Заев: Банките стабилни и ликвидни

 Банкарскиот сектор е стабилен и финансиски ликвиден. Сите банки и Стопанската банка – Скопје како и другите банки се стабилни, истакна премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата.

-Банкарскиот сектор е стабилен и финансиски ликвиден. Деновиве овие шпекулации што излегуваат навистина се со зла намера да наштетат на депозитната база и на банкарскиот сектор. И најголемата банка Стопаска банка во Скопје и другите банки се стабилни и финансиски ликвидни, изјави Заев.

Тој наведе дека позитивни трендови се утврдени во кредитирањето на населението и стопанството. Како што рече во февруари вкупните кредити се зголемија за 4,4 отсто на годишна основа, во услови на раст за кредитите за домаќинствата за 7,1 отсто и за раст на кредитите кон компаниите од 1,4 отсто. Вкупниот депозитен потенцијал во февруари оствари годишен раст од 7,1 отсто.

Бојко Борисов е итно опериран- го скинал менискусот на фудбал

Бугарскиот премиерот Бојко Борисов вечерва бил примен во болницата во Пирогов  пренесуваат бугарските медиуми.

Борисов се здобил со повреда на менискусот при играње фудбал.

Во Пирогов бугарскиот премиер во оставка бил подложен на магнетна резонанца и е опериран во друга болница. За претходните спортски повреди на Борисов тој бил оперирани во Софијамед од водечкиот специјалист, Антони Георгиев.

Вучиќ за наводниот нон-пејпер на Јанша за прекројување на границите на Балканот: Спијте мирно..

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ја отфрла идејата за промена на границите на Западен Балкан, според која неговата земја ќе ја признае независноста на Косово, а за возврат ќе ја анектира Република Српска.

Во последните денови регионалната јавност се фокусира на наводниот нон-пејпер за промена на границите на балканските држави и нивна реорганизација според етнички линии, а медиумите како автори ги споменуваат највисоките словенечки функционери, што тие го негираат.

Во интервју за сараевската комерцијална телевизија „Фејс“, Вучиќ рече дека не видел никаков документ со кој некој, особено словенечкиот премиер Јанез Јанша, би се залагал за ново цртање на границите во регионот.

Тој истакна дека ваквите идеи се неприфатливи за него. „Поделбата на БиХ нема да се случи. Не ни треба територијата на БиХ“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека му ја пренел таквата порака на водачот на босанските Срби и претседател на колективното претседателство на БиХ, Милорад Додик, секогаш кога ќе се сретне со него.

Сепак, тој верува дека Додик има право да размислува како што сака, но не се согласува со него дека српскиот ентитет треба да биде држава.

„Спијте мирно ... Немате причина да се плашите затоа што апсолутен интерес на Србија е мирот и стабилноста“, рече Вучиќ, додавајќи дека мирот меѓу Бошњаците и Србите е од клучно значење и дека тој прави се за да го одржи.

Словенечкиот портал „Нецензуриран“ неодамна ја објави содржината на нон- пејперот без наслов и потпис и напишан на англиски јазик, а ја пренесоа многу други медиуми во Словенија, со предупредување дека не е потврден ниту од Европскиот совет ниту од Европската комисија.

Станува збор за неофицијален дипломатски документ за распарчување на БиХ, припојување на Република Српска кон Србија и обединување на Косово со Албанија и има наслов „Западен Балкан - патот напред“, тврди порталот.

Железничар во последен момент спасува дете пред брз воз (ВИДЕО)

Железничарот Мајур Шелхе му го спаси животот на дете на станицата Вангани во Мумбаи.

Имено, додека детето одело со својата мајка на платформата, тоа паднало на шините и не можел само да се искачи назад. Во тоа време, воз се приближува кон станицата. Мајур не се двоумел, туку веднаш тргна во акција. Скокна на шините и истрча кон детето.

Го зеде детето и го турна на платформата, каде што потоа се искачи. Секунди ги делеа од катастрофа. ЖелезничаротШелхе го ризикуваше сопствениот живот за да го спаси детето. Мајката била со оштетен вид и не можела да го спаси детето, туку очајно барала помош, пишува railpost.in.

Пијуш Гојал, почесен министер за железници, разговарал лично со Мајур Шелхе. Тој ја пофалил неговата храброст и најавил дека Мајур ќе биде награден.

притисни ентер