ЗАБРАНЕТО ЈАБОЛКО

Од понеделник до петок, во 19:40, серија од редот на најдобрите!

Јилдиз и Зејнеп се две сестри кои се многу блиски, но имаат многу различни карактери. Зејнеп е девојка која држи со своите морални вредности, сака да има кариера и вложува многу труд за тоа. Јилдиз е личност што верува дека заслужува повеќе и смета дека среќата во животот се состои во бракот со богат човек, кој ќе ја спаси од нејзиниот живот во кој нема многу пари.

За да го живее животот за кој сонува, Јилдиз работи во популарно кафуле како келнерка. Верува дека на тој начин полесно ќе запознае некого кој живее онака како што и таа би сакала. Иако е самоуверена во врска со својот изглед, не може да го најде мажот што го бара.

Секојдневието на Зејнеп и Јилдиз одненадеж се менува кога Ендер се запознава со Јилдиз. Јилдиз ја препознава Ендер Аргун од неделните таблоиди. Таа ѝ завидува на животот што го живее и сонува еден ден да стане кралицата на Истанбул, исто како неа.

Приказната на Јилдиз започнува кога Ендер доаѓа во кафулето во кое работи Јилдиз. Всушност, животот на Ендер воопшто не е така совршен живот како што мислат луѓето. Таа е многу несреќна во бракот, за којшто сите мислат дека е идеален, но сето тоа е само добра глума.

Додека Ендер работела како секретарка на Халит Аргун, еден од најуспешните бизнисмени во Турција, го завела со својата убавина, го натерала да се разведе од неговата втора жена и да се ожени со неа.

Целта на Ендер е да се разведе од Халит без да ја изгуби својата позиција во високото друштво на Истанбул, како и нејзиниот финансиски статус. Со оглед на тоа што знае дека не може да добие многу при разводот, таа планира да го намести со девојка и да го обвини за неверство, што би ѝ обезбедило повисока компензација на суд. Девојката што ја бара е никоја друга освен Јилдиз.

Ендер ѝ нуди на Јилдиз трипати повисока плата и ја ангажира како келнерка на Халит. Очигледно е дека Јилдиз го привлекува Халит. Тој е познат по вонбрачните врски во текот на сите негови бракови. Лесно потклекнува на шармот на млади и убави жени.

Кога Јилдиз ќе сфати дека Халит е заинтересиран, напрво сака да ја напушти работата. Иако Халит е доволно богат за да ги задоволи нејзините критериуми, човекот на нејзините сништа не е оженет и стар. Кога ќе ѝ соопшти на Ендер дека сака да даде отказ, Ендер ги отвора картите и ѝ го изложува својот план на Јилдиз. Ако Јилдиз му угодува на Халит и успее да го одведе во хотелска соба, Ендер ќе ѝ даде 100 илјади лири од компензацијата што ќе ја добие со разводот. Јилдиз прво се противи на овој валкан план, но, неколку фактори влијаат да почне да размислува за него: не само што сфаќа дека е преплавена со долгови, туку и нејзиното поранешно момче Мете ја нарекува ѓубре и ја понижува, а во еден миг го среќава со неговата свршеничка во куќата на Халит.

Во меѓувреме, фирмата во која работи Зејнеп е преземена од страна на Фалкон Авиејшн, дело од холдингот на Халит. Алихан, партнер и извршен директор во фирмата, станува новиот шеф на Зејнеп. Алихан е крајно арогантен, самоуверен, интелигентен, згоден и богат бизнисмен. Иако Алихан и Зејнеп се многу различни, нивните спротивности прават да се привлекуваат. Зејнеп сака да ја задржи дистанцата од Алихан, но постојано се фаќа себеси како секојпат му е сè поблиску.

Од друга страна, Јилдиз е на прагот да ја донесе најважната одлука во својот живот. Таа не ѝ кажува на Зејнеп за понудата. Веќе знае како би реагирала Зејнеп и сака непречено да ѝ се приближува на целта. Свесна е дека никогаш нема да се повтори ваква можност. Размислувајќи за сугестиите на нејзината блиска пријателка и проблемите со кои се соочува живеејќи во долгови, решава да го сврти предлогот на Ендер во своја корист.

Јилдиз ќе ѝ рече на Ендер дека ја прифаќа понудата, но всушност ќе се обиде да ја отстрани и да му стане жена на Халит. Во меѓувреме таа се обидува да сфати зошто Ендер сака да се откаже од таквиот гламурозен живот.

Ендер ја смета Јилдиз за наивна, сиромашна девојка, но ја потценува. Додека Јилдиз се обидува да го освои Халит, Ендер спокојно продолжува со својот луксузен живот. Меѓутоа, токму како што се сомнева Јилдиз, Ендер има една голема тајна која ја крие од сите. Таа има врска со д-р Синан Сајгин. Кога Јилдиз дознава за ова и му го дошепнува на Халит, нештата се усложнуваат и Халит ангажира човек што ќе ја следи.

По ова, нештата се одвиваат брзо. Кога Халит ќе дознае дека Ендер го изневерува, набрзина се разведува од неа и ја исфрла од домот без скршена пара.

Ендер ја губи моќта и репутацијата. Пријателите еден по еден ја напуштаат и единствениот кој останува покрај неа е нејзиниот брат Џанер.

Откако Халит ќе се разведе од Ендер, станува поблизок со Јилдиз. Со оглед на тоа што Јилдиз не планира да има само врска со него, таа игра мудро. Му вели на Халит дека не е возможно да бидат заедно. Халит, којшто првпат доживеал некој да го одбие, почнува да ја идеализира Јилдиз и си поставува цел да ја освои. На крајот, Халит и Јилдиз се венчаваат.

Кога Ендер гледа дека девојката што ја ангажирала успеала да го убеди Халит повторно да се ожени, сфаќа дека тоа бил планот на Јилдиз уште од самиот почеток.

Во тој миг почнува да ја кова својата одмазда. Ендер првпат во животот е изиграна и Јилдиз скапо ќе го плати тоа.

притисни ентер