Заев-Гаши: Констатиран е напредок, следуваат консултации во партиите за можнa заедничка Влада

Во Клубот на пратениците заврши неколкучасовната средба мегу Заев и Гаши, се договараат деталите за влезот на Алтернатива во Владата..

Претседателот на Владата Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, со своите тимови, денеска, имаа нова работна средба во рамки на разговорите за можно формирање заедничка Влада и заедничко парламентарно мнозинство.

На средбата е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт.

Разговорите продолжуваат водени од аспирациите за европската агенда на државата и од потребата за испраќање јасни пораки кон граѓаните и кон ЕУ за посветеноста во европеизирањето на Северна Македонија, за унапредувањето на економскиот стандард и квалитетот на живот на граѓаните.

Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка Влада која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без заддршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на Македонија.

Во Клубот на пратеници е Јана Јосифовска.

Србија: Над 17.000 нови случаи со Ковид-19, починале 28 лица

Во последните 24 часа се регистрирани уште 17.318 новозаразени со коронавирусот во Србија.

Од последиците на Ковид-19 починале 28 лица.

На респиратори се наоѓаат 112 пациенти.

Како што е наведено, во последните 24 часа се анализирани 36.434 примероци а 2.619 лица се наоѓаат на болничко лекување.

„Intel“ планира да произведува чипови за рударење на Биткоин

„Intel“ најави дека следната генерација на системи за рударење на Биткоини би можела да се испорачува со „Intel Inside“ налепници.

Компанијата ги најави плановите за тоа дека на нивната претстојна конференција ќе се дискутира за „Bonanza Mine“ чип за рударење на Биткоин.

„Bonanza Mine“ е опишан како ефикасен, „ASIC“ за рударење на Биткоин со ниска потрошувачка, според податоците и документацијата кои се потпишани од страна на тројца претставници на „Intel“.

Засега, програмата не укажува на тоа дали „Intel“ навистина планира да го испорача „Bonanza Mine“ како завршен производ или само како истажувачки проект.

„Intel“ претходно објави планови за блокчеин, како и дека тие нема да вклучваат стандардни процесори или графички карти. Тоа не претставува изненадување, со оглед на тоа дека Биткоин рударењето одмана е преминато на „ASIC“.

„Intel“ нема објавено информации за моќноста за рударање на новиот уред ниту дали ќе биде оптимизиран само за Биткоин.

Американските телекомуникациски компании ги одложуваат услугите во 5G мрежата

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

Американските телекомуникациски компании „AT&T“ и „Verizon Communications“ се согласија да го одложат воведувањето услуги во 5G мрежата, одложувајќи го вклучувањето на базните станици во близина на клучните аеродроми за да се спречат прекини во сообраќајот.

Извршните директори на големите американски авиокомпании предупредија на непосредна „катастрофална“ воздухопловна криза откако „AT&T“ и „Verizon“ ќе воведат услуги на 5G мобилните мрежи.

„Ќе има хаос меѓу авиокомпаниите“

Новата услуга би можела да направи значителен број авиони со широки трупови неупотребливи, оставајќи „десетици илјади Американци заробени во странство“ и „хаос“ на летовите во Соединетите Држави, соопшти здружението „ Airlines for America“.

Федералната управа за авијација (FAA) предупреди дека потенцијалните пречки може да влијаат на чувствителните инструменти во авионот, како што се висиномерите, и значително да го попречат летањето со слаба видливост.

Поради тоа, „Verizon“ одлучи да го одложи вклучувањето на петстотини базни станици во близина на аеродромите, помалку од 10 отсто од планираниот број, додека не се најде трајно решение, изјавија извори во вторникот. Деталите за договорот за одложување не се објавени и не се знае кога ќе бидат вклучени базните станици.

притисни ентер