За победата на Трамп, влијаето врз Македонија и геостратешките правци на државата

Александар Чомовски и Иван Стоиљковиќ, гости во Само Вистина.

Александар Чомовски:

- Што мислите како новата Американска администрација ќе се позиционира околу агресијата на Путин врз Украина, што ќе значи отворањето на пакетот „не важи путиновата доктирна за денацификација на Украина, мислите дека Трамп ќе се согласи со Путин за поделба на Украина, дали е на повидок нова Јалта? Оти од таму ќе почнат новите проблеми ЗА и околу Европа.

- Ние имаме 45% трговска размена со Германија и тоа не смееме да го занемариме, економските турбуленции на маргините нас ќе не' допрат.

-Македонија без оглед што Мицкоски одигра условно кажано една хазардска игра што го поддржа Трамп, тоа е своевидна дипломатска лотарија, но ние не правиме американска лотарија за влез во Америка.

Иван Стоиљковиќ:

-Правото на мир веќе неколку години како темрин е протерано и од политичарите и од средствата за јавно информирање, едноставо цела реторика одеше некаде кон заострување на состојбите. Денеска е ден на примирјето т.е. завршување на Првата Светска Војна и капитулацијата на Германија и Австро-Унгарија и ако некој по двете светски вијни не извлекол заклучоци од нив тогаш политиката на конфронтација веќе не доведе до работ на катастрофа.

-Дали е подобро да зборуваме за мир отколку за војна? Подобро е да разговараме за мир отколку да дојдеме до нуклеарна војна. Нема нути едно решение без разговор, кога имате лоши состојби и комуникација лошата волја се продлабочува, а ако седнеме и разбовараме, ги отвориме картите можеби и ќе се помириме.

-Ние правиме лотарија за да преживееме. Првата шанса Македонија да преживее е брза изградба на Коридорот 10 и изградба на пругите, така да се сочува геостратешката положба на Македонија во регионот.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“:

Извештај на Министерството за правда до Конгресот-Трамп ќе беше осуден да не победеше

Трамп ќе беше осуден да не победеше на изборите, се наведува во извештај на Министерството за правда до Конгресот.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе беше осуден за незаконски обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, доколку не беше реизбран во 2024 година, се наведува во извештајот на Министерството за правда до Конгресот, пренесува Би-Би-Си.

„Прифатените докази беа доволни за да се осуди“, се наведува во извештајот на специјалниот обвинител Џек Смит.

Трамп остро реагираше на објавувањето на извештајот, нарекувајќи го Смит „луд“, а неговите наоди „лажни“.

Документот од 137 страници беше испратен до Конгресот откако судијката Ејлин Канон го одобри објавувањето на првиот дел од извештајот на Смит за мешање во изборите. Таа најави сослушување подоцна во текот на неделата за да се одлучи за објавување на вториот дел, кој се однесува на наводното незаконско задржување на доверливи документи од страна на Трамп.

Специјалниот обвинител Џек Смит поднесе оставка минатата недела, завршувајќи ги истрагите според правилата на Министерството за правда кои забрануваат гонење на актуелниот претседател.

Смит беше назначен во 2022 година да ги надгледува истрагите кои вклучуваат потенцијален конфликт на интереси. Трамп беше обвинет дека незаконски чувал доверливи документи во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида и за обид да ги поништи изборните резултати во 2020 година.

И двете истраги доведоа до кривични пријави, но Трамп се изјасни за невин и ги окарактеризира обвиненијата како политички мотивирани.

Смит ги затвори предметите по реизборот на Трамп, наведувајќи дека „Уставот забранува кривично гонење на претседателот, без оглед на тежината на обвиненијата или силата на доказите“.

Дел од јавната администрација денеска излегува на протест

Денеска вработени од јавната администрација ќе излезат на протест барајќи потпишување на колективен договор и исплата на 30 проценти додаток на плата.

Од Синдикатот на УПОЗ, кој ги обединува синдикалните организации на повеќе министерства и други јавни институции, велат дека на протест излегуваат осум министерства, Државниот завод за статистика и државниот архив. Протесот според најавите ќе одржи од 11 до 11.30 часот.

Лоусон ги сподели своите очекувања за новата сезона во Формула 1

Новиот возач на Ред Бул, Лиам Лоусон, зборуваше за претстојната сезона во Формула 1.

- Никогаш досега не сум имал вакво нешто. Ова обично се случуваше на средината или кон крајот на сезоната. Да бидам искрен, беше тешко. Би сакал да се подготвам соодветно за сезоната, како и сите други, па се надевам дека ќе ја имаме таа можност. Колку повеќе трки правам, толку повеќе учам за тоа што ми се допаѓа во болидот. Ова е нешто што ќе го научите со текот на времето. Како стекнувате искуство ќе сфатите дека има одредени работи кои ви се допаѓаат поинаку, изјави Лосон за „RacingNews365“.

Новозеланѓанецот прв пат доби место во Формула 1 во РБ пред две години. Почнувајќи од етапата во Холандија, тој го замени Даниел Рикиардо, кој ја скрши раката и веќе на својата трета трка освои поени.

Севкупно, Лоусон се натпреваруваше на 11 трки за РБ во сезоните 2023 и 2024.

притисни ентер