Заев: Чувство за морална одговорност има, но не може да се распушти државата

Сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите да ги прифаќаме со најобјективни согледувања, претпоставки и одговорности. Никој не е венчан, ниту врзан за функцијата.

Секој е заменилив, но истовремено, не смееме ни да се поставуваме несоодветно заради некакви скриени политички побуди или други скриени намери, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање кога ќе донесе одлука за понудената оставка на министерот Венко Филипче.

Според него, чувството за морална одговорност е разбудено, но не може да се распушти државата кога се случуваат несреќи.

Заев повтори дека ќе ги чека наодите од вештачењето и форензичките извештаи, вклучително и германските, кои треба да бидат комплетирани многу скоро и дека потоа ќе ја донесе одлуката.

Постапката, дополни, е во Јавното обвинителство.

-Јас само можам да упатам апел, тоа што граѓаните го бараат – постапката професионално и експертски целосно да се заврши и колку што е можно побрзо. Граѓаните заслужуваат одговори. Кога ќе бидат соопштени наодите од вештачењето и форензиката, тогаш ќе го кажам и моето размислување по повод поднесените оставки од министерот, заменик-министерот, директорот и економскиот директор на Болницата, истакна премиерот по увидот на пречистителната станица во Штип.

Тој го поздрави етичкиот чин на министерот, заменик-министерот, директорот и економскиот директор на Болницата во Тетово.

-Не можеме да ја распуштиме државата кога се случуваат несреќи. Тагата е голема, болката е присутна кај сите. Сите сме од крв и од месо, но трагедии се случуваат секаде. Многу е важно да се знае дека заради политчки агенди и пориви, не треба никој ништо да прави, а заради етички, тоа е лично чувство и може да преземат одредени чекори тие што така мислат. Пред се е важно дали ситемот е добро поставен, кои биле неговите слабости и од нив треба да учиме, да не дозволиме да се случуваат други вакви трагедии, рече Заев.

Од трагедијата во Тетово, потенцира, веќе се извлечени поуки. Се прават дополнителни контроли на модуларните болници и на комплетниот здравстевн систем.

-Веројатно долг период пред нас ќе биде со сериозен мониторинг. Модуларните болници се решение секаде и ќе бидат уште долго, се додека трае пандемијата. Но, сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите да ги прифаќаме со најобјективни согледувања, претпоставки и одговорности, никој не е венчан за функцијата, ниту е врзан или е налседена од татко му. Секој е заменилив, но истовремено, не смееме ни да се поставуваме несоодветно заради некакви скриени политички побуди или други скриени намери. Треба чесно, отворено и транспарентно да дискутираме. Затоа, многу малку зборувам за деталите, за да оставам стрчните луѓе, професионалците, експертите да ги кажат причините. Тоа го чека нашиот народ, тоа сите го очекуваме, а потоа и согласно тоа ќе ги влечеме потезите и ќе ги носиме одлуките, подвлече Заев.

Тој рече и дека се води грижа како се постапува за време на избори.

– Не смеете да разрешувате или решение да потпишете. не смеете да именувате. Изборниот законик е јасен и соодветно се прават чекорите. Ако мислите дека треба целата Влада, Парламентот, здравстените институции да се распуштат, да дадат оставка, нека се побара тоа, но тоа на изборите лужето секогаш можат да го кажат. Јас сум одговорен човек и сме знаеле многу често да прифатиме одговорност, затоа и отидовме на избори по францускиот потег, но добивме чест да ја водиме државата. Функциите се пред се одговорност, да бидеме луѓе, да бидеме чесни граѓани и да ги следиме примерите на најсовремените демократски земји, истакна премиерот.

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик .

- Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презел предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднел кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП „Стрежево" Битола, соопштија денеска од МВР.

Кривичната пријава е за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од чл.275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ.М.П. од Битола, управител на правно лице од Битола.

- Имено, М.Г. знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач за снег - ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП „Стрежево" Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и истиот да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, додека Љ.М.П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот кој го нуди е произведен во 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот кој го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари без ДДВ иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денари, односно истиот бил набавен од ЈП "Стрежево" Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М.Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ.М.П. се стекнала со противправна имотна корист, појаснуваат од МВР во соопштението.

Бојмацалиев: Од земја што бараше помош од други, сега нудиме помош за справување со миграција

Од земја што бараше помош од други држави, сега нудиме помош за справување со миграција, истакна денеска дополнителниот заменик - министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во Кавадарци.

Тој со дел од раководството на МВР оствари работна посета на Регионалниот Центар за гранични работи Југ во Кавадарци, по повод одбележување на една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Македонија, заедно работење на македонската полиција, со полицијата ја Европската Унија, ФРОНТЕКС.

- Ова е значаен договор што беше постигнат, со цел да ги одбраниме и нашите граници и границите на Европската Унија, од приливот на мигранти. Тоа успешно го правиме. Овој договор има една голема историска важност. Бидејќи Министерството за внатрешни работи со тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише првиот договор со ЕУ на македонски јазик. Со тоа ги урнавме сите лажни вести дека јазикот е продаден, јазикот не е заштитен, рече Бојмацалиев.

Со тоа, подвлече, уште еднаш се покажува дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции.

- Заедно работиме и од пред некое време, веќе имаме барање и од други полиции, со цел да вршиме обуки на нивните полицајци, како се справуваме со миграцијата, додаде Бојмацалиев.

Украина соопшти дека во руските напади во областа Днепропетровск загинале најмалку осум лица

Во големиот руски ракетен напад врз централниот дел на регионот Днепропетровск загинаа најмалку осум лица, 21 лице се повредени и оштетена е инфраструктурата, соопштија утринава локалните власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека во нападот се оштетени неколку ката од станбена зграда и железничка станица во регионалната престолнина Днепар, уште еднаш повикувајќи на дополнителни средства за противвоздушна одбрана.

„Русија мора да биде одговорна за својот терор и секој проектил, секој Шахед мора да биде соборен. Светот може да го гарантира тоа, а нашите партнери ги имаат потребните способности, рече Зеленски.

Украинските железници во државна сопственост соопштија дека рускиот напад намерно била насочен кон нејзината инфраструктура во регионот, при што биле повредени работници. Компанијата ја затвори својата станица во Днепар и ги пренасочи возовите што требаше да поминуваат низ градот. /МИА

притисни ентер