Зачестена употребата на пиротехнички материјали во пресрет на празниците

Музика, празнична еуфорија и некоја чашка повеќе, предновогодишните празници веќе ги полнат угостителските објекти.

А, потоа ќе ги наполнат улиците со несовесни возачи, кои со некоја чашка повеќе седнуваат позади воланот, носејќи се себеси и сите околу себе во опасност. Од Брза Помош велат, зачестеноста на интервенции во овој период отскокнува од вообичаеното, од МВР пак најавија зачестени контроли и казни за алкохолизираните лица, со апел возачите да бидат одговорни.

-Возачите да се воздржат од консумирање на алкохолни пијалаци доколку планираат да управуваат моторно возило или доколку веќе им се случило да консумираат, едонставно да не седнуваат зад воланот. Алкохолот знаеме, ја намалува способноста за управување ги намалува рефлексите ја намалува концентрацијата.- Сузана Прањиќ – Портпарол на МВР.

-Најважно нешто е да не се управува со моторно возило кога се алкохолизирани лицата, да ги почитуваат тие правила бидејќи после тоа имаме сообраќајни незгоди кои што понекогаш се и со фатален исход,- Д-р Маргарета Атанасовска Трипуновска – Брза Помош.

Но, повредите не се само од сообраќајот, пиротехничките средства секоја година во болница голем број на граѓани од кои најчесто се деца, па за оваа бројка да се намали и годинава апелите се да не се користат.

Имаме повреди од типот на топлотни, имаме опекотини, може да настане оштетување на видот, очите, оштетување на слухот и оние најфаталните каде што има механички повреди, губење на некој дел од телото. -

-Секогаш треба да го имаме на ум податокот дека над 150.000 лица секоја година остануваат инвалиди токму поради употребата на петарди и дека дури 80% од нив се деца. – Сузана Прањиќ.

Искинати јазици, повреда на очи, рани по кожа, епилетпични напади, ова се само дел од последиците со кои се соочуваат и животните кои се најизложени на пиротехничките средства, велат ветеринарите. Побараа совесност кон животните и грижа за нивното здравје.

Јавната свест што е на релативно ниско ниво, поготово помладата категорија на граѓани, намерно дури фрлаат пиротехнички средства, дали петарди или што и да е и тоа најчесто према бездомни животни, мачки, кучиња и тоа им е некаков вид на забава. Трева да им укажеме на нашите поколенија дека тоа воопшто не е добро затоа што на тој начин можеме да направиме трајно оштетување, повреда или инвалидитет на некое недолжно суштество што само случајно се нашло во околина.

Неовластената употреба на пиротехника го прекршува три закони, законот за прекршоци против јавниот ред и мир, законот за заштита од експлозивни материи и кривичниот законик. Од МВР апелираат да се почитуваат законските прописи, а неовластеното продавање на пиротехника да го пријават во полиција.

Украинците тврдат дека го собориле суперавионот на Путин, вреден 330 милиони долари (ВИДЕО)

Украинците тврдат дека го собориле рускиот воен радар Бериев А-50У/М над Азовското Море вреден 330 милиони долари.

Локацијата на несреќата, на околу 322 километри од линијата на фронтот во јужна Украина, може да укаже дека радарскиот авион со четири мотори со 15 членови на екипаж или претрпел механички дефект или бил погоден додека летал блиску до линијата на фронтот и се обидувал да се врати во својата база во Краснодар пред експлозијата, јавуваат локалните медиуми.

На видеото што денеска се појави на социјалните мрежи, наводно, се гледаат остатоците зафатени во пламен во рускиот Краснодарски крај, источно од Азовското Море.

Новак Ѓоковиќ случајно го сретнал Рафаел Надал на лет кон САД, селфито го обиколи светот (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ замина за САД каде треба да учествува на турнирот во Индијан Велс, а на пат се сретна со добро познатото лице - Рафаел Надал.

Двајцата долго време не се сретнале на теренот, со оглед на тоа што Рафа Надал ја пропушти цела сезона поради повреда, а оваа година требаше да се врати, но повредата го спречи веќе на почетокот на годината да се обиде во првиот Грен слем турнир.

Таму Ѓоковиќ успеа да стигне до полуфиналето, каде што беше елиминиран од Јаник Синер, додека овојпат треба да се сретнат заедно во Индијан Велс, каде и двајцата се на списокот на учесници.

Се чини дека Надал конечно е подготвен и дека неговото тело нема да го изневери, а случајноста сакаше двајцата да се сретнат во авионот за САД.

– Одлично друштво на пат кон Америка – напиша накратко Новак Ѓоковиќ со заедничко селфи, објави Телеграф.

Над 90.000 работници во Мерцедес ќе добијат по 7.300 евра бонус

Mercedes објави дека, врз основа на прелиминарните резултати за финансиската 2023 година објавени денеска, се очекува вработените кои ги исполнуваат условите да добијат бонус за споделување профит до 7.300 евра.

Како знак на благодарност за нивните перформанси и ангажман во изминатата година, Mercedes-Benz повторно го споделува успехот на компанијата со своите вработени.

Износот на споделување на добивката е независен од степенот на плата, а конечниот износ зависи од утврдувањето на конечните резултати за последната финансиска година во март 2024 година. Шемата за споделување на добивката е доброволна придобивка што ја нуди компанијата, а околу 91.000 квалификувани вработени во Германија ќе го добијат со априлската плата.

„Минатата година, нашите вработени уште еднаш покажаа во предизвикувачко опкружување дека компанијата може да се потпре на нив. Како знак на благодарност за исклучителните перформанси и високата флексибилност што ја покажаа нашите колеги во 2023 година, нивната исклучителна посветеност повторно ќе биде почестена со бонус за споделување профит кој се очекува да биде рекорден износ.

Успешниот бонус за споделување профит не само што ја наградува посветеноста и напорната работа на нашите вработени, туку и нивната лојалност и решителност да ги надминат предизвиците и да ги постигнат целите“, рече Ергун Лумали, претседател на Советот за општи работи на Mercedes-Benz Group AG.

Вработените на тарифната скала во Mercedes-Benz имаат корист од споделувањето на добивката од 1997 година. За финансиската 2022 година, вработените кои ги исполнуваат условите веќе добија бонуси до максимален износ од 7.300 евра.

притисни ентер