Заев до чаирчани: Патриотизам е да се крева економскиот стандард на граѓаните, патриотизам е младите луѓе да останат и да градат живот дома!

„Ние овде ќе се чукаме во градите кој е поголем патриот. Патриот е тој којшто крева плати и пензии. Патриот е тој што ја враќа среќата на лицата на нашите граѓани. 

Патриот е тој што си подава рака еден меѓу друг, што гради единство. Патриот е тој што го крева економскиот стандард и целата економија. Патриот е тој што за 2,5 години отвори 64.000 работни места, даде 300% поголема социјална помош на најсиромашните, ја воведе државната социјална пензија, згрижи 12.000 стечајни работници. Патриот е тој што имаше храброст да ги укине квотите за лековите, да ја крене 40% платата на специјалистите лекари, 25% на медицинските сестри, 21% на наставниците и учителките, 31% на негувателките и воспитувачките", додаде претседателот Заев на граѓанската трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме" во Чаир.

Претседателот Заев испрати неколку важни пораки до младите луѓе, посебно во овој период кога заедно треба да работиме и да ја градиме нашата држава која стана членка на НАТО, а ќе започне и преговори со ЕУ.

„Една порака до младите луѓе, да не размислуваат за надвор. Таму во Германија, во Швајцарија, во Италија, во Австрија можеби земаат поголема плата, но кога ќе дојде крајот на месецот и ќе ја платат киријата и закупнината и сите сметки не тоа нешто значајно што им останува. Таму развојот го достигнал своето ниво, реформите се случиле, предизвикот е завршен, а животот е еден. Таму ќе се возат горе на бранот, да, и животот ќе помине. Но предизвикот е овде. Овде е борбата. Овде се случува европеизацијата на државата. Овде ќе бидат реформите коишто треба да ги правиме. Овде ќе се крева економскиот стандард на народот. Да останат тука, тука да се борат. Тука се остава трага. Од тука се создаваат аргументи и приказни да се кажуваат на децата и внуците во иднина, во еден живот што го имаме. Затоа драги млади луѓе, останете дома! Јас и овие луѓе околу мене ќе се бориме, да се борите и вие! Ова е ваша земја, има да се бориме дома, оти тоа е патриотизам!", рече претседателот Заев на граѓанската трибина во Чаир,с е наведува во партиското соопштение.

Заев: Разговараме за стабилна четиригодишна Влада

Денеска добиваме нов Дом на демократијата на Македонија и на сите македонски граѓани.

Нашиот Парламент денеска ја одржа првата конститутивна седница со учество на народните пратеници кои ја изразуваат волјата на граѓаните кои гласаа на Парламентарните избори на 15 јули.

Во име на СДСМ, коалицијата МОЖЕМЕ и на сите 46 избрани наши пратеници, уште еднаш им благодарам на граѓаните за демократскиот капацитет и одговорноста кои беа демонстрирани на изборите – и уште еднаш уверувам дека нашите 46 пратеници, а сигурен сум дека има уште многу такви пратеници во овој состав - заедно ќе покажеме уште поголема одговорност кон сопствениот народ и сопствената држава – ќе градиме независен парламент – ќе ги претставуваме пред се интересите на граѓаните и на државата, пред партиските интереси – ќе му служиме на народот!

Државата им припаѓа на сите подеднакво. Државата е наша заедничка одговорност. Со оваа кауза денес се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата.

Овој наш заеднички дом ќе ја избере и следната демократска, политичка, одговорна, европска Влада. Ние од денеска почнуваме преговори за нов четири-годишен, полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот, мнозинство кое ќе ни донесе стабилна и посветена четири-годишна Влада која е подготвена да сработи.

Ќе разговараме исклучиво за формирање Влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или национализми, Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика "Северна Македонија – Едно општество за сите".

Ќе разговараме за Влада која е решена и која ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа – секој ќе си ја носи сопствената одговорност, без разлика дали доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат.

Особено внимание ќе посветиме на делот за прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе го договориме.

