За оние кои викендов ќе издаваат соби ќе следуваат кривични пријави

Продолжувањето со рестриктивните мерки за спречување на ширењето на здравствената криза значи дека се уште не е либерализирана понудата на сместувачки капацитети во туристичките центри во земјата. 

Продолжувањето со рестриктивните мерки за спречување на ширењето на здравствената криза значи дека се уште не е либерализирана понудата на сместувачки капацитети во туристичките центри во земјата. Тоа значи дека се уште е на сила целосната забрана за работа на сместувачките капацитети, како за поголемите објекти така и за приватните станоиздавачи.

Од Пазарниот инспекторат во Охрид, како најпосетена туристичка дестинација во земјата, најавуваат дека во текот на престојниот продолжен викенд продолжуваат со контроли на сместувачките капацитети, со цел почитување на мерките за спречување на ширење на болеста.

Согласно мерките што се уште се на сила, изнајмувањето објекти или соби за сместување претставува кривично дело за што е предвидена и висока парична казна, која за приватните лица започнува од две илјади евра, па и повеќе зависно имотната состојба и примањата на прекршителот, додека за правните лица предвидена е соодветна постапка,а висината на казната ќе ја одредува Судот на предлог на јавен обвинител.

Граѓаните на Охрид преку социјалните мрежи изразија загриженост од можен наплив на гости за викендот од кризните жаришта каде наредните денови на викендот е на сила целосна забрана за движење.

САД бележат рекорден број новозаболени од коронавирусот

Соединетите држави поставија нов рекорд во дневниот број на коронавирусни инфекции, со повеќе од 65.500 нови случаи во изминатите 24 часа, според универзитетот Џонс Хопкинс.

Вкупниот број заразени во земјата од избувнувањето на пандемијата сега е повеќе од 3,11 милиони. Претходниот рекорд беше урнат во вторникот, со повеќе од 60.200 нови случаи за еден ден.

Покрај скоро 10,000 нови случаи во Флорида, Калифорнија и Тексас, има пријавено над 7.000 нови случаи.

Тенеси, Западна Вирџинија и Јута исто така бележат рекорди, а бројот на нови случаи се зголемува во 42 од 50 држави, покажа анализата на Ројтерс за случаите во последните две недели во споредба со двете недели претходно.

ВМРО – ДПМНЕ : Македонија е балканска Ломбардија

Во последното деноноќие има 168 нови заразени и тројца починати. Македонија поради неспособноста на власта на Заев е Ломбардија на Балканот и рекоред по смртност и заразени на еден милион жители.

Тоа е резултат на неодговорноста и криминогеноста на Заев и неговата власт. Тој беше посветен на градење на коруптивно рекетарски систем, наместо да се интересира за здравството или било која друга област во државата.

Народот слушна дека диктира истраги и одлуки на истражни органи. Народот слушна како бара евро за Вицето. Народот слушна како во државата се трампа правдата за милиони евра. Народот слушна сведоштво дека рекетираните пари во Македонија завршувале кај Зоран и Вице Заеви. Народот слушна сведоштво дека подземјето рекетирало и палело возила по наредба на Заеви.

Сето ова и уште многу други криминални шеми биле директно заштитувани од страна на Заев. Затоа Македонија тоне во секој аспект. Затоа сме најкорумпираната држава во Европа, затоа парите наместо во здравството, образованието, земјоделството завршувале на врвот на криминалната пирамида.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Шекеринска: Не смееме да дозволиме ДПМНЕ да експериментира со државата

На 15 јули граѓаните ќе гласаат за бројот 3 и ќе одберат да продолжиме на правиот пат, кон Европската унија и НАТО.

Нема да дозволат обнова на режимот и изолација, порачаа носителите на кандидатската листа на коалицијата „Можеме" во изборната единица пет Радмила Шекеринска и Јован Митрески, како и кандидатката за пратеник од Демир Хисар Марија Кочовска, на граѓанската трибина во Демир Хисар.

Во 2016 година ни се случи власт која изгубила да не сака да замине, Груевски го нема, ама неговиот дух, неговите наредби, неговата омраза уште ги храни, уште стои позади нив, тоа се луѓето кои беа спремни да ги убијат легално избраните пратеници во Собранието, да ја воведат државата во граѓанска војна и сега ја бараат довербата на граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

За 2,5 години покажавме дека кога се сака се може и да се влезе во ЕУ и НАТО и да се враќаат парите кај граѓаните и да се намалат трошцоите и да се простат 10 милиони евра стари неплатени долгови, не плаќавме за стиропор кој глуми мермер, туку ги враќавме парите кај граѓаните, истакна Шекеринска.

На 15 јули одлучуваме и за тоа дали на луѓето околу Мицкоски ќе им дадеме да експериментираат со јавното здравје, тоа се луѓето, кои во јавното здравство оставија пустош, не оставија без доктори и медицински сестри или ќе продолжиме од каде што сме денес, ќе вложуваме во повисоки плати за лекарите и здравствениот персонал, дали ќе бидеме подготвени кога кризата повторно ќе удри, порача Шекеринска, додавајќи дека за време на коронакризата ние 550 милиони евра од буџетот пренасочивме во фирмите и во семејните буџети, 320.000 граѓани добија картички со вкупно 28 милиони евра да ги трошат на домашни производи.

Стојам пред вас и ја барам вашата доверба, за да го завршиме започнатото, да завршиме со изградба на правна држава, да обезбедиме ред и поредок, како што влеговме во НАТО, така да влеземе во Европската унија и постојано да ги враќаме парите кон граѓаните за да обезбедиме посилна македонска економија, им се обрати Шекеринска на демирхисарци, додавајќи дека на 15 јули треба да се одговори на прашањето дали сакаме да се вратиме во држава, во која многумина се плашат, а неколкумина владеа со сила и насилство, закани и уцени,се наведувца во соопштението на СДСМ..

притисни ентер