За семејството!

Од понеделник до петок во 21:30! Мегапопуларната серија што ги освои срцата на гледачите ширум светот, eкслузивно и на Канал 5!

Нови возбудливи епизоди од вашата омилена серија, нови предизвици за нашите херои!

По серија трагични настани, Омер, Асије и Емел, постојано се принудени да се соочувааат со тешки удари кои им ги задава животот. Заедно се обидуваат да ги надминат сите проблеми, никогаш не се разделуваат и црпат сила едни од други. Живеат во тешки услови, трошна куќарка и постојано се во потрага, како да заработат за да се прехранат.

По смртта на нивните родители, умира и нивниот најстар брат, Кадир. Двете сестрички сега се оставени во рацете на Омер, кој неуморно бара начин и средства како да ги заштити и да им пружи достоен живот

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

Забраната за тешки товарни возила на превојот Пресека што беше воведена во текот на ноќта поради обилни снежни врнежи, од утрово во 06:30 часот е укината, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, послаби врнежи на Попова Шапка, Дебар и Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ потсетува на законскатра обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

Најмногу дожд во Битола 43 литри на квадрат, снег на Попова Шапка и во Крушево

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Битола 43 литри на метар квадратен, во Крушево 38, Прилеп 35 Прилеп, Гевгелија 33 и во Охрид 26 литри, соопшти УХМР.

Снежна покривка од 11 сантиметри има во Лазарополе, на Попова Шапка девет и во Крушево четири сантиметри.

Во текот на ноќта се задржа облачно со повремено пообилни врнежи од дожд особено во југозападните делови од земјата. Ветерот ослабе и започна да дува претежно северен. Утринава пообилни врнежи има во јужните и централните делови од земјата. Во Крушево започна да врне пообилен снег, а снег врне и на Попова Шапка и Лазарополе.

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе намалат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 14 степени.

Бо наредните денови наутро ќе биде посвежо, а краткотрајно врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места, особено во западните делови. Претпладне врнежите наместа ќе бидат пообилни, а кон крајот на денот ќе престануваат. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер и проследени со ретки грмежи.

притисни ентер