Заев ги чека одговорите од потенцијалните коалициски партнери - Канал 5

Заев ги чека одговорите од потенцијалните коалициски партнери

 Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека кон почетокот на мај доставил предлози до потенцијалните нови коалициски партнери и оти го очекува одговорот од нив.

Заев ги чека одговорите од потенцијалните коалициски партнери

- Синоќа се слушнав со лидерот на една од овие парламентарни партии, а денеска имам намера да зборувам телефонски со другите за да видам како се одвиваат работите и дали нешто може да се допрецизира. Сакам да се зголеми парламентарното мнозинство и да добиеме нов квалитет во Владата и преземање на нова одговорност која ќе помогне во вака значајни моменти, рече Заев, одговарајќи на прашања на заедничката прес-конференција со германскиот државен секретар за европски прашања во МНР, Михаил Рот.

Прашан за тоа што не е усвоен записник од седницата на која што Талат Џафери е избран за претседател на Собранието, премиерот Заев рече дека тој е избран со мнозинство гласови.

- Видливо беше како се направи изборот во услови кога по 32 дена блокирано Собрание, со должно внимание и водење грижа за сите аспекти, се спроведе процедурата и се гласаше со мнозинство за избор на претседател на Собранието. Доказите се гледаат и достапни се до јавноста. Верувам дека тој записник може да се преточи на хартија затоа што тоа е визуелно евидентно и верувам дека Собранието ќе ги формализира своите постапки, нагласи Заев.

YouTube video

Новиот МГ4 пристигнува во Европа- поголем, полесен и со повеќе елеганција (ФОТО)

MG е подготвен да ја донесе новата, втора генерација на својот популарен електричен Model 4 во Европа, а најновиот чекор за да се потврди ова е регистрацијата на дизајнот кај европските регулатори.

Новиот МГ4 пристигнува во Европа- поголем, полесен и со повеќе елеганција (ФОТО)

Овој хечбек од втора генерација, кој е во продажба во Кина од март, е значително различен од својот претходник. Не само што е поголем, туку се издвојува и со сосема нов дизајн инспириран од атрактивниот Cyberster roadster. Значајни промени се видливи и во ентериерот, кој сега ги дели дизајнерските црти со новиот и технички поврзан електричен кросовер S5.

Според информациите од британскиот Autocar, пристигнувањето на новиот модел во Европа се очекува многу наскоро. Ова е поткрепено со два факта: МГ4 е веќе еден од најпродаваните модели на брендот, а производството на првата генерација, која моментално се склопува паралелно со наследникот, наскоро ќе биде прекинато. Сепак, точниот датум на почеток на продажбата сè уште не е познат.

Поголеми димензии и поатрактивен изглед

Во споредба со сегашниот модел, електричниот MG4 од втората генерација значително „пораснал“ за да ја пополни празнината помеѓу постоечкиот „четворка“ и поголемиот модел S5. Неговата должина сега е 4,4 метри, што е зголемување од 10 сантиметри, додека меѓуоскиното растојание е продолжено за 45 mm и сега изнесува 2,75 метри.

Стилски, новиот MG4 е силно базиран на Cyberster кабриолетот, помалиот MG 3 и споменатиот S5 EV. Ова е најочигледно напред со тенки, агресивни светла и на задниот дел, каде што се издвојуваат светлата во форма на стрелка.

Помала моќност, но и значително помала маса

Според документацијата, новиот модел е напојуван од електричен мотор со моќност од 161 КС, што е мало намалување во споредба со претходните 168 КС. Сепак, тежината на возилото е значително намалена и сега изнесува 1.485 кг, додека сегашниот модел со батерија од 49 kWh тежеше 1.620 кг.

Енергијата се обезбедува од литиум-железо-фосфатна (LFP) батерија, чиј капацитет сè уште не е објавен, но се очекува да понуди опсег споредлив со 350-те километри што ги надминува сегашниот основен модел.

Стојаноска од општина Теарце: Жителите се благодарни што Владата даде средства за реализација на локални проекти

Жителите се благодарни што Владата даде средства за реализација на локални проекти.

Стојаноска од општина Теарце: Жителите се благодарни што Владата даде средства за реализација на локални проекти

Денес сум во село Непроштено, општина Теарце, на средба со жителите.

Разговаравме на многу локални теми, меѓу останатото благодарни до Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за досега реализираните проекти од оној вкупен износ од 250 милиони евра.

Со првиот проект се реализирани два локални проекти, а со вториот повик поднесена е апликација за четири локални проекти, но добро е, ми порачаа жителите од селата Теарце, Лешок, Непроштено, Доброште, Глоѓи, за да му порачаме вака јавно на актуелниот и на идниот градоначалник на оваа општина за следните проекти, да ги консултира буквално сите жители од оваа општина, а не само партиските војници, рече Дафина Стојаноска, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ .

YouTube video

Милошоски: Исправна е одлуката на Владата да ги поддржи општините

Исправна е одлуката на Владата да ги поддржи општините и преку проекти да продолжи нивниот развој.

Милошоски: Исправна е одлуката на Владата да ги поддржи општините

Една изјава од општина Ново Село,

Би сакал да потенцирам во името на ВМРО-ДПМНЕ и владината коалиција дека сме задоволни од проектите што се реализираат на општинско ниво. И тоа покажува дека одлуката на Владата да ги поддржи помалите општини, буџетски, за наменски проекти коишто се битни за жителите на овие општини беше исправна.

И сега и во иднина, ќе продолжиме со оваа поддршка и се надеваме дека тоа е уште еден аргумент плус, за добивање на довербата од страна на граѓаните за да може во континуитет да продолжи развојот и на општина Ново Село и на сите општини тука во југоистокот на Македонија, рече Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ .

YouTube video

притисни ентер