Идните чинители во новата Влада ќе треба да се подготвени и за сериозна реформа на јавната администрација – зборувам за ПРОМЕНА која ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Зборувам за помал број министри и за рационализација на јавните служби, но за поголем број и побрзи услуги за граѓаните.

Конечно, Владата за која ќе разговараме, на првото место од својата европска и граѓанска агенда, ќе ја има НОВАТА МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА. Главните принципи се: платите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашниот приватен сектор.

Јакнењето на економскиот стандард на сите наши граѓани ќе биде императив на новата Влада.

Ние во овој момент почнуваме со сериозни разговори поставени на сериозни принципи кои ќе ни донесат сериозна и посветена - Влада која движи брзо напред по европскиот пат, односно Влада посветена на економијата и правдата. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот, тука во нашата убава земја.

Тоа го побараа граѓаните, тоа ќе го испорачаме.

Очекувам дека за 10 - 15 дена ќе имаме исход од овие преговори и дека многу скоро ќе ги кренеме македонските институции во полн капацитет да можат да се справуваат со најголемиот предизвик, невидливиот непријател КОВИД-19. Пред нас е есента која носи нова учебна година, нова грејна сезона, нови предизвици на болниците – пред нас е заедничка борба за јавното здравје и за економски напредок.

Не` чека двојно повеќе и подобра работа – со ангажман на секој од нас, уверен сум дека заедно, одговорно и посветено - Ќе успееме!

Затоа што навистина можеме! Можеме повеќе и подобро!

Зоран Заев, претседател на СДСМ

Истече рокот за непознатиот газда на дивоградбата пред Мавровка да го сруши објектот

Сите законски рокови истекоа, ниту општина Чаир, ниту МВР и Обвинителството не го најдоа инвеститорот кај „Мавровка“. 

Сите законски рокови истекоа, ниту општина Чаир, ниту МВР и Обвинителството не го најдоа инвеститорот кај „Мавровка“. Непознатиот сопственик не ја отстрани дивоградбата што „никна“ на местото на кафулето „Фонтана“ кое изгоре во пожар пред три месеци. Недоизградените бетонските столбови зјаат празни, нема никакво обезбедување, само случајни минувачи.

-И покрај тоа што истекоа сите законски рокови за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“, инвеститорот остана мистерија, а објектот се уште стои. Сега надлежноста за остранување е кај општина Чаир.

Се разбира дека објектот ќе биде урнат веднаш штом заврши тендерот за избор на фирма за отстранување на дивоградби, вели градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.

- Рокот од 8 работни дена што го дадовме на тој што гради да го отстрани објектот, истекува денес. Доколку никој не го отстрани објектот до крајот на денот, Општината тоа ќе го стори веднаш штом заврши тендерот, кој го објавивме веднаш за да можеме да реагираме за ситуацијата“, вели Ганиу.

Тендерот за ангажирање на фирма за уривање на бесправно изградениот објект беше распишан на 27 јули и трае до утре, на 5 август. Потоа, ќе следува п јавно отворање на понудите и во зависност од динамиката на постапката и роковите за жалби, се очекува до средината на месецов да биде избрана фирмата, а нелегалниот објект да биде срушен за 30-40 дена.

Засега е безуспешна и истрагата на полицијата за пронаоѓање на тој што градел пред „Мавровка“. Од МВР и ОЈО за Канал 5 велат дека во заедничка координација се уште го истражуваат начинот на кој „никна“ објектот и прибираат докази. Од Обвинителството велат дека чекаат полицијата да ја комплетира истрагата и да ги известат.

Утре без вода дел од општина Чаир кај Скопски пазар

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре без вода ќе останат корисниците од ул. Покриен Пазар, дел од ул. Алберт Станиќ, Евлија Челебија, Самарџиска и Атанас Бабата во општина Чаир.

Жителите ќе останат без вода поради дефект на вентил на водоводна мрежа на булеварот „Крсте Мисирков" (Скопски пазар).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата./МИА

притисни ентер