За Ковачевски Собранието функционира, Мицкоски најави втор и трет чекор

Собранието не е супермаркет, каде за некои закони давате а за некои не давате поддршка, изјави денеска премиерот Ковачевски,а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и денеска потврди дека ќе се спротивстават само на штетните закони. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

За попладне и вечер најава за изолиран развој на пороен дожд, грмежи, ветер..

Времето денеска е сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне и во вечерните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени, УВ индексот ќе биде осум.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи до 34 степен.

Од УХМР најавуваат дека под влијание на влажна и нестабилна маса утре попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Утре попладне и за време на викендот пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна маса утре попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

И во Скопската Котлина за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невреме.

Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Без вода неколку улици во Центар

Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на улица „Киро Крстевски Платник" до „Коста Неделковски", „Златко Шнајдер" и уметничкото училиште во Општина Центар.

Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица „Златко Шнајдер" крстосница со „Киро Крстевски Платник".

притисни ентер