Заев: Гоце Делчев е обединувачки симбол на македонската независност - Канал 5

Заев: Гоце Делчев е обединувачки симбол на македонската независност

 Гоце Делчев е обединувачки симбол на македонската независност! 

Заев: Гоце Делчев е обединувачки симбол на македонската независност

Додека беше жив, Гоце Делчев беше срцето на македонската револуционерна организација која се бореше за полна политичка автономија на Македонија и на Македонците. По неговата трагична смрт, Гоце Делчев стана срцевината на политичката идеја за македонската независност и неприкосновен идол на генерации Македонци кои се бореа за остварување на таа идеја, напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на неговиот фејсбук профил по повод одбележувањето на 117-годишнината од неговата смрт.

-Борците од Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев" кои го кренаа востанието за народно ослободување носеа значки од Гоце Делчев на реверите и капите, а борците од бригадата „Гоце Делчев" учествуваа во ослободувањето на Штип и Тетово. И чествувањето на Гоце Делчев треба да обединува, исто како што обединуваше Гоце Делчев како водач на македонското револуционерно дело, пишува Заев.

Ние денес, додава тој, се поклонуваме пред моштите на Гоце Делчев во црквата Св. Спас, каде што беа свечено пренесени од Софија, откако неговите другари оставија аманет до следните поколенија „светите мошти да бидат погребани во главниот град на независна Македонија".

-Аманетот беше исполнет и ние денес, во современа Северна Македонија и пошироко, со чествувањето на делата на Гоце Делчев, ја чествуваме и идејата за широки права на населението. Денеска, горди оддаваме чест на 117-годишнината од трагичната смрт на македонскиот апостол Гоце Делчев – лидерот кој обединува, а не разединува, пишува лидерот на СДСМ.

Израел објави фотографија од иранска ракета наводно испукана по прекинот на огнот

Израелската амбасада во Велика Британија објави фотографија од остатоците од ракета за која вели дека била испукана кон северен Израел за време на прекинот на огнот со Иран.

Израел објави фотографија од иранска ракета наводно испукана по прекинот на огнот

„Ова е ракета испукана кон северен Израел - не за време на војната, туку за време на таканареченото прекин на огнот“, се вели во објавата на нејзиниот официјален профил на „X“ платформата.

„Иран продолжува да го покажува своето вистинско лице како терористичка држава и закана за регионот“, се додава во објавата.

Израелските одбранбени сили претходно соопштија дека најмалку една ракета била испукана од Иран неколку часа по почетокот на прекинот на огнот. Иран го негираше ова, велејќи дека не извршил никаков напад откако прекинот на огнот стапи на сила. Израел вети жесток одговор на Иран.

Извор: Индекс.хр

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже, освен Бугарите кои се членови на ЕПП, другите членови од нашите сестрински партии гласаа „ЗА“, социјалистите на СДС против Македонија

СДС повторно фатени во лага! Овој пат, лажат дека членовите на нашите сестрински партии од ЕПП денес гласаа против, бидејќи јасно се гледа на фотографијата подоле, дека освен Бугарите – другите гласаа ЗА.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже, освен Бугарите кои се членови на ЕПП, другите членови од нашите сестрински партии гласаа „ЗА“, социјалистите на СДС против Македонија

Бугарите, добија поддршка од социјалдемократите, благодарение на СДС и нивните заложби, да гласаат против Македонија.

Наместо да ја поддржат борбата на ВМРО-ДПМНЕ за достоинствено претставување на државата во Европа, СДС се сити и сака да ја гледа Македонија во неуспех.

Зошто СДС работи против Македонија? Зошто СДС сака да го уништи достоинството на Македонија? Зошто СДС 30 години наназад работи спротивно на интересите на граѓаните?

Да појасниме, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 24 јуни 2025 година го усвои Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известителот Томас Вајц. Во документот, како резултат на континуираната посветеност и принципиелниот пристап, со широко мнозинство се потврдуваат македонскиот јазик, македонскиот идентитет и европската перспектива на државата.

Во изминатите три децении, доколку како општество и политички чинители дејствувавме со јасни цели, многу од предизвиците ќе беа поинакви – но барем немаше да бидат поврзани со оспорување на нашето постоење.

Ние сме Македонци. Со свој јазик, историја и чувство за припадност.

Оваа постапка од страна на Европскиот парламент не е крајна цел, туку охрабрување да продолжиме по патот на реформите, владеењето на правото и институционалната стабилност.

Сè тоа – со крената глава и со чувство на одговорност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје е подготвено за првиот европски џудо спектакл

Градот Скопје е подготвен да ги пречека најдобрите европски џудисти во кадетска конкуренција кои овој викенд на татамите поставени во спортската сала „Јане Сандански“ ќе се борат за за насловот европски кадетски шампион. 

Скопје е подготвено за првиот европски џудо спектакл

Од џудо федерацијата на Македонија која е технички организатор на настанот реферираат дека сите технички подготовки се навремено завршени согласно највисоките стандарди на европската џудо унија, и со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на идните ѕвезди на европското џудо.

„Првпат Македонија е домаќин на европско првенство во џудо и горди сме што ги отвораме нашите врати за талентираните млади џудисти и посветените поддржувачи од целиот континент. Џудото нѐ учи на дисциплина, почит и на стремеж кон совршенство, вредности што длабоко ги негуваме. Ова првенство ќе биде прослава на младоста, решителноста и иднината на нашиот сакан спорт. Возбудени сме што ги гледаме ѕвездите во подем на европското џудо како се натпреваруваат со страст и спортски дух и веруваме дека татамито во Скопјe ќе стане сцена за незаборавни достигнувања и доживотни спомени“ - изјави Владимир Трпаноски, претседател на џудо федерацијата на Македонија.

Во продолжение од истата, Трпаноски им се заблагодари на раководните лица на европската џудо унија за дадената доверба да го организираат овој настан, на сите кои активно се вклучија во организација, и ја повика македонската публика да ужива во атрактивните борби кои ќе ни ги понудат најдобрите европските џудисти во кадетска конкуренција.

И додека организациските подготовки финишираат, македонските репрезентативци во базата во Скопје ги оддржуваат последните заеднички тренинзи. Селекторот Игор Паскоски заедно со тренерот Александар Фузевски во координација со стручниот тим, следните неколку дена пред почетокот на ова престижно натпреварување ќе ги одработат завршните подготовки кои претежно се базираат на регулирање на тежинските категории како и техничко тактичка и психолошка подготовка на нашите репрезентативци.

Европското првенство започнува во четврток, 26ти јуни во 9 часот, а интензивната програма исполнета со многу борби ќе трае се до сабота, 28ми јуни. Свеченото отварање на настанот е закажано за во четврток во 15 часот и 30 минути, прелиминарните борби во сите натпреварувачки денови почнуват од 9 часот, а финалните во 16 часот и 30 минути.

притисни ентер