Заев: Да ја направиме 2021 година на силен исчекор напред

Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ, вели Заев.

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев денеска присуствува на Самитот за Западен Балкан во Виена, на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Премиерот Заев во рамки на Самитот, учествуваше на пленарен состанок заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерите на Црна Гора и Косово, Здравко Кривокапиќ и Албин Курти, како и Зоран Тегелтија, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина, албанската министерка за инфраструктура и енергија, Белинда Балуку и посебниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак.

Во своето обраќање, на пленарната сесија, изразувајќи благодарност за поканата на канцеларот Курц и за организацијата на Самитот за Западен Балкан ставена во перспектива на конференцијата на ЕУ - „Иднината на Европа", премиерот Заев истакна дека дебатата се случува во клучен период од повеќе причини кои постојат и во Европската Унија и во регионот Западен Балкан.

„Со новата Европска комисија, која ја продолжува искрената определба за проширување на претходната, и со лидерите на земјите членки на Европската Унија кои ја прифатија новата методологија за проширување, оваа стратешка цел на ЕУ доби повторна виталност која не смее да се загрози со натамошни одлагања на сериозни и конкретни чекори кои се однесуваат на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан", рече Заев оценувајќи дека Македонија, со Грција покажа дека е возможно и од процес на недоразбирање да излезат како посилни пријатели и изрази уверување дека тоа е возможно и со Бугарија и затоа како што истакна „бараме и создаваме истомисленици за оваа наша цел и за ова наше уверување".

Премиерот Заев оцени дека сега постои една солидна политичка поддршка за политиката на проширување и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан, која нему лично му ја потврдиле повеќемина европски лидери, како и сите највисоки претставници на Европската Унија, за време на неодамнешната посета на Брисел.

Тој изрази задоволство од препознавањето на важноста Западен Балкан да биде дел од иднината на Европа.

„Затоа да ја направиме заеднички 2021 година како година за паметење, година во која ќе биде направен силен исчекор напред бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија. Евроинтеграциите не се трка на кратки патеки, туку маратон со крајна цел – европеизирање на нашата земја. Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме – нема да запреме", заклучи премиерот Заев денеска на пленарната сесија, дел од Самитот за Западен Балкан кој се одржува во Виена, Австрија.

Премиерот Заев се заблагодари на канцеларот Курц за лидерството со кое се бори за интеграцијата на Западен Балкан и за менаџирањето на доставата на вакцините во регионот.

Фустаните на принцезата Дијана се изложени во Хонг Конг, пред да се продадат на аукција (ФОТО)

Светло жолта јакна, обложена на рамената и украсена со блескави позлатени копчиња, што ја носеше принцезата Дијана на патувањето во Хонг Конг во 1989 година, ќе биде една од шесте нејзини парчиња облека, изложени во поранешната британска колонија.

Колекцијата на фустани, чевли и чанти на принцезата од Велс е изложена во трговскиот центар во Хонг Конг во следните 12 дена, пред колекцијата да се пресели во Ирска до аукцијата на 27 јуни. Принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, ја диктираше модата „секогаш кога се облекуваше и излегуваше“, рече Мартин Нолан, директор на Џулиенс, аукциска куќа со седиште во Калифорнија.

Познатата јакна на дизајнерката Кетрин Вокер би можела да достигне цена од 50.000 долари, додека вечерниот фустан со сини ѕвездички би можел да достигне цена од 400.000 долари. Принцезата го носеше овој фустан од дизајнерот Мареј Арбејд на премиерата на „Фантом од операта“ во 1986 година во Вест Енд, Лондон.

Изложена е и вечерна тоалета од свила и тантела од дизајнерот Виктор Еделштајн, каки и цветен фустан на Кетрин Вокер, кој Дијана го носеше во 1991 година на бдеењето на нејзиниот близок пријател Адријан Вард Џексон.

Многу луѓе се натрупаа во малиот изложбен простор. Еден од посетителите, 69-годишниот Фунг, се сеќава како толпата ги преполнила улиците на Хонг Конг кога Дијана пристигнала во тој град во 1989 година. "Таа беше харизматична, грижлива и посветена на добротворната работа. Затоа е исклучително почитувана во Хонг Конг", вели Фунг.

Во 2023 година, аукциската куќа Julien's продаде вечерен фустан на принцезата Дијана за рекордни 1,14 милиони долари.

Ристовски: Уценувачката екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денеска ја започна  кампањата во изборната единица 3 каде носител е докторот на ветеринарна медицина,  Јордан Николов. 

Претседателот на ИНТЕГРА во Велес истакна дека се битни две работи од програмата на кои ќе се фокусираат –излез од сиромаштијата и враќање на достоинството.

„Вие знаете дека се е во рацете на ДУИ, а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат се повеќе аргументи и ги прифаќаат нивните екстремизми. ДУИ и Бујар Османи ги разоруваат односите на Македонија со соседите, имаат негативна предавничка улога во однос на Преспанскиот договор во однос на Бугарската спогодба, во однос на сегашниот момент и проблемите што ги раѓа Францускиот предлог и притисокот за промена на Уставот, а ги загрозуваат односите и со Србија, ваквата уценувачка екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен“.

„Немаме перспектива со изборот помеѓу СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, и двете партии се седнати во скутот на ДУИ и нема да можат да се отргнат заради желбата по секоја цена да се на власт, да се докопаат до буџетот и да ги трошат буџетските пари. Нив не ги интересира Македонија ниту македонскиот стратегиски интерес“, рече Љупчо Ристовски, претседател на ИНТЕГРА.

Во однос на сиромаштијата во која тоне Македонија, тој кажа дека многу семејства живеат со под 100 денари на ден, луѓето се плашат дали ќе го преживеат следниот ден.

„Ние ја таргетираме сржта на проблемот, покрај огромната корупција, државата не успеа да даде одговор за животниот стандард на населението. Коалицијата нуди решителен одговор, ќе се намалат даноците на три основни производи-лебот, млекото и маслото за јадење“, се наведува во партиското соопштение.

Десетици повредени, откако траект удри во пристаништето во Неапол (ВИДЕО)

Триесет лица се повредени денеска во несреќа на траект што пловел кон италијанското копно од островот Капри во Средоземното Море, соопштија спасувачите.

Се уште нема официјално објаснување за настанот, но според првите информации брзиот брод Isola di Procida по пристигнувањето во градот Неапол удрил во пристаништето.

Иако има голем број повредени, никој нема посериозни повреди, соопшти спасувачката служба.

На островот Капри во Неаполскиот залив од вчера се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Г7.

Капри е една од најпопуларните туристички дестинации во Италија. Овој остров, кој има помалку од 15.000 постојани жители, привлекува десетици илјади посетители секој ден во текот на сезоната.

притисни ентер