За пожарот во Расадник поднесена кривична пријава против 14-годишен малолетник

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднел кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност", предвидено и казниво по член 288 од КЗ.

Министерството за внатрешни работи информира дека за случајот со пожарот во Расадник поднесена е кривична пријава против 14-годишен малолетник, кој заедно со уште две деца фрлале пиротехнички средства, по што се запалила сувата трева и настанал пожар во кој беа заатени околу три хектари површина.

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднел кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност", предвидено и казниво по член 288 од КЗ.

-Имено, пријавениот, заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на 03.09.2024 околу 15 часот во местото викано Расадник, на територија на општина Кисела Вода во Скопје, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина од околу три хектари, се вели во соопштението од МВР.

Со брзата реакција на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со други служби, пожарот е локализиран и спречено е настанување на штета од големи размери.

Во пожарот, како што информираа од Скопската противпожарна единица, опожарена е површина со сува трева, грмушки, автомобилски гуми и дрва што се во Расадникот. Во гаснењето интервенирале осум протовпожарни возила и 15 пожарникари, нема повредени лица, а е причинета материјална штета.

Осомничениот за обид за убиство на Трамп се криел во грмушки 12 часа пред да биде фатен

Вооружениот напаѓач Рајан Весли Рут (58) се криел во грмушки речиси 12 часа пред да биде фатен додека целел на Доналд Трамп во голф клуб во Флорида. 

Тоа беше втор неуспешен обид за атентат врз поранешен претседател на САД за два месеци.

Додека Трамп играл, еден од неговите чувари забележал пушка како излегува од грмушките во близина на шестата дупка. Трамп, кој беше евакуиран неповреден, вчера вечерта изјави дека слушнал „најверојатно четири или пет“ истрели кои одекнале во непосредна близина.

Агент на тајната служба отворил оган во правец на осомничениот, кој бил на околу 300-500 јарди оддалеченост и немал јасна гледна точка на Трамп, соопштија федералните истражители.

-Тајната служба веднаш знаеше дека станува збор за куршуми и ме зграпчија, рече Трамп за време на настанот, кој го пренесуваше во живо на „Х“, од неговото одморалиште Мар-а-Лаго.

Напаѓачот, за кој инспекторите велат дека не испукал ниту еден истрел, бил скриен од грмушки и високи палми што се обложуваат на патеката со 27 дупки, пишува Би-Би-Си. Тој демнеше таму од 01:59 часот по локално време во неделата наутро.

Тој бил опремен со две дигитални фотоапарати, црна најлонска кеса со храна, калашников и објектив./МИА

Костадиновски-Вал: Уставниот суд во приоритетите за соработка на ОБСЕ

 Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и судиите Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер одржале работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал.

На средбата, како што соопштија од Уставниот суд, било констатирано успешното спроведување на активностите на Судот поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и предвидени со Меморандумот за разбирање кој беше склучен во февруари 2024 година, како што е организирањето на Меѓународна конференција по повод 60 години постоење на Уставен суд и обуките кои претстојат, а се во насока на зајакнување на капацитетите на Судот.

Претседателот Костадиновски го информирал амбасадорот Вал за неговите приоритети во мандатот со акцентирање на заложбата за воведување на уставна тужба како инструмент за унапредување на правата и слободите на граѓаните, обезбедување на двотретински закон за Уставен суд со којшто ќе се овозможи поголема независност и самостојност на Судот и зајакнување на транспарентноста.

-Амбасадорот Вал го информираше претседателот Костадиновски дека во претстојната развојна стратегија на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, фокус ќе биде ставен на Уставниот суд, а меѓу другото во топ приоритети ќе бидат заеднички констатираните заложби за воведување уставна тужба, зголемување на транспарентноста и јакнење на капацитетите на стручната служба, соопштија од Уставниот суд.

На средбата била постигната согласност за продолжување на соработката за склучување на нов Меморандум за разбирање и формирање на тимови кои ќе ги прецизираат сегментите на натамошна соработка со цел унапредување на работењето на Уставниот суд и промоција на вредностите за коишто се залага Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Нетанјаху: Воена цел е и враќање на Израелците во северниот дел на земјата

 Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху деенска изјави дека воена цел на Владата е и враќање на населението во северниот дел од земјата, од каде побегна поради нападите на либански Хезболах.

- Владиниот совет за политика и безбедност одлучи во воени цели да го вклучи безбедното враќање на жителите од север во нивните домови, истакна Нетанјаху.

Израелските сили и либанската вооружена група поддржана од Иран речиси секојдневно се напаѓаат откако почна војната во Појасот Газа. Стотици луѓе загинаа во насилството, од двете страни. Поради судирите десетици илјади жители ги напуштија своите домови од двете страни на границата.

Целта на нападите на Хезболах е да се поддржи Хамас во војната против Израел. /МИА

притисни ентер