Заев – Брнз: Извршната наредба на претседателот Бајден ги штити САД, Македонија и сојузниците

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Брнз.

Во фокусот на разговорите беше Извршната наредба издадена неделава од претседателот Бајден којашто содржи јасни критериуми во делот на санкции за лица кои дејствуваат против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан.

На средбата беа потенцирани клучните полиња поради чие загрозување може да настапи санкцијата предвидена со Извршната наредба, а истите може да се однесуваат на лица кои ги загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан, како и оние кои вршат корупција или ги загрозуваат човековите права и демократијата.

Разговарајќи за Извршната наредба, премиерот Заев и амбасадорката Брнз изразија заедничко задоволство што во актот на претседателот Бајден фокусот е ставен и на борбата против корупцијата, што е клучен приоритет и на Владата на Македонија, при тоа истакнувајќи ја штетата што корупцијата и ја нанесува и на надворешната политика, на националната безбедност и економската стабилност, како на САД, така на Македонија и на останатите партнери и сојузници.

Заев и Брнз заеднички ја констатираа вредноста и ефективноста на Извршната наредба на претседателот Бајден особено ако се има предвид дека преку неа може да се оневозможи влез на физички субјекти и лица од Западен Балкан кои се одговорни за корупција, за злоупотреба на јавни или приватни средства за мито или за политички цели, како и за нарушување на мирот, стабилноста и демократијата.

Премиерот Заев изрази задоволство што на листата на меѓународни договори кои се значајни за регионот, покрај постоечките Дејтонскиoт договор, Резолуцијата 1244 на ООН и Охридскиот рамковен договор, во Извршната наредба е наведен и Договорот од Преспа, како еден од гарантите за безбедноста и стабилноста во регионот, се наведува во соопштението од Владата..

Во Македонска Каменица гласаат 6641 лице, излезноста до 9 часот 3,55 проценти

Во Македонска Каменица во рамки на Претседателските избори 2024 денеска треба да гласаат 6641 лица, кои се регистрирани во избирачкиот список. Гласачките места во оваа Општина биле отворени навреме, а гласањето се одвива без било какви проблеми.

До 09:00 часот кога е направен првиот пресек за излезноста на граѓаните од Општинската изборна комисија соопштија дека 3,55 е процентот на граѓани кои го оствариле своето право на глас

- Од вкупно регистрираните гласачи до 09:00 часот гласале вкупно 236 лица или 3,55 проценти од гласачите во Македонска Каменица го искористиле своето право на глас, информираа од ОИК.

Гласањето, како што додадоа, продолжува на избирачките места на кои граѓаните можат да го дадат својот глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата.

Во меѓувреме, Општинската изборна комисија во соседната општина Делчево соопшти дека до 09:00 часот таму гласале 818 лица од вкупно 14.490 регистрирани гласачи што во проценти изнесува 5,65 проценти. /МИА

Жиру следната сезона ќе игра во американската лига

Оливие Жиру следната сезона ќе игра во американската МЛС лига.

Прославениот француски репрезентативец веќе потпишал договор на една и пол година со Лос Анџелес.

Напаѓачот во кариерата постигна 57 гола на 131 натпревар за Франција, а во новиот клуб ќе му се приклучи на долгогодишниот репрезентативен колега, голманот Хуго Лорис со кој го освои Светското првенство во 2018 година.

Французинот уште во март постигна договор со тимот од Лос Анџелес, а сега договорот е и официјално потпишан.

Жиру кариерата ја започна во Гренобл, потоа играше за Тур, Монпеље, потоа Арсенал, Челси, додека претходните три години играше за Милан, со кој беше и шампион на Италија.

Оваа сезона во сите натпреварувања за Милан Жиру постигна 15 голови. /МИА

Шест повредени во руски напад врз Харков

Руски ракети погодија изутрината станбени згради при што се повредени шест лица во украинскиот град Харков, напиша локалниот регионален гувернер Олег Синегубов на Телеграм.

Според Синегубов, во нападот биле погодени три станбени згради, две канцеларии и гасовод во централниот дел на градот. Оштетени се најмалку 568 прозорци и 33 автомобили.

Игор Терехов, градоначалникот на Харков, за украинската телевизија изјави дека во нападот биле употребени две ракети С-300, кои не предизвикале значителна штета на станбените области.

Според руски медиуми, во нападот се погодени воените бази во Харков, каде биле стационирани украински војници.

Терехов рече дека продолжува работата за обновување на снабдувањето со гас. /МИА

притисни ентер