За прв пат по 30 години од Индија се гледаат Хималаите (ФОТО)

Делови на Хималаите почнаа да се гледаат од Индија за време на пандемијата на коронавирус поради помалото загадување на воздухот.

Жителите на градот Јаландхар во државата Пенџаб во Индија велат дека ваква глетка не е видена скоро 30 години, пренесува СБС Хинди.

Хималаите се видливи од оддалеченост од  200 километри, што порано не беше можно. Индија е една од најнаселените земји во светот, а според IQAIR, градовите во Индија се меѓу најзагадените.

Поради коронавирусот, државата воведе карантин и поради помалку автомобили на патиштата и намалена работа на фабриките, загаденоста на воздухот е намалена.

Во Индија досега се потврдени 5000 заболени со коронавирус и 149 смртни случаи.

притисни ентер