преговара и редот треба да се испочитува. Во демократијата – граѓаните кажуваат кој со кој треба да седне прво да ги направи сите можни напори. Но, како што реков, опциите постојат. На крајот на денот, нашата земја Република Македонија треба да има влада час поскоро, за да може да се зафати со предизвиците од пандемијата, но и со сите домашни предизвици, па и меѓународни, мислам на преговарачкиот процес со ЕУ, Берлинскиот процес којшто следува итн., изјав Заев одговорајќи на новинарско прашање.

Рече дека според уставната одредба по доделувањето на мандатот во рок од 20 дена треба да се направи обид за формирање влада и токму овие 20 дена, како што рече, „се нашиот мегдан да успееме да формираме влада, а со тоа да обезбедиме и парламентарно мнозинство најмалку од 61 пратеник".

-Секако, за стабилна влада тоа значи секоја бројка повеќе којашто ќе поддржи програма, кадри, кандидати би била сериозна, голема гаранција за стабилноста на Владата. Нашата амбиција е четири години, затоа што очекуваме дека после НАТО-членството, почеток на преговорите со ЕУ, важно е за делегацијата и сите професионалци од ЕУ со коишто ќе преговараме да знаат дека имаат предвидливост со четири години, но пред се и над се е важно за домашната економија, за деловниот сектор и за граѓаните. Тоа ќе не стави во состојба како држава да имаме само едни избори, тоа се 2021 година локалните, 2022 и 2023 немаме избори, во 2024 се претседателските и парламентарните избори. Реално, имаме одличен мегдан за работа, истакна Заев.

На Косово уапсени 10 полицајци,рации во илегалните коцкарници

Најмалку 10 полицајци се уапсени во голема акција против нелегалните казина, пренесува Би-Би-Си.

Стотици полицајци учествувале во рација во селото Карачево на границата со Србија. Полицијата соопшти дека станува збор за најголемата акција од ваков вид на Косово, спроведена по едногодишна истрага.

Косово минатата година забрани коцкање во борба против криминалот, според Би-Би-Си.

Јетиш Малоку, главен обвинител во покраината Гњилане, им изјави на новинарите дека полицијата уапсила најмалку 35 лица осомничени за нелегално коцкање, проституција, трговија со луѓе и поседување дрога и оружје.

Најмалку 10 лица се уапсени од редовите на граничните полицајци, кои наводно помагале во незаконските активности што се одвивале преку границата меѓу Косово и Србија.

Во акцијата биле демолирани 12 нелегални казина, а полицијата запленила голем број машини за коцкање, соопшти полицијата.

Во март минатата година, косовската влада ги забрани сите облици на коцкање во период од 10 години, поради поврзаноста со организираниот криминал.

Законот е донесен откако за само неколку дена беа убиени двајца вработени во казино на различни локации, а за едно од овие убиства беше уапсен полицаец.

Тогашниот косовски премиер Рамуш Харадинај рече дека забраната за коцкање е донесена со цел „зајакнување на јавната безбедност“.

Пред забраната за коцкање, полицијата затвори скоро 500 казина на Косово. Обложувалниците, особено за спортски настани, станаа многу популарни во Косово во последните неколку години.

Џенифер и Бред,предмет на анализа, утврдено е какви им се односите(ВИДЕО)

Поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон се најдоа во центарот на вниманието по учеството во заеднички проект по 15 години.

Имено, Бред и Џенифер онлајн го читаа романот Fast Times at Ridgemont High, а сите беа воодушевени од ситуацијата во која Џенифер му кажува на Бред дека е симпатичен и секси. Се разбира, тоа беше напишано во сценариото, но беше доволно да предизвика лавина реакции.

Експертот за говор на тело Џуди Џејмс го коментираше однесувањето на поранешната двојка за време на оваа „незгодна“ сцена.

"Додека другите актери вклучени во овој проект се смееја и беа малку засрамени, Бред се однесуваше со израз на лицето како непослушно дете. Џенифер, од друга страна, остави впечаток на чувство на збунетост додека флертуваше со нејзиниот поранешен сопруг", рече Џејмс за порталот Метро.

"Отпрвин изгледаше како обичен флерт. Џен зеде прамен од сопствената коса и си играше со него како заљубена ученичка додека лесно се лулаше на столот. После тоа ја крена раката високо и се исправи покажувајќи доза на доверба и моќ. Потоа повторно ги грицкаше ноктите, покажувајќи дека таа сè уште се чувствува малку несигурна. Џенифер испраќаше доста збунувачки сигнали “, додаде Џуди.

"Како што се приближуваше секси сцената, Бред се појавува со комична капа од пират на главата, веројатно за да ја прекине напнатоста. Тој се однесуваше како мало дете, што само по себе испраќа порака за неодговорност кон Џенифер", рече таа.

"Шапката сепак исчезнува кога ќе започне сцената, а наместо тоа, Бред ја спушта брадата и со молбен израз на лицето и збрчкано чело изгледа како да моли за помош. Додека Бред се мрда во место, усните на Џен се тенки, а очите и се стеснуваат. "Формалниот пристап го прави Бред уште посрамен. Кога ќе се спомене бакнеж, тој ги лиже усните како навистина тоа да се случува, додека Џенифер ги стиснува усните и ги покрива целосно со раката, што значи дека воопшто не е расположена за акција", објасни експертот.

„Но, веројатно, Џулија Робертс имаше најдобар говор на телото, која смета дека целата работа е смешна и се смее со нејзината препознатлива широка насмевка“, додаде таа.

„Иако на моменти и Џенифер и Бред беа засрамени од сцената што требаше да ја прочитаат, поранешните сопружници очигледно се во одлична врска, што се гледа кога ќе се поздрават на почетокот“, заклучи Џуди.

Албанската полиција уапси косовска пејачка поради шверц на оружје

Албанската полиција ја уапси пејачката Фиола Морина на граничниот премин Морина, под сомнение дека сакала да прошверцува огнено оружје преку границата.

Според агенцијата Миа Ора, пиштолот е пронајден во чантата на пејачката, а по претресот на нејзиното возило, полицијата пронашла и пиштол кој изгледал како запалка.

„При контролата, во торбата на Ф.М. (34), која била пријавена во Приштина, Косово, граничната полиција открила и како доказ запленила огнено оружје од типот„Зораки “ со 23 куршуми. Пиштол кој изгледаше како запалка е пронајден во багажникот на возилото “, соопшти албанската гранична полиција.

Притворени се и придружниците на пејачката, Ф. М. (29), исто така од Косово и Ф., С. (29) од Белгија.

притисни ентер